Кариера
Оглас за вработување на референт во Силк Роуд Банка АД Скопје
Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за РЕФЕРЕНТ ВО СЛУЖБА ЗА ПРОИЗВОДИ И ПОДДРШКА НА ПРОДАЖБАТА.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома, пожелно во банкарство/финансии или друга релевантна област;
- Одлично познавање на MS Office/Еxcel;
- Добро познавање на англискиот јазик;
- Одлични аналитички вештини;
- Одлични организациони вештини;
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на Банката;
- Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност.
Дел од работните задачи:
- Поддршка за електронско и мобилно банкарство за физички и правни лица, работа со дигитални сертификати, како и менаџирање на администраторска апликација за сите нови корисници, промена кај постоечки корисници и сл.
- Изработка на дневни, неделни, месечни и квартални извештаи за работењето на население, односно следење на примени апликации за кредити, картички, извештаи за исплатени кредити и картички, следење на остварувањата на експозитурите и сл.
- Подготовка на Market Research, односно истражување на пазарот споредбено со другите банки за сите кредитни и депозитни производи за физички лица.
- Подготовка на предлози за кредитни продукти за физички лица за нови производи и/или модификација на постоечки производи, предлози за соработка со надворешни компании во делот на склучување на договори со нови трговци за наменски потрошувачки кредити, како и склучување на договори со градежни компании.

Бенефиции / Придобивки:
- Конкурентна плата и дополнителни бенефиции
- Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој
- Динамична работна средина
- Слободен ден за роденден
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected], со задолжителна назнака за “Референт во Служба за производи и поддршка на продажбата”, најдоцна до 30.04.2025 година.
Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање. Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]
Кариера
Оглас за вработување во Комерцијална банка
Доколку сакате професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, стабилност, ефикасност и иновативност, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Соработник за администрирање фондови
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Огласот важи до: 21.12.2025 година
Работни цели и задачи:
- Вреднување на имотот на инвестициски и пензиски фондови – клиенти на Банката;
- Следење на усогласеност со законската регулатива при чување на средствата на пензиски и инвестициски фонд, континуирано следење и контрола на структурата на вложувањата, почитување на лимитите за изложеност, оценување на квалитетот на инвестициите и мониторинг на процентуалната изложеност во секоја поединечна инвестиција;
- Порамнување на купопродажни трансакции со хартии од вредност на Македонската берза за хартии од вредност и во странство;
- Следење и известување за корпоративни активности за хартии од вредност купени на домашен и на странски пазар, како и континуирана комуникација со суб-чувар на имот;
- Креирање налози во денарски и во девизен платен промет;
- Следење и усогласување со регулативата која го третира пазарот на капитал.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки;
- Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
- Напредно познавање на Microsoft Excel;
- Способност за аналитичко мислење и антиципативно одлучување;
- Најмалку 2 години работно искуство во финансиска институција ќе се смета за предност;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптибилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим;
- Способност за брзо одлучување.
Придобивки за вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Програма за спорт и рекреација;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: веб-страницата на Банката на следниот линк, преку е-пошта [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Соработник за администрирање фондови”.
Телефон за контакт: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на вашата апликација за работа согласни сте вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
Кариера
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
НЛБ Банка АД Скопје го проширува својот тим и ја отвора следната работна позиција за амбициозни и мотивирани професионалци:
Советник за корпоративни клиенти / Финансиски аналитичар
Корпоративни клиенти – Служба за мали и средни претпријатија
Улога во тимот:
- Промовирање, понуда и продажба на продукти и услуги на правни лица на постојни клиенти и аквизиција на нови клиенти;
- Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
- Воспоставување, посредување, уредување и проактивно негување и развој на контакти и деловни аранжмани со клиентите
- KYC активности (познавање на бизнис моделот, финансиските извештаи и показатели на клиентот);
- Управување со портфолио на клиентите;
- Следење и грижа за работењето на клиентите;
- Aнализа на финансиската состојба и оценка на кредитната способност на коминтентите;
- Подготовка, следење и изготвување на предлози за кредитни и некредитни продукти
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование;
- Претходно искуство во работа со клиенти (работа со правни лица, анализа на финансиски показатели)
- Развиени комуникациски и продажни вештини потребни за советување на клиенти и продажба;
- Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик, како и стручно/напредно користење на MS Office.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди, вклучително и ден за роденден;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд)
- Политика за наградување на високи перформанси и позитивен придонес кон тимот и организацијата
- Настани и активности за подобрување на благосостојбата на вработените
- Одбележување на значајни денови и фамилијарни настани
- Платено отсуство за татковство
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на: [email protected], најдоцна до 05.12.2025 година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Кариера
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за клиентска услуга во Експозитура Скопје (Чаир).
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место ги опфаќа следните работни активности:
- Продажба на банкарски производи и услуги;
- Промотивни активности на новите производи;
- Обезбедување на дополнителни информации за производите и услугите;
- Привлекување и комплетна услуга на клиенти кои Банката ќе ги категоризира како ВИП;
- Ажурирање на податоци и досиеја во позадинското работење и фајловите поврзани со трансакциите;
- Прием и постапување или проследување на одредени барања од коминтентите;
- Следење на конкуренцијата;
- Решавање на поплаки на коминтенти и останати комплексни прашања;
- Вршење на благајнички работи, по потреба;
- Претставување на Банката на позитивен и професионален начин, при комуникација со клиенти;
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен пристап кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работно место е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете CV и пропратно писмо на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 10.11.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
-
Продуктипред 2 месециШтедливи и еколошки домови преку Зелениот финансиски инструмент, помош со поврат на 30 отсто од средства за заем за физички лица
-
Осигурувањепред 1 месецОд клик до осигурителна полиса – онлајн без чекање
-
Берзапред 2 месециОГРОМЕН ПАД НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО – најголем во последните 12 години
-
Бизниспред 1 месецКолкава е минималната сума што ќе ја добијат работниците по основ на регрес за годишен одмор попознат како К-15!?
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Што ги мотивира граѓаните да штедат во банка – каматите или сигурноста на заштедите?
-
Банкипред 2 месециДевет месеци на раст, иновации и одговорно работење – НЛБ Банка го потврдува статусот на доверлив партнер!
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка со добивка од 4,25 милијарди денари во првите девет месеци од 2025 година
-
Интервјуапред 2 месециFinSight Интервју: Маја Стевкова Штериева | Комерцијална банка АД Скопје | Македонска банкарска асоцијација






