Банки
Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на пензиите за месец октомври
Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека од денес, 01.11.2024 година започна со исплата на пензиите за месец октомври.
Пензионерите кои имаат активни дебитни картички со својата пензија можат да располагаат од денес (петок – 01.11.2024 година), и можат да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Пензионерите кои немаат или не користат дебитна картичка, пензијата од 01.11.2024 година ќе може да ја подигнат во филијалите на Банката.
Банки
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално е АЛТА банка АД Битола
Почнувајќи од денес, 12.12.2025 година, по усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот од страна на Собранието на акционери, Стопанска банка а.д. Битола и официјално го добива новото име АЛТА банка АД Битола, или скратено – АЛТА банка.
Успешната аквизиција на Стопанска банка а.д. Битола од страна на АЛТА банка АД Белград беше финализирана во октомври 2025 година, со што банката доби нов мнозински акционер кој, заедно со поврзаните субјекти, поседува 93,2571% од капиталот.
Со ребрендирањето, АЛТА банка АД Битола станува дел од АЛТА Група – современа финансиска групација со седиште во Белград, која ги обединува банкарските, платежните и инвестициските услуги. Како регионален лидер, групацијата работи согласно европските вредности и највисоките стандарди, со јасен фокус на иновации, дигитализација и врвен квалитет на услугите.
АЛТА Банка АД Белград е една од најзначајните членки на групацијата, која во 2024 година ја доби наградата за најбрзорастечка банка во Република Србија. Усогласувањето со нејзините стандарди ќе отвори нови можности за АЛТА банка АД Битола, вклучувајќи развој на иновативни производи, современи дигитални решенија и унапредено клиентско искуство, секако со целосно почитување на домашните финансиски регулативи.
Амбицијата на АЛТА банка АД Битола е да стане значаен фактор во банкарскиот сектор во Македонија, поддржувач на локалната економија и активен учесник во развојот на регионалната соработка.
За клиентите и деловните партнери, најважно е дека работењето продолжува непречено, со задржување на стабилноста, сигурноста и континуитетот на услугите. Сите експозитури остануваат на истите локации, со воведување на нов визуелен идентитет на АЛТА банка.
„За постоечките клиенти не се потребни никакви дополнителни активности – сите постojни сметки, платежни картички, електронско банкарство и договори остануваат целосно валидни и функционални. Податоците на клиентите се целосно заштитени, а сите законски регулативи строго се почитуваат. Производите, услугите и каналите за поддршка продолжуваат да функционираат без промени. Клиентите ќе бидат навремено информирани за сите понатамошни активности кои ќе придонесат за уште подобро банкарско искуство“, велат од АЛТА банка АД Битола.
Банки
Стопанска банка, Министерството за култура и туризам и Природонаучниот музеј – Скопје потпишаа Меморандум за стратешко партнерство за модернизација и дигитализација на музејот
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков; генералниот извршен директор на Стопанска банка АД-Скопје, Хрисула Кутуди и директорот на Природонаучниот музеј – Скопје, Ивица Заркадов, денеска потпишаа Меморандум за тригодишно стратешко партнерство, со кој се воспоставува соработка за модернизација и дигитално обогатување на музејот. Потпишувањето на меморандумот се случува во пресрет на 100-годишниот јубилеј од основањето на оваа музејска институција во следната 2026 година.

Министерот Љутков во изјава за медиумите изрази благодарност до Стопанска банка што ја препозна важноста и потенцијалот на музејот како национален центар за еколошко и научно образование.
„Овој Меморандум е потврда за тоа како јавниот и приватниот сектор можат успешно да соработуваат за создавање подобри услови за учење, иновативни културни и научни содржини и за поддршка на младите генерации. Особено ме радува што проектите што ќе се реализираат, од „Магичната соба“ до подобрената пристапност, модерната веб-страница и новите дигитални алатки, директно ќе влијаат врз развојот на љубопитноста, знаењето и креативноста кај најмладите посетители“, потенцираше Љутков.
Генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, Хрисула Кутуди, нагласи дека Банката негува долга традиција во поддршката на образованието, науката и јавните институции.

„Ми претставува особено задоволство да бидам денеска тука како претставник на тимот на Стопанска банка, посветени на новото партнерство со Природонаучниот музеј и со Министерството за култура и туризам. Стопанска банка негува долга традиција на поддршка на образованието, науката и на јавните институции. Се надевам дека со ова партнерство ќе придонесеме за нови интерактивни искуства за илјадниците деца кои го посетуваат Музејот секоја година продолжувајќи ја со тоа научната мисија градена веќе еден век. Им благодарам на Министерството за нивната насока и поддршка и на тимот на Музејот за нивната енергија и инспирација во соработката со нашиот тим. Со нетрпение очекувам да се сретнеме повторно тука на отворањето на новите дигитални поставки“, истакна Кутуди.

Директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, изрази благодарност до Стопанска банка за значајната донација од 150.000 евра, која ќе овозможи обновување на влезниот портал и холот, изградба на првата интерактивна „MAGIC ROOM“ во Македонија и целосна модернизација на веб-страницата. Тој истакна дека овие промени ќе го направат музејот поатрактивен за учениците, младите и за туристите, како и дека ова претставува прва ваква поголема донација директно вложена во музејската зграда, во неговото стогодишно постоење.
Банки
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
Нови 16 здруженија и асоцијации на лица со попреченост ќе добијат грантови од Стопанска банка АД – Скопје за реализација на проекти кои ја поттикнуваат инклузијата и ги подобруваат условите за нив во заедницата. Стопанска банка ги објави добитниците на грантовите во вкупна вредност од 30.000 евра, како дел од годинешното издание на општествениот проект на Банката, „Сонуваме.Менуваме“ vol.7 кој од 2016 година ја подигнува јавната свест за поголема инклузија на лицата со попреченост и помага во градењето на подобро општество за сите.
Оваа година на јавниот повик на Стопанска банка се пријавија 28 здруженија и асоцијации од земјава кои аплицираа со конкретни проекти. Посебно формирана комисија во Банката ги оценуваше пристигнатите проекти, при што се вреднуваше бројот на лица што ги опфаќа проектот, дали овозможуваат континуирана работа со лицата со попреченост преку нови едукативни, инклузивни или физиотерапевтски методи или пак овозможува нивна поголема слобода при движењето и извршувањето на секојдневните активности. Комисијата селектираше 16 проекти кои ќе добијат финансиска поддршка од Банката за нивна реализација.

„Им благодариме на сите здруженија и асоцијации кои испратија барања и одговорија на повикот. Нѐ радува фактот што со годинешниот буџет достигнуваме 150.000 евра донирани во проекти кои значително го подобруваат секојдневието на лицата со попреченост“ – истакнуваат од Стопанска банка.
Преку платформата „Сонуваме.Менуваме“, во оваа и претходните години, Стопанска банка финансиски има поддржано реализација на околу 80 инклузивни проекти. „Сонуваме.Менуваме“ продолжува да биде платформа преку која Банката промовира инклузија на лицата со попреченост во општеството преку кампања, инклузивни музичко театарски претстави и донации.
Музичко-театарските претстави за деца кои се значаен и видлив дел од оваа општествено-одговорна кампања, покрај во Скопје, се прикажуваат годинава во Велес и во Битола, ширејќи ја на интересен и приемчив начин пораката за значењето на инклузијата.
-
Продуктипред 1 месецШтедливи и еколошки домови преку Зелениот финансиски инструмент, помош со поврат на 30 отсто од средства за заем за физички лица
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Кој е кој во финансискиот сектор во Македонија
-
Банкипред 2 месециОваа есен штедете паметно со Промо депозитот на Халкбанк
-
Осигурувањепред 1 месецОд клик до осигурителна полиса – онлајн без чекање
-
Берзапред 2 месециОГРОМЕН ПАД НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО – најголем во последните 12 години
-
Берзапред 2 месециСреброто достигна рекордно ниво – пазарниот притисок во Лондон го поттикна историскиот раст
-
Анализипред 1 месецАНАЛИЗА: Што ги мотивира граѓаните да штедат во банка – каматите или сигурноста на заштедите?
-
Бизниспред 2 месециГолема наградна игра на Иуте Македонија – Со Иуте секогаш повеќе







