Connect with us

Банки

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справила со кризата

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во завршниот исказ на редовната мисија според член IV од договорот за членство, искажува поддршка за успешната политика на Народната банка во изминатиот период и справувањето со предизвиците во економското окружување. Во најновата процена, ММФ ја нагласува важноста на оперативната и функционалната самостојност на Народната банка, истакнувајќи дека нејзината независност и кредибилитет се од особена важност за одржувањето на ценовната стабилност и стабилноста на денарот. Фондот заклучува дека солидниот раст на девизните резерви во 2024 година ја зајакна стабилноста на девизниот пазар, додека макро и микропрудентните мерки преземени од Народната банка придонесоа за натамошно јакнење на отпорноста на финансискиот систем.

Во актуелниот економски контекст, ММФ нагласува дека е важно Народната банка, како и досега, да продолжи со внимателното следење на движењата на инфлацијата и финансиските текови и да ги формулира политиките соодветно на тоа, заради одржување на макроекономската стабилност. ММФ потенцира на внимателност во однос на инфлациските ризици и нивното евентуално остварување, вклучително и на оние што произлегуваат од домашните фактори коишто влијаат на побарувачката, што може да наметне потреба од натамошни мерки.

ММФ заклучува дека финансискиот систем и натаму е стабилен и отпорен, при што банкарскиот сектор е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен. Народната банка ќе продолжи со примената на макропрудентните мерки, заради одржување на стабилноста на финансискиот систем и заштита од потенцијалните ризици. ММФ ја поддржува оваа стратегија и ја нагласува нејзината важност во обезбедувањето долгорочна финансиска сигурност.

Како и досега, Народната банка е цврсто посветена на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност на земјата.

Банки

„Халк Финфлуенсер“ на Халкбанк со 12 видеа за полесно користење на дигиталните банкарски услуги

Објавено

на

Халкбанк започна нов едукативен видеосеријал со кој на корисниците им ги приближува најчесто користените банкарски услуги достапни преку мобилен телефон.

Серијалот „Халк Финфлуенсер“ содржи 12 кратки видео упатства во кои актерката Дарја Ризова на едноставен начин ги прикажува чекорите за користење на различни функционалности во мобилната апликација на банката.

Целта е корисниците полесно да извршуваат трансакции и други банкарски активности без посета на филијала и без чекање на шалтер. Од Халкбанк посочуваат дека во изминатиот период континуирано го проширувале бројот на достапни дигитални услуги во апликацијата.

Досега се објавени видеа за отворање платежна сметка преку мобилен телефон, префрлање пари со услугата Smart Send и подигнување готовина од банкомат без користење картичка.

Во следните недели се најавени уште девет видеа посветени на банкарски постапки и услуги што можат да се завршат онлајн.

Од банката велат дека преку ваквите содржини сакаат не само да ги информираат корисниците, туку и да придонесат за подобрување на нивните финансиски и дигитални знаења.

Иако онлајн банкарството почесто го користат помладите, Халкбанк со серијалот планира да ги охрабри и повозрасните корисници да ги искористат предностите на дигиталните услуги. Содржините ќе бидат достапни преку социјалните мрежи, како и директно преку филијалите на банката.

Продолжи со читање

Банки

Орлин Георгиев Ваташки повторно именуван за член на Управниот одбор на УНИ Банка

Објавено

на

Орлин Георгиев Ваташки повторно ќе биде член на Управниот одбор на УНИ Банка АД Скопје, откако Народната банка на Република Северна Македонија издала претходна согласност за неговото именување.

Како што информираат од Универзална Инвестициона Банка, согласноста е издадена со решение на Извршниот одбор на Народната банка од 24 јули 2026 година.

Ваташки е именуван за член на Управниот одбор на банката за период од две години, сметано од денот на приемот на решението.

Известувањето е објавено согласно Правилата за котација и се однесува на измени во органите на управување и надзор на банката.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди премиум кредитна картичка со пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка, наменета за корисниците кои често патуваат и сакаат дополнителни привилегии.

Картичката овозможува бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми низ светот, како и купување на најмногу 36 рати без камата.

Во понудата е вклучено и патничко осигурување за секое патување, со што корисниците добиваат дополнителна сигурност и удобност при престојот во странство.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на официјалната интернет-страница на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange