Connect with us

Банки

Гувернерот на Риксбанк: Независноста е клучна за довербата во централните банки

Објавено

на

Независноста на централните банки е еден од најважните предуслови за одржување на ниска и стабилна инфлација, доверба во парите и стабилен финансиски систем, оценува гувернерот на Шведската централна банка, Ерик Тедеен.

Во интервју по повод одбележувањето 80 години централно банкарство на Народната банка на Република Северна Македонија, Тедеен нагласува дека политичките притисоци врз монетарната политика стануваат сè почести, дури и во земјите во кои независноста на централните банки традиционално има силна поддршка.

Според него, централните банки што самостојно ги носат одлуките имаат поголема можност долгорочно да ја задржат инфлацијата на ниско и стабилно ниво. Како дополнителен ризик тој го посочува влошувањето на јавните финансии во голем број земји, што може да доведе до поголемо влијание на фискалната политика врз монетарните одлуки.

Говорејќи за улогата на централните банки, Тедеен истакнува дека нивните основни цели и натаму остануваат макроекономската и финансиската стабилност, како и зачувувањето на вредноста на парите.

Тој предупредува и на ризикот од прекумерно проширување на надлежностите на централните банки. Според него, тие треба внимателно да проценат дали новите економски и општествени прашања се во рамките на нивниот законски мандат, бидејќи излегувањето надвор од овластувањата може да ја наруши довербата на јавноста и демократската легитимност на нивната независност.

Како пример ги наведува климатските промени, кои можат да влијаат врз инфлацијата, синџирите на снабдување и финансиската стабилност, но нагласува дека централните банки не треба да носат политички одлуки за изборот на енергетски извори.

Тедеен потсетува дека Риксбанк, основана во 1668 година и позната како најстара централна банка во светот, и денес ги задржува основните принципи врз кои била создадена – работа во јавен интерес, грижа за економската стабилност, сигурен платен систем и одржување на довербата во финансискиот систем.

Извор: НБРМ

Банки

Халкбанк со Halk Special: повеќе банкарски услуги за 200 денари месечно

Објавено

на

Халкбанк го нуди пакетот Halk Special за 200 денари месечно, кој обединува повеќе банкарски услуги во рамки на еден месечен трошок.

Како што информираат од банката, пакетот вклучува одржување на платежна сметка, Visa Platinum дебитна картичка и Visa Vita кредитна картичка.

Корисниците на Halk Special добиваат и можност за влез во деловни салони и користење fast track услуги, како и повлекување готовина во странство без провизија.

Во пакетот се вклучени и електронско и мобилно банкарство достапно 24 часа, СМС известување и попусти кај одбрани трговци.

Дополнително, како подарок со пакетот се добива и ORYX Home Assistance, соопшти Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со пакет за жени претприемачки: Кредит до 500.000 евра и повеќе поволности

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди пакет наменет за жени претприемачки, со финансиска поддршка и повеќе поволности за развој и унапредување на бизнисот.

Во рамки на понудата е достапен кредит до 500.000 евра, со рок на отплата до 120 месеци. Пакетот вклучува и водење сметка без месечен трошок, како и електронско банкарство без надоместок.

Корисничките добиваат и деловна Mastercard картичка без надоместок за издавање, како и повисоки каматни стапки за различни типови орочени депозити.

Дополнително, пакетот вклучува подарок годишна полиса за патничко осигурување со покриеност до 30 дена.

Од Халкбанк посочуваат дека понудата е креирана со цел да им овозможи на жените претприемачки полесен пристап до финансиски средства и услуги потребни за развој на нивниот бизнис.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со TOPSI картичка за млади: 0 денари месечни трошоци и повеќе дигитални поволности

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја промовира TOPSI картичката наменета за млади, со повеќе дигитални поволности и без месечни трошоци.

Со TOPSI картичката, корисниците имаат пристап до банкарски услуги 24 часа дневно, брзи трансфери преку TOPSI Pay, како и можност за користење на Apple Pay и Google Pay.

Дополнително, за корисниците на картичката е достапен и 20 проценти попуст на курсеви од Семос Едукација.

Од банката порачуваат дека TOPSI е создадена за младите кои сакаат брз, едноставен и дигитален пристап до секојдневното банкарство.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange