Connect with us
no baners

Банки

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје на 03.04.2025 година го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери. Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2024 година со бруто-добивка во износ од 5.482,1 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 557,3 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 4.924,8 милиони денари.   

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 4.924,8 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 125% од номиналната вредност на акцијата, односно по 1.250 денари на една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на 07.05.2025 година. 

Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.915,5 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 160 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2025 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката. 

Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2024 година и Годишниот извештај за работењето на Банката во 2024 година.

Банки

Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста за назначувањето на г-ѓа Мирјана Трајановска за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Банката.

Именувањето е согласно Одлуката на Надзорниот одбор бр. 18/2025 од 24.03.2025 година и врз основа на добиената согласност од Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија, со Решение бр. 15-13009/5 од 19.06.2025 година.

Г-ѓа Трајановска е докажан професионалец со 35-годишно искуство во Банката, со богато институционално знаење и длабоко разбирање на финансиските процеси и стратегии. Низ годините, таа беше движечка сила зад бројни клучни проекти кои имаа значително влијание врз развојот на Банката и пошироко на банкарскиот сектор во земјата.

Нејзината експертиза, визија и неуморен ангажман се препознаени како основа за натамошно унапредување на финансиското лидерство во Стопанска банка.” – велат од банката.

Со ова назначување, Банката ја потврдува својата определба за препознавање и промоција на внатрешни таленти, обезбедувајќи континуитет и стабилност во работењето, како и долгорочна ориентација кон развој и одржлив раст.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка изврши исплата на дивиденда во висина од над 2,2 милијарди денари

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје денес, на 25 јуни 2025 година, ја реализираше исплатата на дивиденда на своите акционери, согласно Одлуката донесена на Собранието на акционери одржано на 29 мај 2025 година.

Вкупниот износ на исплатена дивиденда изнесува 2.217.142.356 денари, при што бруто износот по акција достигнува 2.596 денари.

Исплатата беше извршена за сите акционери кои поседуваат сметки во НЛБ Банка АД Скопје, како и за оние кои доставија уредни инструкции за исплата во предвидениот рок.

Оваа исплата претставува потврда за стабилното работење на НЛБ Банка и нејзината посветеност на создавање вредност за акционерите. Банката останува фокусирана на одржливо растење и понатамошно зајакнување на пазарната позиција, истовремено наградувајќи ја довербата на своите акционери.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги. Целта на иницијативата е провизиите да се постават на ниво кое ќе биде одржливо за банките, но истовремено да бидат фер и прифатливи за корисниците. Народната банка е подготвена да го направи првиот чекор во оваа насока.

Денес доаѓаме со понуда до банките, Народната банка да го направи првиот чекор со намалување на надоместоците што ги плаќаат банките за користење на услугите во МИПС, како што се надоместоците поврзани со долговниот промет. Очекуваме и банките во најкус можен рок да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво“, истакна гувернерот Славески. 

На состанокот со банкарите, гувернерот Славески потенцира дека следејќи го примерот на земјите од Европската Унија, коишто значително ја изменија регулаторната рамка за начинот на кој се извршуваат платежните услуги, нашата земја направи значителен напредок во осовременувањето и усогласувањето со европското законодавство и практики, што придонесе да станеме членка на Единствената област за плаќања во евра СЕПА. Тој нагласи дека со новата правна рамка, во нашата држава е создадена средина во којашто платежните услуги се третираат како услуги од јавен интерес. Тоа значи дека секој граѓанин, без разлика на својата социјална положба, место на живеење или степен на дигитална писменост, треба да има пристап до сигурни, квалитетни и достапни платежни услуги. Ваквиот пристап подразбира и поставување на надоместоците на разумно ниво за сите корисници.

„Споредувајќи ги надоместоците за платежните услуги на банките со надоместоците на матичните банки од ЕУ, согледуваме неколку видови платежни услуги за кои надоместоците треба да се намалат и поедностават, а некои и да се укинат:

–      Надоместоците за одржување на платежната сметка за компаниите претставуваат голем трошок, особено за малите и средните компании во земјата, поради што треба да се намалат;

–      Надоместоците за користење на електронското и мобилното банкарство, во услови кога се наплатуваат надоместоци за одржување на платежната сметка, претставуваат дополнителен трошок, кој треба да се укине;

–      Надоместоците за плаќањата со платни налози во рамки на банката треба да се укинат, имајќи предвид дека за нивното извршување не е потребно користење на платните системи кои создаваат трошоци за банките;

–      Надоместоците за меѓубанкарските плаќања во домашната валута кои се извршуваат преку платните системи КИБС и МИПС треба значително да се намалат;

–      Надоместоците за подигнувањето готовина на туѓи банкомати во земјата и странство, кои кај некои банки се и во вид на % од износот, треба да се намалат и поедностават како фиксен трошок по трансакција;

–      Надоместоците за прифаќање картички на продажни места кај трговците коишто банките ги наплатуваат од трговците треба да се намалат, имајќи предвид дека меѓубанкарските провизии се ограничени со Законот за платежни услуги и платни системи и се сведени на нивоата во ЕУ“.

Ова се конкретните примери коишто гувернерот Славески ги претстави пред банкарската заедница, при што упати повик да се охрабрат и заеднички да продолжат со иновативен и проактивен пристап. Притоа, ја истакна важноста корисниците на платежни услуги да се стават во фокусот при воведувањето на услугите, преку понуда на разумни, фер и одржливи надоместоци.

Гувернерот нагласи дека поставувањето разумни надоместоци за користењето на платежните услуги ќе има директно влијание врз зголемувањето на финансиската вклученост на населението, дополнително ќе придонесе за намалување на сивата економија и ќе обезбеди поддршка за оддржлив економски раст.

Состанокот помина во конструктивна атмосфера, при што од МБА изразија подготвеност за понатамошна соработка во насока на предлозите на гувернерот за намалување на провизиите при користењето на платежните услуги.

На следната врска е обраќањето на Гувернерот на состанокот во МБА: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-obrakane-na-guvernerot-na-sostanok-vo-mba-25-juni-2025-skopje.nspx  

Продолжи со читање

Популарно