Connect with us
no baners

Останато

Комисијата за хартии од вредност објави конкурс за Годишна награда за најдобар научен труд

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија распиша конкурс за Годишна награда за најдобар труд од млади истражувачи во областа на пазарот на капитал за 2026 година. Целта на конкурсот е да се поттикне и афирмира научно-истражувачкиот труд и развој на научната мисла, особено меѓу младите експерти и истражувачи. 

На конкурсот можат да учествуваат државјани на Република Северна Македонија до 35 години, со објавени научни трудови од областа на пазарот на капитал, објавени по 1 јануари 2025 година. Авторот може да поднесе само еден труд, самостојно или со еден коавтор, а трудовите може да бидат поднесени на македонски или албански јазик. 

За учество, кандидатите треба да приложат кратка биографија (CV), изјава за оригиналност и согласност за објавување на трудот, согласно упатствата што се дел од конкурсот, и да ги испратат документацијата и самиот труд електронски на конкурсната адреса: [email protected]

Комисијата ќе формира четиричлен Одбор за оценување, кој анонимно ќе ги вреднува пристигнатите трудови според строго утврдени критериуми. 

Највисоката награда за прворангираниот труд изнесува 90,000 денари нето, а ако Одборот оцени дека второрангираниот труд заслужува посебна награда, може да додели и втора награда во износ од 50,000 денари нето. Доколку, пак, Одборот најде дека ниту еден труд не ги исполнува критериумите за највисок квалитет, може да не се додели награда. 

Крајниот рок за поднесување на трудовите е 1. мај 2026 година, а Комисијата ќе ги соопшти резултатите преку официјално соопштение на нејзината веб-страница. 

Останато

Македонската берза ќе ја одржи јубилејната 25. Годишна конференција во Охрид

Објавено

на

Македонската берза најави дека јубилејната 25. Годишна конференција ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во хотелскиот комплекс „Метропол Лејк Ресорт“ во Охрид.

Како што информираат од Берзата, конференцијата претставува еден од најзначајните финансиски настани во земјата, на кој ќе учествуваат експерти од Македонија и регионот. Учесниците ќе имаат можност да проследат презентации и панел-дискусии посветени на актуелни теми од финансиската индустрија, како и да разменат искуства и да воспостават нови професионални контакти.

Организаторите најавуваат присуство на реномирани говорници и експерти, а деталната агенда и начинот на регистрација ќе бидат објавени дополнително.

Конференцијата ќе се одржи во период кога финансискиот сектор се соочува со нови предизвици и можности, што се очекува да биде една од клучните теми на годинешниот собир.

Продолжи со читање

Останато

Македонска берза ја поддржа подготовката на средношколците за Меѓународната економска олимпијада

Објавено

на

Македонска берза и годинава се вклучи во подготовките на националниот тим средношколци кои ќе ја претставуваат државата на Меѓународната економска олимпијада.

На настанот учествуваа и претставници на Комисија за хартии од вредност и Агенција за супервизија на осигурувањето, кои преку интерактивни презентации и практични примери им овозможија на учениците подобро да се запознаат со функционирањето на финансискиот систем.

Во рамки на обуката, учениците имаа можност да научат повеќе за финансиските пазари, институциите во финансискиот систем и нивната улога во економскиот развој, како и за основите на инвестирањето, тргувањето со хартии од вредност и функционирањето на пазарот на капитал.

Од Македонска берза им посакаа успех на младите економисти и ја истакнаа својата поддршка за нивното учество на меѓународниот натпревар. „Со среќа дечки“, порачаа од институцијата.

Продолжи со читање

Бизнис

„Мој ДДВ“ со технички проблеми: Граѓаните повеќе од три дена не можат да скенираат фискални сметки

Објавено

на

Граѓаните веќе неколку дена се соочуваат со потешкотии при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, поради што дел од корисниците не можат да се најават и да скенираат фискални сметки.

Според бројни пријави, при внесување на ПИН-кодот се појавува пораката „Нема конекција од УЈП“, што го оневозможува пристапот до системот. Корисниците посочуваат дека проблемот трае повеќе од 72 часа, предизвикувајќи незадоволство кај граѓаните кои редовно ја користат апликацијата за остварување поврат на ДДВ.

Од Управата за јавни приходи информираа дека апликацијата моментално работи со повремени забавувања и дека стручните тимови активно работат на утврдување на причините и отстранување на техничките проблеми, со цел услугата што поскоро да биде целосно функционална.

Засега, од УЈП не е соопштен конкретен рок кога апликацијата „Мој ДДВ“ повторно ќе функционира без прекини и ограничувања.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange