Connect with us
no baners

Банки

Шпаркасе Банка и Европската инвестициска банка започнуваат соработка за развој на зелено финансирање во државата

Објавено

на

Денеска, 26.2.2025 година, среда, Шпаркасе Банка АД Скопје и Европската инвестициска банка (EIB Global) преку еднодневна работилница ја најавија заедничката соработка во рамките на Програмата „Техничка помош за позеленување на финансиските системи (GFS TA Programme)“. Оваа соработка е дел од пошироките напори на ЕИБ да го поддржи развојот на финансиските институции, кои играат клучна улога во зелената трансформација и унапредувањето на климатски одржливото финансирање.

Програмата „Техничка помош за позеленување на финансиските системи (GFS TA Programme)“ креирана од ЕИБ, е оформена со цел да се создаде поволна средина за поддршка на зелени инвестиции и климатска трансформација, преку подобро управување со климатските ризици и имплементација на најдобри практики во зеленото кредитирање. Програмата се финансира од германската влада преку Фондот за меѓународна климатска иницијатива на ЕИБ и се спроведува во соработка со NDC Партнерството, глобална коалиција на земји и институции што соработуваат за да го поддржат климатското дејствување.

„Програмата GFS има за цел да го поддржи преминот кон финансиски системи со нето-нула емисии отпорни на климатски промени, кои ќе помогнат во климатско дејствување и промовирање зелени инвестиции кај малите бизниси. Нашата соработка со Шпаркасе Банка, како и соработката со Националната банка на Северна Македонија и други финансиски институции во земјата, претставуваат вистински чекори за справување со климатските предизвици во Северна Македонија и создавање отпорен финансиски систем. Заедно со оваа техничка поддршка и со другите иницијативи за зелена транзиција што ги поддржуваме во земјата, како ЕУ банка, имаме за цел да ги промовираме зелените инвестиции во земјата и да ѝ помогнеме на локалната економија да се справи со климатските ризици и да ја зголеми својата конкурентност на регионално и на глобално ниво“, изјави Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ во Северна Македонија.

Како дел од оваа иницијатива, Шпаркасе Банка ќе добие стручна поддршка што ќе го поттикне зеленото финансирање и ќе придонесе за унапредување на климатски одржливите инвестиции во нашата држава. Со оваа соработка, Шпаркасе Банка ќе има можност да ја зајакне својата улога во поддршката на зелени инвестиции и да остане лидер во одржливо финансирање во земјата.

„За Шпаркасе Банка особено е значајна соработката со Европската инвестициска банка имајќи ја предвид нашата лидерска позиција со повеќе од 40 % пазарен удел во финансирање зелени проекти во државата, со финансиска поддршка од над 115 000 000 евра за повеќе од 140 проекти. Ова претставува значаен момент за нас, а особено за македонскиот финансиски сектор, бидејќи со оваа поддршка ќе имаме можност да ги усовршиме нашите постојни практики во областа на зеленото кредитирање, каде што дејствуваме повеќе од 14 години. Нашата цел е да ја поттикнеме трансформацијата кон еколошки одржлива економија и силно веруваме дека оваа соработка ќе донесе позитивни резултати не само за нашите клиенти, туку и за целокупното општество, придонесувајќи за ублажување на климатските промени и создавање подобра иднина за сите“ – изјави Нина Неданоска, заменик- претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Работилницата се одржа во просториите на Банката, а со оваа стратегија на поддршка и соработка, ЕИБ и Шпаркасе Банка ја потврдуваат заедничката посветеност на унапредување на зеленото финансирање и климатската стабилност во Република Северна Македонија и на глобално ниво.

Банки

ТТК банка ја зголемува капиталната база со нова емисија акции од 41,9 милиони денари

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ќе ја зајакне својата капитална позиција преку нова емисија акции во вкупна вредност од 41,9 милиони денари, откако доби одобрение од Комисија за хартии од вредност.

Станува збор за петта емисија долгорочни хартии од вредност, која ќе се реализира по пат на приватна понуда. Банката ќе издаде 41.918 обични акции, со номинална вредност од 1.000 денари по акција.

Со оваа емисија, основната главнина ќе се зголеми за над 681 илјада евра.

Според информациите од регулаторот, дел од добивката остварена во 2025 година ќе биде распределена во форма на дивиденда во акции, пропорционално на постојните акционери на банката.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје: Неработен ден по повод државниот празник Ден на трудот

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека дека по повод престојниот државен празник Ден на трудот, филијалите на Банката нема да работат на 01.05.2026 (петок).

За време на празникот, на располагање ќе бидат сите i-bank дигитални услуги достапни 24/7 на телефон, компјутер, мобилен и банкомат, вклучувајќи ги мобилното и електронското банкарство (m-banking и e-banking), банкоматите на Стопанска банка, како и широката партнерска мрежа на трговци кои прифаќаат картички издадени од Банката.

Продолжи со читање

Банки

Вицегувернерот Величковски: Модерна монетарна рамка, адекватни девизни резерви и поевтини и побрзи плаќања како приоритети на Народната банка

Објавено

на

„Народната банка продолжува со унапредување на оперативната поставеност на монетарната политика, заради поефикасен пренос на монетарните сигнали кон финансиските пазари и реалната економија. Нашето внимание и понатаму ќе биде насочено кон унапредувањето на оперативната рамка во согласност со најдобрите практики на развиените централни банки“, ова го истакна вицегувернерот Игор Величковски на гостувањето на поткастот „Финсајт“ со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк“.

Тој нагласи дека со измените воведени во монетарната рамка за пократка рочност на благајничките записи и симетричен распон на каматните стапки, е поставена основата за побрз и поцелосен пренос на монетарните сигнали и поефикасно управување со ликвидноста, дури и во услови на светска неизвесност.

Во однос на девизните резерви, Величковски нагласи дека со нив и натаму се управува исклучиво врз принципите на сигурност, ликвидност и диверзификација. „Во актуелното светско окружување, најважно е внимателно да се балансира меѓу приносот и ризикот, но со јасен приоритет – ликвидноста и зачувувањето на довербата во домашната валута“, изјави тој, нагласувајќи дека стабилноста е во фокусот на политиките на централната банка.

Вицегувернерот се осврна и на платниот систем, најавувајќи значаен исчекор преку воведувањето систем за инстант плаќања и натамошна дигитализација.

„Работиме на систем со кој ќе се овозможат плаќања во реално време, 24 часа секој ден во годината, што ќе донесе нов квалитет кај платежните услуги за граѓаните и за компаниите“, рече Величковски, додавајќи дека интеграцијата со СЕПА веќе дава резултати, што се гледа преку повеќекратното намалување на трошоците за плаќања во евра, како значително олеснување на трансакциите, зголемувајќи ја и конкурентноста на економијата.

Во тој контекст, Величковски посочи дека според последните расположливи податоци за март 2026 година, 55% од вкупниот број одливни прекугранични плаќања во евра и 66% од приливните прекугранични плаќања во евра се извршени преку СЕПА, што укажува на брза и успешна интеграција со СЕПА. Од секторски аспект, граѓаните умерено предничат во однос на компаниите, извршувајќи околу 70% од плаќањата во евра преку СЕПА, што ги потврдува придобивките од зачленувањето во СЕПА.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange