Странски банки
Европската централна банка ги зголеми каматните стапки за 0,5 процентни поени

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки за прв пат по повеќе од 11 години, обидувајќи се да ја контролира зголемената инфлација во Еврозоната.
ЕЦБ ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 процентни поени на 0,0%, а планира дополнително зголемување во второто полугодие на тековната година.
Основната каматна стапка е негативна од 2014 година со цел да ги охрабри банките да позајмуваат пари и да ги пуштат парите во оптек наместо да ги депонираат во ЕЦБ.
Но, од почетокот на годинава потрошувачките цени забрзано растеа, дел како последица на пост ковид кризата, а најголем дел како последица на војната во Украина, па инфлацијата почна да достигнува рекордно високо ниво од 8,6 проценти. Тоа е далеку од предвидувањата на ЕЦБ за инфлацијата која според нив требаше да се движи до максимални 2 проценти.
Некои централни банки, вклучително и Банката на Англија, ги зголемуваат стапките бидејќи растот на цените се забрзува. Тоа веќе го направи и ФЕД, а најави и ново дополнително зголемување на каматните стапки.
Европската централна банка последна презема соодветни мерки со цел да ја заузди инфлацијата, но многу експерти си го поставуваат прашањата: Дали ова зголемување на основната каматна стапка е доволно? и Дали можеби ЕЦБ требаше многу порано да реагира и да преземе соодветни мерки?
Странски банки
30.000 банкари остануваат без работа како последица на банкарската криза?

Спасувањето на „Credit Suisse“ од страна на најголемата швајцарска банка „UBS“ се очекува да резултира со укинување на десетици илјади работни места, а швајцарскиот финансиски сектор веќе се подготвува за тешкиот удар дел од спорното преземање. (more…)
Странски банки
Најсигурната валута повеќе не е сигурна како последица од банкарската криза во Швајцарија

Швајцарскиот франк кој досега важеше за најсигурна и најстабилна светска валута полека ја губи довербата на финансиските пазари откако акциите на „Credit Suisse” паднаа на помалку од една третина од нивната претходна вредност. (more…)
Странски банки
UBS го презема конкурентот Credit Suisse за три милијарди евра!?

Најголемата швајцарска банка „UBS” се согласи да ја купи конкурентската швајцарска банка „Credit Suisse” за 3,23 милијарди долари (околу три милијарди евра) во акции, како и да преземе загуби до 5,4 милијарди долари (околу 5,05 милијарди евра), врз основа на швајцарскиот план на властите да се избегнат дополнителни потреси во банкарскиот сектор. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка