Connect with us

Банки

Подарок без промашување: Комерцијална банка нуди gift-картички за Skopje City Mall

Објавено

на

Комерцијална банка во соработка со Skopje City Mall нуди подарок-картички што претставуваат практично решение за сите што сакаат да изберат подарок за своите најблиски без ризик да погрешат во изборот.

Подарок-картичките се достапни во износи од 1.000, 3.000 и 5.000 денари и можат да се користат во голем број продажни места во Skopje City Mall. Тие се наменети за различни пригоди, како родендени, свадби, новогодишни празници и други свечени моменти.

Од Банката посочуваат дека картичките се со модерен дизајн, доаѓаат во посебно пакување и овозможуваат додавање уникатна посвета, со што подарокот добива дополнителна лична вредност.

Постапката за добивање е едноставна – заинтересираните треба да посетат експозитура на Комерцијална банка и да го изберат посакуваниот износ. Картичките се издаваат веднаш и без потреба од пополнување формулари.

Подарок-картичката не е персонализирана и може да ја користи секое лице што ја поседува. Средствата на картичката може да се трошат повеќекратно во продажните места во Skopje City Mall што се дел од програмата, во рок од шест месеци од денот на купувањето.

Корисниците можат во секое време да ја проверат состојбата на картичката преку интернет-страницата на Банката или на шалтерите на Комерцијална банка.

Банки

Комерцијална банка: Илјадници корисници веќе плаќаат со Apple Pay

Објавено

на

Илјадници корисници веќе го користат Apple Pay за брзо и безбедно плаќање во продавници, преку апликации и онлајн, информираат од Комерцијална банка.

Корисниците на Mastercard дебитни и кредитни картички од Комерцијална банка можат да ги додадат своите картички во Apple Wallet и да плаќаат преку iPhone, Apple Watch, iPad или Mac.

За плаќање во продавница, потребно е корисникот двапати да го притисне страничното копче на уредот, да се автентицира и да го доближи iPhone или Apple Watch до терминалот за бесконтактно плаќање.

Од Комерцијална банка посочуваат дека секоја трансакција преку Apple Pay е заштитена со Face ID, Touch ID или лозинката на уредот, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код.

Apple Pay може да се користи во маркети, аптеки, ресторани, кафетерии, продавници и на други продажни места што поддржуваат бесконтактно плаќање.

Активирањето на услугата е едноставно. На iPhone потребно е да се отвори апликацијата Wallet, да се избере знакот „+“ и да се следат чекорите за додавање на Mastercard дебитна или кредитна картичка од Комерцијална банка.

Откако картичката ќе биде додадена, Apple Pay може веднаш да се користи на соодветниот Apple уред.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со викенд поволност: Подигнување готовина од банкомат без провизија

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје најави специјална поволност за своите корисници во текот на овој викенд.

Корисниците на VISA или MasterCard кредитни картички на банката ќе можат да подигнат готовина од кој било банкомат на Стопанска банка без провизија.

Поволноста важи само во текот на овој викенд, информираат од Стопанска банка преку објава на социјалните мрежи.

Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ ги претстави предлозите за новите евробанкноти, граѓаните ќе избираат меѓу десет дизајни

Објавено

на

Европската централна банка ги претстави десетте дизајнерски предлози што влегоа во потесен избор за новата серија евробанкноти и започна јавна анкета во која граѓаните низ Европа ќе можат да го кажат своето мислење.

Предлозите се базираат на две теми – „Европска култура“ и „Реки и птици“, а онлајн анкетата ќе биде отворена до 21 септември 2026 година.

„Евробанкнотите се повеќе од средство за плаќање – тие се еден од највидливите изрази на Европа“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, додавајќи дека новите дизајни треба да ја зајакнат заедничката европска идентификација.

Десетте предлози беа избрани по конкурс на ниво на Европската Унија, на кој пристигнале повеќе од 1.200 пријави од графички дизајнери. Од нив, 25 автори биле поканети да изработат предлози, по што независно жири составено од 21 експерт избрало десет финални решенија.

Покрај јавната онлајн анкета, независна истражувачка компанија паралелно ќе спроведе и посебно истражување меѓу репрезентативен примерок граѓани од еврозоната.

Управниот совет на ЕЦБ се очекува да ја донесе конечната одлука за дизајнот на новите банкноти кон крајот на годинава. При изборот ќе бидат земени предвид оценките на жирито, техничките анализи и резултатите од двете анкети.

Избраниот дизајн потоа ќе помине низ дополнителен развој и тестирање пред да започне производството. Новите банкноти се очекува да влезат во оптек во следните години, додека постојните евробанкноти ќе ја задржат својата вредност и ќе продолжат да се користат.

Ова ќе биде првиот целосен редизајн на евробанкнотите од нивното воведување во 2002 година.

Новата серија ќе содржи и подобрени безбедносни карактеристики за полесно препознавање на фалсификати и поголема пристапност за лицата со оштетен вид. ЕЦБ најавува и употреба на поодржливи материјали и производствени процеси со цел да се намали влијанието врз животната средина.

Извор: ECB

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange