Connect with us
no baners

Банки

Илија Илоски, Билјана Максимовска Поповиќ и Никола Џамбазовски остануваат дел од Управниот одбор на Комерцијална банка и во наредниот период

Објавено

на

Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје известува дека согласно Одлука на Надзорниот одбор на Банката и издадена согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од 11.06.2024 година продолжен е мандатот на постојните членови на Управниот одбор на Банката – Илија Илоски за период од четири и пол години и на Билјана Максимовска Поповиќ и Никола Џамбазовски за период од шест години.

Илија Илоски во Комерцијална банка АД Скопје е од 2006 година како Генерален директор, a од 2008 година ја извршува функцијата Главен оперативен директор и член на Управниот одбор.

Билјана Максимовска Поповиќ во текот на својата професионална кариера напредува на различни позиции во Комерцијална банка АД Скопје. Во 2003 година станува дел од менаџментот на Банката како директор на Дирекцијата за кредитирање на индустрија, а подоцна во 2007 година е назначена за директор на Секторот за кредитирање на стопанство. Од 2022 година ја извршува функцијата Главен директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Д-р Никола Џамбазовски своето прво работно искуство го стекнува во Комерцијална банка АД Скопје каде во 2003 година се вработува како референт за безготовински платен промет во Самостојната дирекција за платен промет во земјата. Своето кариерно искуство го продолжува на повеќе позиции во Секторот за кредитирање на стопанство, каде што се стекнува со нови вештини и знаења. Од 2017 година е назначен за директор на новооснованата Самостојна дирекција за наплата на проблематични кредити, функција која ја извршува и денес. Од 2017 до 2022 година беше неизвршен член и Претседател на Одборот на директори на Тутунски комбинат Прилеп. Од 2022 година ја извршува функцијата Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје го сочинуваат:

  • Хари Костов – Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор;
  • Илија Илоски – Главен оперативен директор и член на Управниот одбор;
  • Д-р Маја Стевкова Штериева – Главен финансов директор и член на Управниот одбор;
  • Билјана Максимовска Поповиќ – Главен директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор;
  • Д-р Никола Џамбазовски – Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор;
no baners

Банки

Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) потпишаа Меморандум за соработка и јакнење на институционалните капацитети

Објавено

на

Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија – СЕKО (SECO) потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за соработка во периодот 2025 ‒ 2028 година. Меморандумот го потпишаа гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер.

Соработката опфаќа обезбедување техничка помош и размена на знаење заради унапредување на истражувачката активност, модернизација на алатките неопходни за водење монетарна политика, зајакнување на стабилноста на финансискиот сектор, како и за понатамошно јакнење на институционалните капацитети на Народната банка.

„Воспоставената соработка претставува значаен поттик за натамошно зајакнување на капацитетите на Народната банка во повеќе важни области на работењето и потврда на долгогодишното партнерство меѓу нашата земја и Швајцарија“, истакна гувернерот Славески нагласувајќи ја улогата на централната банка во обезбедувањето макроекономска стабилност и поддршката на одржливиот економски развој.

„Швајцарија е посветен партнер за развој на Северна Македонија повеќе од 30 години. Преку овој меморандум за соработка, ја потврдуваме нашата поддршка за економските институции и реформите во земјата, како и за силна, независна и кредибилна централна банка којашто ги применува меѓународните и европските стандарди. Швајцарија го почитува ова партнерство и е посветена на унапредување на макроекономската стабилност и на одржливиот економски развој“, истакна амбасадорот Зомер.

Во рамките на Програмата, активностите се насочени кон унапредување на спроведувањето на монетарната политика, промовирање стабилен и сеопфатен финансиски сектор, зајакнување на отпорноста, одржливоста и ефикасноста во работењето. Поддршката опфаќа анализа и спроведување на монетарната политика, макроекономски податоци и статистика, истражувања, финансиска стабилност и вклученост, развивање нови дигитални решенија за модернизација на платежната инфраструктура преку подобрување на пристапот до платежните услуги, еколошката одржливост, управувањето со ризиците, како и управувањето со човечките ресурси и меѓународната соработка.

Соработката се остварува во рамките на Програмата за билатерална помош и градење капацитети за централните банки (Bilateral Assistance and Capacity Development for Central Banks – BCC), финансирана од СЕКО и спроведена од Женевскиот институт за меѓународни и развојни студии. Програмата има за цел да ги зајакне капацитетите на централните банки во земјите во развој преку унапредување на нивната аналитичка и техничка експертиза за водење ефикасна монетарна политика и одржување стабилен финансиски систем. Со потпишувањето на Меморандумот, Народната банка ќе биде дел од оваа мрежа на институции коишто преку оваа програма инвестираат во знаење и напредок.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја одбележа успешната 2025 година и 40 години посветеност кон клиентите и заедницата

Објавено

на

Традиционалната новогодишна корпоративна забава на НЛБ Банка беше прилика за свечено заокружување на една навистина успешна и значајна година за Банката.

Настанот на кој присуствуваа вработени од сите сектори, беше посветен не само на успехот во 2025 година, туку и на јубилејот – 40 години стабилен раст, доверба, иновации и посветеност кон клиентите и заедницата.

Во своето обраќање, раководството на Банката истакна дека токму тимската работа, вредностите врз кои е изградена Банката и јасната визија се клучни за одржување на долгогодишниот успех и за продолжување на развојот во наредните години.

Вечерта ја збогатија и специјалните културни моменти – извонредниот настап на Тамара Тодевска ја донесе магијата на музиката, додека програмата ја водеше шармантната Миа Костова. Ова беше уште една потврда дека НЛБ Банка континуирано ја поддржува македонската уметничка сцена и создава незаборавни искуства за вработените и гостите.

Со поглед кон иднината, раководството на Банката ја истакна посветеноста кон развој на дигитални услуги, иновации, врвно корисничко искуство и одржлив раст, со што НЛБ Банка и во наредната година ќе остане лидер во финансискиот сектор.

40 години стабилен раст, доверба и посветеност – НЛБ Банка продолжува да ја потврдува својата улога како една од најсилните и најиновативните финансиски институции во земјата.

Во продолжение, погледнете дел од атмосферата од оваа незаборавна вечер…

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка донираше интерактивна табла за ООУ „Др. Трифун Пановски“ во Битола

Објавено

на

Комерцијална банка донираше интерактивна табла на едно од најстарите основни училишта во Битола со цел поквалитетен образовен процес и поголемо внимание кај децата. Учениците во ООУ „Др. Трифун Пановски“, кое почнало со работа во далечната 1932 година, добија можност да се образуваат на современ и интересен начин.

Во ова училиште покрај редовна, се одвива и настава за деца со посебни потреби. Комерцијална банка со оваа донација овозможува учениците да добијат подинамични и ангажирани часови, а наставниците да имаат можност полесно и покреативно да ја реализираат наставната содржина.

Во текот на своите 70 години постоење, Банката континуирано вложува во најзначајните општествени сегменти, меѓу кои е и образованието, затоа што Комерцијална банка верува дека придонесот кој го дава за заедницата е инвестиција која носи голем општествен поврат.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange