Connect with us

Останато

Привремено затворање на патот од хотелот Бистра до Леуново во Маврово на 8 Септември поради трката Халк Вело Грин

Објавено

на

Халкбанк, на 8 Септември 2024 година, во Маврово ја организира петтата по ред трка Халк Вело Грин во која ќе учествуваат околу 300 велосипедисти кои ќе возат трка долга
22, односно 12 километри.

Со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на трката, на 8 Септември, од 09:00 до 16:30 часот, сообраќајот ќе биде затворен на патниот правец од хотелот Бистра до Леуново во двете насоки.

Почетокот на трката е закажан за 10:00 часот.

Стартна и целна позиција е паркингот пред Хотел Спорт, каде покрај трката, ќе се одвива и забавна програма наменета за сите гости, поддржувачи и пријатели на велосипедистите.

За деталите и агендата на трката, може да се информирате на каналите на социјалните
мрежи на организаторите: https://www.instagram.com/halkeco и
https://www.facebook.com/halkvelogreen

Останато

Жените менаџерки од „Елит“ ја избраа Македонка Димитрова за „Жена Лавица“

Објавено

на

Членките на Здружението на жени менаџерки „Елит“ ја заокружија оваа успешна година којашто беше исполнета со повеќе средби, проекти, настани, како што беше женскиот економски форум „Балкан 2024“, со избор на Жена „Лавица“. 

Четврта година по ред, во месецот на претприемништвото, традиционално, жените менаџерки со гласање го спроведоа изборот за  тековната година, а  во согласност со програмските активности и мисијата женското претприемништво и лидерство во бизнисот да станат значаен фактор во македонската економија.

Меѓу 11 силни жени лидерки, коишто беа номинирани за жена „Лавица“ за 2024 година е избрана Македонка Димитрова, којашто во текот на годинава несебично се ангажираше за остварување на проектните активности на „Елит“.  Димитрова, преку својата истрајност,  инспиративност,  иновативност и заложба за родова еднаквост и лидерство е пример за жена „Лавица“ и на професионален и на личен план.

Целта на доделувањето на ова признание е да се афирмира женското претприемништво и женското лидерство кои придонесуваат за поголем  економски развој и за подобра иднина во општеството. 

Врз основа на учеството на членките во  активностите за реализација на програмските активности, преку промовирање и афирмација на Здружението и заложби за женското лидерство, членките на „Елит“ избраа уште 4 жени на кои им беа доделени благодарници за особен придонес со цел да ги мотивираат сите членки. По пат на менторство, односно секоја членка има право да предложи жена лидер, Здружението беше збогатено со уште три нови силни жени менаџерки. 

„Уверени сме дека само со постојна надградба, инспирација и личен пример можеме да ги надминеме бариерите коишто се присутни во нашето општество. На крајот од годинава, упатувам порака до сите жени во земјава дека само заедно може да го направиме светот подобро место за живеење, работа, радости, успеси за сите“, истакна претседателката на Здружението на жени менаџерки „Елит“, Ленка Угриновска.

Продолжи со читање

Останато

Новогодишната кошничка ќе трае еден месец и ќе донесе пониски цени на 675 производи

Објавено

на

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија Бесар Дурмиши денеска во Владата промовираа „Новогодишна кошница“ со 675 производи со намалени цени. Од Министерството за економија велат дека станува збор за иницијатива покрената од производителите, дистрибутерите и трговците со прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни производи. Како што кажа министерот Дурмиши, 675 производи ќе се продаваат на акција по пониски цени од 10% и повеќе за новогодишните празници.

„Оваа иницијатива за Новогодишната кошница беше покрената од производителите, дистрибутерите и трговците со прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни производи кои се понудија да достават листа на нивни најпродавани производи за време на новогодишните празници кои ќе се продаваат на акција по пониски цени од 10% и повеќе. Новогодишната потрошувачка кошница е акциско намалување на цените на одделни прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци која ќе важи еден месец, односно во периодот од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година, во време кога се вклопуваат повеќе празници. Со акциското намалување на цените се опфатени основните прехранбени производи од различни групи на производи (леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и козервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалоци (вино и пиво) и др. Групите на производи се сублимираа во Листа на прехранбени производи во опфат од над 675 производи, понудени од вкупно 60 компании и производители и дистрибутери“ кажа министерот Дурмиши и потенцираше дека производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе““, кажа Дурмиши на прес-конференција.

Тој додаде дека граѓаните можат да се запознаат со производите кои се понудени во листата од страна на производителите и дистрибутерите на посебна веб-страна mojakosnica.mk. Производите од листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Акцијата ќе трае од 15 декември до 15 јануари.

„Во присуство на производителите и дистрибутерите, направивме нешто што досега можеби никогаш не е направено, а тоа е дека сите заедно ние разговаравме извесен период и за време на тие разговори дојдовме до компромис во којшто сите страни се согласивме дека во периодот од 15-ти декември до 15-ти јануари цените на одредени производи, а тоа се повеќе од шестотини артикли, ќе бидат намалени и брендирани како што беше до сега, помалку трошоци повеќе за тебе, и се грижиме“, кажа премиерот Мицкоски.

Бидејќи станува збор за, како што кажа, консензуално решение, а не интервентна мерка на Владата, премиерот рече дека нема да има казнување, туку само мониторинг за тоа дали сите производи ќе бидат означи со соодветните налепници за да можат да бидат препознатливи за граѓаните.

„Тоа е многу важно, бидејќи на тој начин ќе можат и граѓаните сето тоа да го препознаат. Нормално, ова не е направено со интервентна мерка од страна на Владата, не е направено со ограничување на цените, туку е консензуално решение и поради тоа нема да има за ова казнување, се разбира, туку ќе има само мониторинг на тоа дали на сите тие производи ќе бидат залепени сите овие налепници за коишто зборуваме, за да биде визибилно за граѓаните, за да можат тие да ги препознаат овие производи“, изјави премиерот.

Сумирајќи на крајот, тој рече дека очекува успешна акција во која и понатаму сите ќе продолжиме да бидеме, како што кажа, општествено одговорни во овие тешки моменти и да помогнеме на македонските граѓани, на македонската економија, стандардот на македонските граѓани и на тој начин да има повеќе за секого.

„Очекувам успешна акција, очекувам ниски цени во очи на новогодишните празници, и очекувам среќни граѓани и полна трпеза за време на празниците коишто следат“, заклучи Мицкоски.

Продолжи со читање

Криптовалути

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НАЈАВУВА РЕВОЛУЦИЈА – Криптовалутите наскоро ќе бидат легални во Македонија!?

Објавено

на

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека според него тоа е иднината и дека ќе бидеме меѓу првите земји во регионот кои тоа ќе го направат.

„Сакаме сето тоа легално да го канализираме во рамки на законот, но има премногу работи што треба претходно да се усогласат и тоа и го правиме, ги усогласуваме тие работи за да дојдеме до финалниот производ. Тоа е иднината и мислам дека ќе бидеме меѓу првите во регионот, ако не и први, такво нешто да направиме. Како ќе функционира, ќе видиме, но тоа по мене е иднината“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција посветена на новогодишната кошничка.

Вредноста на биткоинот за првпат денеска надмина 100.000 долари.

Продолжи со читање

Популарно