Connect with us

Банки

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 1,75% и во второто тримесечје од 2026 година

Објавено

на

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, којашто ги вклучува податоците за последниот квартал од 2024 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјава, односно таа да се задржи на 1,75% од активата пондерирана според ризиците и во второто тримесечје од 2026 година. За изложеностите кон други земји ќе се применува стапката пропишана од националниот макропрудентен орган.

Со најновите квартални пресметки, вредноста на основниот показател не укажува на знаци на прегревање на кредитниот циклус. Сепак, кредитирањето на претпријатијата и населението забрзува, и тоа поизразено кај корпоративниот сектор. Цените на становите забележуваат променлива динамика, со раст во просек од околу 10%. Банкарскиот систем, според сите показатели, и натаму е стабилен со стабилна и добра солвентност и ликвидност, солидна профитабилност и ниска стапка на нефункционални кредити, а остварувањето на кредитните загуби во кредитното портфолио е ограничено. Од друга страна, ризиците од окружувањето стануваат поизразени, особено геополитичките ризици коишто предизвикуваат и нагорни ризици за инфлацијата. Во услови на поизразени ризици, монетарната политика и понатаму се води на претпазлив начин.

Народната банка во неколку наврати ја зголеми стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот, со што во нашиот банкарски се обезбеди солиден износ на дополнителен капитал врз оваа основа, зајакнувајќи ја на тој начин отпорноста на банките.

Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа.

Банки

Мрежата на АЛТА банка опфаќа 18 експозитури во 11 градови низ Македонија

Објавено

на

АЛТА банка располага со широка мрежа од 18 експозитури распоредени во 11 градови низ Македонија, овозможувајќи им на клиентите пристап до банкарските услуги во повеќе региони во земјава.

Најголем број експозитури банката има во Скопје, каде што работат шест локации, додека во Битола клиентите имаат на располагање три експозитури.

АЛТА банка е присутна и во Тетово, Велес, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ресен и Демир Хисар, каде што располага со по една експозитура.

Во Скопје експозитурите се лоцирани на Анкарска, Никола Русински, Скупи, улица Македонија, Кузман Јосифовски Питу и во трговскиот центар „Бисер“ на булеварот Јане Сандански.

Во Битола, пак, експозитурите на банката се наоѓаат на улиците Добривоје Радосавлевиќ и Широк Сокак, како и на Партизанска.

Преку својата мрежа на експозитури, АЛТА банка обезбедува физичка достапност на банкарските услуги за граѓаните и компаниите во повеќе поголеми и регионални центри низ државата. На својата интернет-страница банката нуди и локатор за експозитури и банкомати, преку кој клиентите можат полесно да ја пронајдат најблиската локација.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка нема да работи на 8 септември по повод Денот на независноста

Објавено

на

Комерцијална банка ги информира клиентите дека во вторник, 8 септември, нејзините експозитури и филијали нема да работат по повод државниот празник – Денот на независноста.

Од Банката посочуваат дека неработниот ден се однесува на сите експозитури и филијали на Комерцијална банка.

Редовното работење ќе продолжи по завршувањето на празникот.

Продолжи со читање

Банки

Известување од Стопанска банка за работното време на 8 септември

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира клиентите дека нејзините филијали нема да работат во вторник, 8 септември 2026 година, по повод државниот празник.

Од Банката посочуваат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да ги користат дигиталните услуги кои се достапни 24 часа дневно.

Банкарските услуги ќе бидат достапни преку мобилен телефон, компјутер и банкоматите на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange