Connect with us

Банки

Комерцијална банка со поддршка и честитки за успесите на танчерите од Денсерс јунајтед

Објавено

на

Како компанија која силно ги поддржува инклузивноста во општеството и еднаквите можности за сите граѓани, Комерцијална банка е горд спонзор на 10-та по ред инклузивна танцова претстава наменета за лица со Даунов синдром и други попречености во организација на Здружението Денсерс јунајтед.

„Со нашата поддршка ќе овозможиме уште еден уметнички настан кој значи активна интеграција во општеството на лицата со попреченост и во исто време поттик на свеста на јавноста за нивните способности“, велат од Комерцијална банка.

Комерцијална банка го поздравува и цени силниот ентузијазам на Здружението Денсерс јунајтед, кое во претставата ќе ангажира над 150 танчери, меѓу кои и лица со попреченост.

Во исто време, Комерцијална банка им упати честитки на танчерите од Денсерс јунајтед, кои собраа куп медали на Европското првенство во танц во Шведска.

„Се радуваме на секој успех на Денсерс јунајтед и се гордееме што заедно покажуваме дека постојат неограничени можности за сите“, се вели во честитката од Банката.

Банки

Комерцијална банка беше сребрен партнер на Седмата регионална годишна конференција за е-трговија

Објавено

на

Комерцијална банка активно учествуваше како сребрен партнер на Седмата регионална годишна конференција за е-трговија, која се одржа со цел да ги истакне неискористените потенцијали за раст на е-трговијата и да ги поддржи бизнисите во Македонија. Конференцијата, организирана од Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија, собра повеќе од 700 учесници од 10 земји и беше значаен настан за размена на знаења и искуства во областа на дигиталната трговија.

Комерцијална банка, како активен поддржувач на е-трговијата и иновациите во бизнисот, беше присутна со свој штанд на конференцијата, нудејќи врвни услуги и решенија за е-трговија, кои помагаат на компаниите да го унапредат својот бизнис. Освен тоа, Банката организираше интерактивна активност за учесниците, кои имаа можност да го наполнат КБ мозаикот со 240 слики, а тројцата најсреќни добија подарок-картички во вредност од 3.000 денари.

Со ова учество, Комерцијална банка ја потврдува својата посветеност на поддршка на растот на е-трговијата и напорите за „отплеткување“ на сите можности кои водат до напредок и подобро искуство за клиентите.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка со нова локација во Битола!

Објавено

на

ТТК Банка со задоволство ги информира своите клиенти дека на ден 13.11.2024 година, Банката го отвори својот нов шалтер во Битола, на булевар „1-ви Мај“ бр. 61 во рамки на објектот на општина Битола. Новиот шалтер ќе биде достапен за клиентите од понеделник до петок, од 07:30 до 15:30 часот.

На новата локација, клиентите на ТТК Банка ќе добијат брза, ефикасна и професионална услуга при извршување на универзални банкарски активности: отворање на платежна сметка, платен промет во земјата, менувачко работење, депозитно работење, активирање на дигиталните услуги преку TTK Е-bank и TTK M-Bank, картично работење и останати банкарски услуги.

Проширувањето на деловната мрежа е стратешка цел за подобрување на корисничкото искуство и зголемување на достапноста на производите и услугите на ТТК Банка АД Скопје.

Со отворањето на новиот шалтер, ТТК Банка продолжува да го зајакнува своето присуство во регионите каде што е потребно.

Продолжи со читање

Банки

Ангеловска-Бежоска на Конференција во Тирана: Банкарските системи во регионот имаат капацитет да поддржат забрзана конвергенција

Објавено

на

Во изминативе неколку години имаше доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан, но таа се одвиваше побавно. За нејзиното забрзување од особена важност е справувањето со структурните пречки, за што е важна и поддршката од финансискиот систем. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите од регионот којашто се одржа во Тирана, Албанија, во организација на Централната банка на Албанија и Асоцијацијата на финансиски институции на Албанија, а на којашто присуствуваше и вицегувернерот Фадил Бајрами. Панел-дискусијата на која учествуваа и гувернерот на Албанија, гувернерот на Косово и вицегувернерот од Црна Гора, ја водеше Пол Томсен, поранешен директор на Одделот за Европа на Меѓународниот монетарен фонд.

Доходовната конвергенција во регионот, од 2019 година па досега, забрза просечно за околу 2,6 п.п., што е значително побавно во споредба со периодот пред глобалната финансиска криза. Сегашното нивото на доходот во регионот и натаму е ниско и изнесува околу 42% од доходот во ЕУ. Причините за бавната конвергенција се главно структурни и можат да се поврзат со трите долгорочни фактори за раст: човечкиот капитал, физичкиот капитал и продуктивноста. Оттаму, забрзувањето на конвергенцијата наметнува потреба од забрзување на структурните реформи, процес којшто е скап и за кој се потребни соодветни извори на финансирање. 

Во овој контекст, од голема важност е што банкарскиот систем добро се справи со претходните шокови и успеа да го зајакне својот капацитет за обезбедување соодветна финансиска поддршка за раст на економијата. Кај нас адекватноста на капиталот оствари највисок раст во регионот и е највисока во последните две декади, ликвидноста традиционално е на високо ниво, а квалитетот на кредитното портфолио е значително подобар во однос на претпандемичниот период. Сепак, се очекува натамошно зголемување на степенот на финансиско посредување, но и негово унапредување преку поголема дигитализација. Значаен исчекор кон оваа цел може да биде и членството во Единствената област за плаќање во евра СЕПА, со што нашиот систем ќе биде поинтегриран во европскиот платежен систем, обезбедувајќи бројни придобивки за граѓаните и компаниите.

Продолжи со читање

Популарно