Кариера
Практична работа во Народната банка
Народната банка ги отвора вратите за млади и амбициозни студенти кои сакаат практично да се запознаат со работењето на централната банка и да стекнат искуство во реална институционална средина.
Студентите кои во моментов студираат на првиот циклус студии или на постдипломски студии на високообразовните институции во Република Северна Македонија имаат можност да аплицираат за вршење практична работа од областа на економијата, правото, информатичките науки и други области во доменот на работата на организациските единици во Народната банка.
Практичната работа ќе се одвива во текот на летниот период (јуни, јули или август) во траење од еден месец.
Области за кои може да се аплицира:
- Економија и финансии;
- Право;
- Информатички науки;
- Други сродни области во доменот на работата на Народна банка.
Потребни документи за аплицирање (најдоцна до 15 мај 2025 година):
- Пополнет Образец „Пријава за вршење практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија“ (преземи);
- Упатница/Потврда од страна на високообразовната институција за вршење практична работа;
- Мотивациско писмо со наведена област од интерес во рамки на работата на Народната банка.
Доставување на пријавите:
Пријавата, пополнета од страна на овластеното лице од Универзитетот и од студентот, заверена со печатот на Универзитетот и со потпис од овластеното лице, како и со потпис на студентот, се доставува до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија или по пошта, со назнака „ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА“.
Наведените документи да се достават на следнава адреса:
Дирекција за управување со човечките ресурси при
Народната банка на Република Северна Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1,
1000 Скопје
Република Северна Македонија
Краен рок за аплицирање: 15 мај 2025 година
Известување за избраните кандидати: најдоцна до 23 мај 2025 година
Напомена: Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекувањето на наведениот рок нема да бидат земени предвид.
Оваа програма претставува одлична можност за студентите да стекнат увид во монетарната политика, финансиската стабилност, платежните системи, супервизијата и други клучни функции на Народната банка, како и да изградат вредни контакти за својата идна кариера.
Кариера
Комерцијална банка нуди можност за кариерен развој во филијалата во Велес
Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата помлад соработник за оперативно работење во својата филијала во Велес.
Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се темели на стабилност, ефикасност и иновативност.
Во објавата се истакнува дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во професионална и поддржувачка работна средина, со простор за личен и кариерен напредок и активно учество во развојот на банката.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Комерцијална банка.
Кариера
Комерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
Комерцијална банка АД Скопје објави оглас за вработување на позицијата Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата во Тетово.
Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се стреми кон стабилност, ефикасност и иновативност преку посветен тим на професионалци.
„Искористи ја можноста да работиш во пријатна средина која ги цени твоите лични вредности, да ги оствариш твоите професионални цели и активно да учествуваш во модерниот развој на банката“, порачуваат од Комерцијална банка.
Пријавувањето е отворено преку официјалната веб-страница на банката.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
АЛТА Банка објави оглас за вработување на позицијата референт за работа со благајна во својата експозитура во Прилеп.
Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат искуство во банкарското работење, развиени комуникациски вештини и желба да работат во динамична средина ориентирана кон клиентите, да се пријават на огласот.
Кандидатите треба да достават биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака во предметот на пораката: „За Референт за работа со благајна во експозитура – Експозитура Прилеп“.
Од АЛТА Банка посочуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да ја гради својата професионална кариера во банкарскиот сектор и да биде дел од организација која е посветена на обезбедување квалитетна услуга за клиентите.
Огласот е отворен за сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите и сакаат да се приклучат на тимот на АЛТА Банка.
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
-
Советипред 1 месец
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата


