Продукти
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена

Станбениот кредит на Комерцијална банка е наменет за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.
“Направи го и последниот чекор со избор на Станбен кредит со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување, администрирање и процена во промотивниот период до 31.12.2024 година. Во промотивниот период има фиксна годишна каматна стапка од 3,1% за првите пет години. Достапен е и со опција за вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје, а се со цел да добиеш финансиско решение кое ќе ги задоволи и твоите желби и твоите можности.” – велат од Банката.
Преку следниот линк дознај повеќе за Станбениот кредит на Комерцијална банка.
Бизнис
Mint App 1.3.0 со нови функционалности и велигденски изненадувања за корисниците

Финтек апликацијата Mint App продолжува да се развива и да ги следи современите трендови во управувањето со личните финансии. Со најновата верзија 1.3.0, корисниците добиваат пристап до три нови алатки кои овозможуваат уште подобра контрола, транспарентност и мотивација во секој финансиски чекор.
Во оваа верзија добивате:
- Преглед на крипто берзата – следете вредности и трендови во реално време (Следете ги движењата на најпопуларните криптовалути, добијте увид во пазарните трендови и донесувајте информирани одлуки базирани на точни и тековни податоци.);
- Калкулатор за приватно здравствено осигурување (индивидуално и семејно) – Едноставно споредете трошоци и бенефити за индивидуално и семејно осигурување. Оваа нова функционалност помага корисниците полесно да изберат најсоодветна полиса според нивните потреби и буџет;
- Специјален велигденски Mint Egg – oд денес до понеделник, корисниците имаат можност да отворат специјално велигденско јајце во апликацијата, кое крие изненадувања во форма на бонуси, награди и ексклузивни понуди!
Mint App расте со вас – за да имате повеќе контрола, јасност и мотивација во секој финансиски чекор.
Со секое ново ажурирање, Mint App се стреми да обезбеди практични и иновативни решенија кои ги поедноставуваат личните финансии. Апликацијата е наменета за сите кои сакаат да ги следат своите приходи и трошоци, да планираат буџет, да добиваат персонализирани финансиски совети и да останат чекор пред со своите финансиски цели.
Ажурирајте ја или преземете ја апликацијата на следниот линк: https://mint.com.mk/mintapp
Продукти
Купувај со мера, штеди со план – твој водич за паметно празнично трошење

Празничните денови што следат носат промена во ритамот на секојдневието повеќе слободно време, дружења и активности надвор од вообичаените навики. Со тоа доаѓа и потребата за подобра организација, не само на времето, тукуи на личните финансии. Во вакви периоди, одлуките што гиносиме за тоа како, кога и каде трошиме добиваат уштепоголемо значење. Прашањето не е дали ќе потрошиме, тукудали ќе го направиме тоа паметно. Современите дигиталниалатки на Халкбанк им овозможуваат на корисниците токму тоа – контрола, прегледност и вредност при секоја трансакција, без разлика дали станува збор за штедење, награди или сигурно онлајн купување.
Микроштедење што се случува додека купуваш
Најдобриот начин да започнеш со штедење е токму преку секојдневните трансакции. Со е-Касичката на Халкбанк, секоe купување со платежна картичка автоматски придонесува кон твојата лична заштеда. Системот заокружува износи при плаќање, а разликата се префрла напосебна сметка. Овој едноставен, но ефикасен механизам овозможува штедење без да го почувствуваш товарот на традиционалните методи. Особено во празничен период, кога купувањата се почести, ваквиот начин на автоматизирано штедење може да направи вистинска разлика во твојата финансиска состојба.
Празнично пазарење со Бонус поени
Секоја трансакција со картичките на Халкбанк не е самокупување – тоа е и можност за награда. Преку програмата залојалност на Бонус поени, со секоја трансакција направена со кредитните картички, клиентите собираат поени коиможат да ги искористат за делумно или целосно плаќање во мрежата на партнери на банката. Овие поени можат дабидат одличен ресурс за купување велигденски подароциили покривање на неочекувани трошоци поврзани сопразничните прослави. На тој начин, дел од празничниотбуџет останува недопрен, додека клиентите сепак можат даподаруваат и израдуваат.
Онлајн купување – безбедно, практично и под контрола
Во време кога многу луѓе ја избегнуваат гужвата и сакаат дазаштедат време, онлајн купувањето станува сè попривлечно. Халкбанк преку својата платформа за E-commerceовозможува сигурно плаќање, заштита преку 3D Secureтехнологија и комплетна прегледност на трансакциите прекумобилно или интернет банкарство. Со ова, празничнотошопинг искуство станува не само удобно, туку и целоснопод твоја контрола – од потврда на трансакции до следењена трошоци во реално време.
Празнична радост со долгорочна финансиска грижа
Халкбанк не нуди само алатки за тековна удобност, туку и за долгорочна финансиска стабилност. Комбинирањето на микро штедење, паметно користење на поени и безбедно онлајн купување е пример за одржливи финансиски навики што може да се применуваат не само за празници, туку и во секојдневниот живот. Финансиската едукација е клучна – затоа Халкбанк ги охрабрува своите клиенти да ги користат овие алатки како начин за создавање здрав однос кон парите, каде што штедењето и трошењето не се спротивставени, туку комплементарни процеси.
Паметното празнично купување не значи откажување од задоволства – туку нивно планирање и уживање без грижа на совест. Со е-Касичка, Бонус поени и E-commerce, празниците можат да бидат исто толку убави, а сепак финансиски паметни.
Банки
За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит

НЛБ Банка воведува две нови функционалности преку својата мКлик мобилна апликација, правејќи ја мКлик апликацијата вистинска „банка на дланка“ и овозможувајќи продуктите кои досега се пласираа единствено на традиционален начин да бидат достапни до клиентите и преку дигиталните канали на Банката.
Веќе од денес, корисниците на мобилното банкарство на НЛБ Банка можат да аплицираат за кредитна картичка, како и за зголемување на кредитен лимит на постоечка картичка, едноставно преку својата мКлик мобилна апликација. Онлајн аплицирањето овозможува лесен и брз пристап до финансиски средства, без потреба од физичка посета на експозитура, освен кога клиентот треба да ја подигне новата картичка и ПИН кодот за нејзино користење, во експозитурата која тој самиот ќе ја избере. Во процесот за зголемување на лимит на кредитна картичка, клиентот го има на располагање новиот лимит веднаш по завршување на процесот.
„Ние будно ги следиме преференците на клиентите согледувајќи ја нивната сè поголема потреба да управуваат со своите финансии дигитално и со само неколку допири на својот телефон или компјутер. По неодамна воведеното електронско потпишување на кредитна документација, онлајн ажурирањето на лични податоци и низа други дигитални услуги на Банката, со оваа надградба, продолжуваме да ги носиме традиционалните банкарски услуги од експозитурите во рацете на нашите клиенти, овозможувајќи им супериорно искуство и високо ниво на безбедност.“ – истакнуваат од НЛБ Банка.
За да можат да аплицираат онлајн за кредитна картичка и/или зголемување на кредитниот лимит на постоечка картичка, клиентите треба да користат еден од мКлик пакетите со привилегија на плаќање, валиден документ за лична идентификација евидентиран во системите на Банката, активна платежна сметка и средства на истата за наплата на апликативен трошок.
Трошокот за онлајн аплицирање за кредитна картичка и/или зголемување на кредитниот лимит на постоечка картичка е ист како и во експозитурите, а сите нови апликации преку мКлик каналот, почнувајќи од денеска и во наредните три месеци, промотивно се достапни без надоместок.
Клиентите можат да ја ажурираат или преземаат мКлик мобилната апликација бесплатно од платформите PlayStore или AppStore, во зависност од оперативниот систем на корисничкиот уред. мКлик нуди едноставен пристап до сите банкарски податоците, проверка на состојба и промет на сите сметки, овозможува и вршење на интерни трансакции, плаќање на режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица, плаќање на пријател, аплицирање за кредит како и низа други придобивки. Преку неа, корисниците можат да бидат во контакт со Банката во кое било време, без разлика каде се наоѓаат – дома, на работа или во движење.
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 недела
Шпаркасе Банка наскоро започнува со изградба на нова Централа во Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Колумнипред 2 месеци
Онлајн пристапот е лесен, но дали го чуваме доволно безбеден?
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
STB Pay by link – ново платежно решение за вашиот бизнис од Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 3 недели
Интервју | ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА: Вклучувањето на Македонија во СЕПА отвора ново поглавје во меѓународните плаќања