Connect with us
no baners

Business Woman

Д-р Штериева: Одржливоста на бизнисот е неодржлива без ЕСГ известување

Објавено

на

no baners

ЕСГ известувањето како средство и обврска за долгорочна одржливост на бизнисот беше една од главните теми на Женскиот економски форум – Балкан 2024, кој Комерцијална банка, како општествено одговорна компанија, финансиски го поддржа.

А, д-р Маја Стевкова-Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, беше учесник на овој панел, на кој се дискутираше за потребата од интегрирање на одржливоста во бизнисот преку ЕСГ извештаите.

Со истакнување на можностите што ги нуди ЕСГ известувањето, кое сѐ уште е новитет за македонскиот бизнис, д-р Штериева потсети дека ЕСГ е комплексно прашање и затоа бара сестран придонес за да се остави зелен импакт во сите предвидени области.

„Обезбедувањето зелени финансии и можности за бизнисот веројатно е еден од најголемите предизвици за банките и за македонската економија. Банките веќе се обединија во конзорциум кој ќе бара соодветни решенија. Но, државата треба да го реши проблемот со користење јаглен во производството на електрична енергија, која потоа ја користат компаниите“, порача д-р Штериева.

Таа го истакна придонесот на Комерцијална банка за поддршка на бизнисите со зелени кредитни линии од програма на ЕБОР и на Развојната банка на Македонија, а најави и збогатување на портфолиото со нови кредитни линии.  

Според д-р Штериева, ЕСГ известување значи пристап до можности за финансирање на бизнисот, за што компаниите мора да бидат свесни доколку сакаат да обезбедат кредити.

Таа го посочи значењето и на социјалниот момент во ЕСГ известувањето, каде особено треба да се работи на родовата рамноправност со цел економско зајакнување и унапредување на позицијата на жените во општеството.

Комерцијална банка со својата поддршка на овој настан и водена од мотото дека Полесно е заедно да се следат промените, даден значаен придонес за актуелизирање на едно од најважните прашања за бизнисот, од кое зависи не само иднината на економијата, туку и на планетата Земја.

no baners

Business Woman

Потврден континуитетот во Стопанска банка АД – Скопје: нов мандат за Мирјана Трајановска како Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје соопшти дека г-ѓа Мирјана Трајановска е повторно назначена за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Банката.

Од Банката истакнуваат дека г-ѓа Трајановска својата професионална кариера ја градеше во рамките на Стопанска банка АД – Скопје, стекнувајќи долгогодишно искуство и експертиза во клучните области на банкарското и финансиското работење. Преку нејзиното досегашно раководење, таа даде значаен придонес во развојот, трансформацијата и стабилното работење на Стопанска банка АД – Скопје.

„Повторното назначување претставува потврда за довербата во нејзиното професионално и институционално знаење, лидерство, посветеност и искуство“, наведуваат од Стопанска банка АД – Скопје.

Банката ѝ упати честитки на г-ѓа Мирјана Трајановска за новиот мандат и изрази уверување дека таа и во наредниот период ќе продолжи да придонесува кон остварувањето на стратешките цели на Стопанска банка АД – Скопје и создавањето долгорочна вредност за клиентите, вработените, акционерите и пошироката заедница.

Продолжи со читање

Business Woman

Стопанска банка АД – Скопје и довери нов четиригодишен мандат на Милица Чапаровска – Јовановска во Управниот одбор

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја реизбра Милица Чапаровска – Јовановска за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.

Одлуката за повторното именување е донесена од Надзорниот одбор на Банката на 6 февруари 2026 година, а стапи во сила по добиената согласност од Народната банка.

„Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно Одлуката за повторно именување од страна на Надзорниот одбор бр. 10/2026 од 6.2.2026 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-4890/6 од 23.04.2026 година (примено на 24.4.2026 година) г-ѓа Милица Чапаровска – Јовановска се именува за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години.“, информира Банката преку соопштение објавено на Македонска берза.

Со оваа одлука, Чапаровска – Јовановска ќе продолжи да ја извршува функцијата Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор во наредните четири години.

Продолжи со читање

Business Woman

Ериола Биболи назначена за нова извршна директорка на ProCredit Holding од март

Објавено

на

Германската банкарска група „ProCredit Holding“, која е претежно активна во Југоисточна Европа, објави дека членката на Управниот одбор, Eriola Bibolli, ќе ја преземе функцијата главен извршен директор (CEO) од март годинава, наследувајќи го Hubert Spechtenhauser, кој заминува во пензија.

Во соопштението објавено во четвртокот, претседателот на Надзорниот одбор, Rainer Ottenstein, истакна дека Биболи претставува симбол на стабилност, но и двигател на унапреден пристап кон дигитализацијата, скалабилноста и динамичниот раст на групацијата.

Биболи, родена во Албанија, својата кариера во рамки на групацијата ја започнала во 2001 година во ProCredit Bank Albania. Во 2019 година беше унапредена на позицијата главен извршен директор на ProCredit Bank Kosovo, а од 2023 година е член на Управниот одбор на матичната компанија.

Нејзиниот претходник, Спехтенхаузер, ја извршуваше функцијата извршен директор на ProCredit Holding од ноември 2022 година.

Со седиште во Франкфурт, ProCredit Holding опфаќа банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Молдавија и Романија. Надвор од Југоисточна Европа, групацијата има подружници и во Украина, Грузија и Еквадор. Нејзините кредитни активности се насочени кон микро, мали и средни претпријатија (ММСП).

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange