Криптовалути
Ескалација на царини и крипто валути: Може ли дигиталниот имот да опстане во време на трговски тензии?

Binance Research, аналитичката единица на компанијата Binance, го објави извештајот Tariff Escalation and Crypto Markets: Impact Analysis, кој го истражува влијанието на растечката глобална протекционистичка политика, со фокус на новите американски царини од 10% до 54% за увоз од Кина врз макроекономските услови и пазарот на криптовалути.
Овие мерки претставуваат најагресивно зголемување на царините од 1930 година до денес и најавуваат можна нова фаза на трговски војни. Извештајот предупредува дека ваквите економски услови би можеле да предизвикаат раст на инфлацијата, забавување на економскиот раст и дополнителен притисок врз Централните банки, како што е Federal Reserve – САД. Се посочува и ризик од стагфлација — ситуација каде што инфлацијата расте, а економијата стагнира, што претставува предизвик за монетарната политика.
Во ваква нестабилна средина, пазарите на криптовалути покажаа зголемена нестабилност, со пад на вкупната пазарна капитализација од 25,9%. Особено погодени беа сектори како AI токени, Memecoins (криптовалути инспирирани од интернет мемиња, кои често имаат шпекулативна вредност) и Layer 2 решенија (технички решенија за зголемување на брзината и ефикасноста на постоечки блокчејн мрежи).
Истовремено, извештајот забележува промена во корелацијата на биткоин со традиционалните финансиски средства како акциите и златото, што укажува на потенцијална трансформација на неговата улога во глобалниот финансиски систем.
И покрај краткорочниот пад, Binance Research укажува дека дигиталните средства би можеле да ја зацврстат својата позиција како несуверени складишта на вредност во време на глобална нестабилност.
Главниот извршен директор на Binance, Ричард Тенг, нагласи дека иако криптовалутите се однесуваат како ризични средства во периоди на неизвесност, токму ваквите макроекономски услови би можеле да ја засилат нивната привлечност со текот на времето.
„Трговските тензии внесуваат нестабилност, но во исто време го потенцираат
значењето на децентрализираните средства во неизвесни времиња“, истакна Тенг.
„Краткорочно, ваквите макро шокови често предизвикуваат ‘risk-off’ реакција кај
инвеститорите, кои се повлекуваат додека ги следат случувањата поврзани со економскиот раст, монетарната политика и глобалната трговија. Но, на долг рок,
ваквото окружување може да го засили интересот за крипто како несуверена
форма на складирање вредност. Многу долгорочни инвеститори и понатаму го
гледаат биткоин и другите дигитални средства како отпорни алтернативи во
периоди на економска нестабилност и променливи политички насоки.“, додаде Ричард Тенг.
Целиот извештај е достапен на: Binance Research – Tariff Escalation and Crypto Markets
Криптовалути
Ричард Тенг, извршен директор на Binance: „Криптовалутите нудат решение за 1,4 милијарди луѓе без банкарски услуги“

Во разговор со потпретседателот за глобални комуникации на Mastercard, извршниот директор на Binance, Ричард Тенг, ја сподели својата визија за улогата на криптовалутите во глобалниот финансиски систем. Говорејќи од Дубаи, Тенг се осврна на финансиската инклузија, регулацијата, масовното прифаќање и на тоа како Binance е предводник на иновациите во индустријата.
Тој нагласи дека криптовалутите се создадени за да решат проблеми со пристапот до банкарски услуги — особено во делот на несоодветно опслужените пазари. Со над 1,4 милијарди луѓе низ светот без пристап до традиционално банкарство, криптовалутите често се единствениот начин за испраќање или примање пари. Традиционалните дознаки може да траат неколку дена и тоа да чини до 15% во провизии, додека криптовалутите нудат брзи, евтини и достапни трансакции 24/7, без разлика на граници и инфраструктура, нагласи Тенг.
Кога станува збор за поширокото прифаќање, Тенг изјави дека јасната регулатива и институционалното вклучување се од исклучително значење.
Како најважни настани тој го посочи одобрувањето на spot Bitcoin ETFs во 2024 година и зголемената активност на играчи како BlackRock и Fidelity. Binance порасна од 170 милиони на над 280 милиони корисници за само 18 месеци, регистрирајќи повеќе од 150.000 нови корисници дневно – не само индивидуални корисници, туку и суверени фондови, компании и професионални структури за управување со семејно богатство.
Како поранешен регулатор, Тенг ја потенцираше главната цел на Binance: усогласеност и доверба. Тој ја опиша Binance како „најрегулираната берза во светот“, со фокус на безбедност, транспарентност и партнерства. Тој го потенцираше и Binance Pay, кој досега обработил над 27 милијарди долари и им заштедил на корисниците 1,75 милијарди долари во провизии за дознаки.
На крајот, Тенг посочи дека денешниот крипто пазар е поотпорен во споредба со
претходните циклуси, благодарение на институционалната диверзификација и растечката практична примена.
„Не се работи само за криптовалути“, изјави тој. „Се работи за тоа што
криптовалутите овозможуваат.“
Тој заклучи дека Binance останува посветен на изградба на поинклузивна и постабилна финансиска иднина, преку секој производ, секој корисник и секое партнерство.
Криптовалути
Како да започнете со инвестирање во Биткоин и криптовалути

Инвестирањето во Биткоин и други криптовалути може да биде паметен начин за диверзификација на вашето портфолио, но не е без ризик. За да донесувате информирани одлуки, важно е почетниците да ги разберат основите на крипто пазарот, разликата помеѓу инвестирање и тргување, и како да направат соодветна анализа.
Биткоин или алткоини?
Биткоин (BTC) е најпознатата и најшироко користена криптовалута и често првиот избор за нови инвеститори. Сепак, постојат илјадници алтернативни криптовалути (алткоини), многу од нив со уникатни карактеристики или примени. Некои, како BNB, имаат сопствен блокчејн, додека други се изградени врз постоечки мрежи, како Ethereum.
Инвестирањето само во Биткоин може да делува побезбедно, но диверзификацијата со алткоини може да го намали ризикот доколку едно средство не го испорачува очекуваното. Сепак, некои алткоини носат поголем ризик, вклучувајќи и можност за измами. Затоа, секогаш направете свое истражување пред да инвестирате во помалку познати проекти.
Тргување или инвестирање?
Важно е да се прави разлика помеѓу тргување и инвестирање:
- Инвестирањето вклучува купување и долгорочно чување средства. Тоа бара помалку време и е подобро прилагодено за почетници. Долгорочните инвеститори се фокусираат на вкупната сила и на потенцијалот на проектот.
- Тргувањето е насочено кон краткорочна до среднорочна добивка преку чести купувања и продажби. Трговците треба да имаат технички вештини, време за анализа на пазарот и разбирање на волатилноста и трговските такси. Крипто пазарите се високо волатилни – иако трговците можат да профитираат од ценовни осцилации, тие исто така се изложени на поголем ризик.
Некои ги комбинираат и двете стратегии, но важно е пристапот да се усогласи со личната толеранција на ризик и финансиските цели.
Анализа: Фундаментална vs. Техничка
Фундаменталната анализа (FA) се фокусира на самиот проект – неговиот тим, план за иднината на проектот и практичната примена. Таа е идеална за долгорочни инвеститори.
Техничката анализа (TA) ги проучува ценовните графици и историските податоци за да предвиди идни движења на цената. TA користи алатки како што се candlestick patterns (графички приказ на ценовни движења во одреден временски период), moving averages (просечната цена во одреден временски период) и trend lines (графички приказ на долгорочниот правец на движењето на цената) – често користени од трговци.
Двете форми на анализа можат да ви помогнат да одлучите што да купите и кога, во зависност од вашата стратегија.
Купување крипто на Binance
Можете лесно да купите Биткоин и алткоини преку Binance, следејќи ги следните чекори:
- Креирајте и верификувајте Binance профил.
- Користете кредитна/дебитна картичка или банкарски трансфер за да додадете средства.
- Изберете криптовалута (на пр. BTC, ETH, BNB), начин на плаќање и потврдете ја трансакцијата.
Или, пак, можете да користите Binance P2P – платформа за тргување меѓу двајца корисницикаде што можете да изберете од над 700 начини на плаќање и валути. За поголема практичност, пробајте ја функцијата Express Mode, која автоматски ве поврзува со проверени продавачи.
Исто така важно е да се знае дека не мора да купите цел Биткоин. Многу почетници мислат дека мора да купат 1 BTC за да започнат – но тоа е честа заблуда. На Binance, можете да започнете со само 10 долари и да купите дел од Биткоин или некоја друга криптовалута. Ова го прави инвестирањето во крипто достапно за секого.
Што да направите по купувањето
Откако ќе купите криптовалута, можете да:
- Ја чувате во вашата Binance сметка или да ја префрлите во надворешен крипто паричник.
- Користите Binance Earn за да остварувате пасивен приход додека ги чувате средствата.
- Тргувате или продавате кога пазарот се движи во ваша корист.
Заклучок
Влегувањето во крипто светот бара време, трпение и едукација. Без разлика дали држите долгорочно или тргувате краткорочно, знаењето го намалува ризикот и ја зголемува самодовербата. Никогаш не инвестирајте повеќе отколку што можете да си дозволите да изгубите и секогаш продолжете да учите.
За повеќе информации, посетете ја Binance Academy или прочитајте го The Beginner’s Guide to Crypto Trading.
Криптовалути
Крипто пазарот во првата половина од 2025: Јасна регулатива, стабилни коини и технолошки пресврти

Како се движеше крипто пазарот во првата половина од 2025 година, кои беа најголемите институционални текови и технолошки иновации? Ова го содржи најновиот полугодишен извештај на Binance Research, за периодот од јануари до јуни 2025, а кој има за цел да им даде подетална слика за случувањата во крипто индустријата.
Па така, по значителен раст од 96,2% во 2024 година, крипто пазарите забележаа скромен пораст во текот на првата половина од 2025 година, со вкупна пазарна капитализација зголемена за 1,99% од почетокот на годината (YTD). Пазарот доживеа пад од 18,61% во првиот квартал, проследен со закрепнување од 25,32% во вториот квартал, што доведе до мал вкупен раст за првите шест месеци од 2025 година.
Главните економии и нивните централни банки тргнаа по значително различни патеки во првата половина од 2025 година, создавајќи нестабилна средина која воедно беше богата со можности за крипто средствата. Глобалниот пејзаж беше карактеризиран со постепено забавување на американската економија и неочекувано олеснување на инфлацијата, додека Кина ги надмина очекувањата со силен раст на БДП од 5,4% на годишно ниво (YoY) во првиот квартал, што го одразува позитивното влијание на нејзините мерки за стимулација. Ова беше дополнително засилено со масивен пораст на ликвидноста, бидејќи комбинираната понуда на пари на САД, Кина, Европа и Јапонија се зголеми за 5,5 трилиони американски долари, што претставува најголем 6-месечен пораст за четири години.

Главните поенти на полугодишниот извештај се следни:
- Биткоинот ја откри својата еволутивна природа: се однесуваше помалку како „безбедно засолниште“, а повеќе како актива со висока бета- коефициент, но сепак испорача импресивен принос од +13% YTD, надминувајќи ги повеќето традиционални индекси на акции.
BTC ETF станаа клучен структурен двигател, привлекувајќи одржливи институционални приливи и значително преобликувајќи ја динамиката на пазарот.
Во однос на главните протоколи од Слој 1 (L1) – Solana, BNB Chain, Avalanche, Sui и други бележат различни патеки на раст додека Ethereum ја задржа својата доминација и покрај притисоците врз цените, поттикнати од силните институционални приливи, успешните надградби како Pectra и водечката активност на развивачите.
За Ethereum Слој 2 (L2) првиот квартал од 2025 година означи понијансиран циклус. Знаците на заситеност на пазарот, дивергентните патеки на раст и зголемената модуларна конкуренција ја тестираа издржливоста на ликвидноста, особено како што растеше дебатата за зафаќањето на вредноста на основниот слој на Ethereum.
DeFi секторот покажа значителна зрелост и отпорност, при што неговиот двигател на раст се префрли од внатрешни шпекулации кон институционално усвојување и интеграција на RWA. Додека TVL се стабилизираше на приближно 151,5 милијарди американски долари, месечните активни корисници скокнаа за 240% на годишно ниво, а коефициентот на спот обем на тргување на DEX достигна рекордно високо ниво од 29%.
Секторот на стабилни монети доживеа значителен раст во првата половина од 2025 година, при што вкупната пазарна капитализација надмина 250 милијарди американски долари, што претставува нови рекорден максимум.
Јасноста на регулативата одигра клучна улога во зголемувањето на институционалната доверба, особено преку усвојувањето на Законот GENIUS од страна на Сенатот на САД и спроведувањето на правилата на MiCA во ЕУ.
Во 2025 година, блокчејн и крипто екосистемот достигнаа ново ниво на зрелост и беа усвоени од претпријатија од сите големини и силна доверба кај институционалните инвеститори.
Децентрализираната финансиска вештачка интелигенција (DeFAI) се појави како напредок, вградувајќи автономни агенти на вештачка интелигенција во DeFi протоколите за оптимизирање на тргувањето, кредитирањето и управувањето во реално време.
Првата половина од 2025 година ја истакна сè поизразената поделеност во развојот на крипто-светот, додека институционалното прифаќање се забрза благодарение на јасната регулатива и интеграцијата на стабилните коини.
Потрошувачкиот слој останува клучна, но похаотична територија за иновации. Приближувајќи се кон втората половина од 2025 година, клучни се темите поврзани со макро-средината, политиката и регулативата, екосистемот на биткоин, стабилните ковани валути, RWA-ата и други.
Целиот извештај може да го прочитате овде:
https://public.bnbstatic.com/static/files/research/half-year-report-2025.pdf
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
-
Продуктипред 2 недели
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
-
Банкипред 2 недели
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 1 недела
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 2 дена
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Останатопред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
-
Банкипред 6 дена
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Фондовипред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје