Connect with us
no baners

Банки

ЕЦБ СО КЛУЧЕН ПОТЕГ – Намалување на каматните стапки поради економска неизвесност!

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) направи уште еден пресврт во својата монетарна политика, намалувајќи ја основната каматна стапка за 25 базични поени, на ниво од 2,25%. Ова е прво намалување од максимумот од 4% во 2023 година и доаѓа во време на зголемена глобална неизвесност и економски тензии.

Одлуката беше очекувана од финансиските пазари со 94% веројатност за намалување пред седницата. Сега фокусот се пренасочува кон понатамошните чекори на Европската централна банка, како и сигналите што ќе ги испрати за движењето на таканаречената „неутрална стапка“, односно нивото на каматна стапка кое не ја стимулира, ниту ја ограничува економијата.

Аналитичарите посочуваат дека главна причина за ваквиот потег се заострените глобални трговски тензии, кои создадоа несигурност и ги намалија изгледите за раст на Еврозоната. Иако дел од тарифните мерки на САД и одговорите на другите економии се привремено замрзнати, пазарот и натаму е чувствителен на секој сигнал кој може да укаже на забавување на глобалниот раст.

Во својата изјава, ЕЦБ нотира дека „економијата на еврозоната покажува одредена отпорност, но зголемената неизвесност и трговските тензии го зголемуваат ризикот од забавување на растот“. Според Банката, овие фактори може дополнително да ја нарушат довербата на потрошувачите и компаниите, како и да создадат затегнувања во финансиските услови.

Инвеститорите и финансиските пазари сега со големо внимание ги следат изјавите на претседателката Кристин Лагард и Управниот совет на ЕЦБ, особено во однос на потенцијалната флексибилност на политиката и можноста за натамошно олеснување, па дури и позиционирање под неутралната стапка во следните 6 до 12 месеци.

Овој потег на ЕЦБ може да има значајни импликации за пазарите на капитал, девизниот курс на еврото, како и за кредитните услови во Еврозоната. Финансиските институции, инвеститорите и носителите на економски политики внимателно ќе ги анализираат сигналите што ќе ги испрати ЕЦБ во наредниот период.

Банки

Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци

Објавено

на

„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, организирана во соработка со Светската банка.

Тој посочи дека земјава има силна основа за дигитални плаќања, со тоа што 84% од граѓаните поседуваат платежна сметка, тројца од четворица жители кои поседуваат платежна сметка примиле или испратиле плаќања преку дигиталните канали, а покриеноста на територијата на државата со интернет и мобилна мрежа е над 90%. Сепак, повеќе од 90% од плаќањето стоки и услуги кај малите трговци сè уште се извршуваат во готовина. Во земјава кај приближно 16.700 трговци има околу 36.000 уреди на кои се прифаќаат плаќања, што покажува дека прифаќањето е концентрирано и нееднакво, особено кај малите бизниси.

Величковски нагласи дека главниот проблем не е дали граѓаните можат да плаќаат дигитално, туку дали малите трговци можат да го прифатат тоа дигитално плаќање. „Малите трговци сè уште ги сметаат електронските плаќања за скапи и сложени“, истакна тој, додавајќи дека решението е во нови, поедноставени модели на прифаќање.

Според него, конкретните чекори што ќе го намалат јазот се: воведување инстант плаќања до крајот на годината преку клонот на ТИПС, развиен од Банката на Италија за земјите од Западен Балкан согласно одлука на Европската централна банка, и придружните услуги како национален интероперабилен код за брз одговор (QR) што ќе може да се користи од сите корисници на платежни услуги независно од давателот на платежни услуги, плаќања преку едноставни идентификатори (алијаси)инстант потврда за секоја трансакција, развивањето на т. н. „Барање за плаќање (услуги)“ и дополнително развивање мобилни апликации, вклучително и од небанкарски даватели.

Тој посочи дека овие решенија директно ги засегаат најголемите препреки за малите трговци: високите трошоци за уредите за прифаќање на плаќањата, сложените процеси и недоволната флексибилност на постојните системи. „Со овие услуги, прифаќањето дигитални плаќања може да стане едноставно како примање порака на телефон“, нагласи Величковски.

Вицегувернерот ја нагласи и соработката со Светската банка во спроведувањето на реформите, вклучително и приклучувањето кон СЕПА и модернизацијата на платежната инфраструктура. „Целта е јасна, секој мал трговец во земјава да има можност да прифаќа дигитално плаќање без препреки, високи трошоци и сложени системи“, заклучи Величковски.

Продолжи со читање

Банки

Патувајте без грижи ова лето со патничко осигурување од Стопанска банка и Кроација осигурување

Објавено

на

Со почетокот на летната сезона и зголемениот број патувања, Стопанска банка АД – Скопје ги потсетува своите клиенти дека можат да патуваат побезгрижно со патничкото осигурување што го нуди во соработка со Кроација осигурување.

Осигурувањето е наменето за сите кои планираат одмор, деловно патување или викенд-посета во странство, обезбедувајќи дополнителна сигурност и заштита за време на престојот надвор од државата.

Од банката велат дека целта е клиентите да се фокусираат на своето патување и уживање, без непотребни грижи околу непредвидени ситуации.

Повеќе информации за условите и покритијата се достапни на веб-страницата на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

Нов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена

Објавено

на

На плоштадот покрај Македонскиот народен театар во Скопје е поставен нов банкомат на Халкбанк, чиј дизајн е внимателно приспособен на амбиентот и архитектурата на една од најзначајните културни локации во главниот град.

Со својата форма и препознатливите црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и секојдневните банкарски услуги можат да бидат дел од градската културна приказна.

Од банката посочуваат дека идејата е функционалноста да се спои со естетиката, а урбаната инфраструктура да се вклопи во просторот наместо да доминира во него. Новиот банкомат е осмислен така што го почитува духот на локацијата и ненаметливо се интегрира во околината на Македонскиот народен театар.

Ова не е прв ваков проект на Халкбанк. Пред неколку години банката постави банкомат и во центарот на Охрид, изработен во стилот на традиционалната охридска куќа, со цел банкарската инфраструктура да стане дел од локалниот идентитет и градскиот пејзаж.

Со новото решение пред МНТ, банкоматот не е само место за извршување трансакции, туку и дел од визуелниот амбиент на градот, кој на симболичен начин ги поврзува секојдневието и културата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange