Connect with us
no baners

Банки

Подгответе се за вселување: Станбен кредит од Халкбанк за дом од соништата

Објавено

на

Вселувањето во нов дом е возбудливо поглавје во сечиј живот, но може да биде и застрашувачко искуство, доколку не биде испланиран секој детал од селидбата. Токму затоа, од суштинско значење е да им се даде приоритет на најважните и неопходните задачи за да си го олесните процесот на преселување и да обезбедите непречено и удобно сместување во вашиот нов дом од соништата. Имајте на ум дека преселбата треба да ја правите постепено, односно да не чекате се до последниот ден, бидејќи подготовката и доброто планирање ќе ви помогнат да си го распределите времето на многу порелаксиран начин.

Подредете ги вашите работи и расчистете ги пред да се пакувате. Донирајте или отфрлете ги предметите што повеќе не ви се потребни за да ги намалите трошоците во текот на селидбата и нередот во вашиот нов дом. Приоритет на распакување треба да им се даде на основните предмети како што се прибор, постелнина, тоалетен прибор и неколку промени на облеката. Ова ќе ви помогне да се чувствувате удобно и уште од самиот почеток како дома. Покрај тоа, доколку е можно закажете детално чистење на станот пред да се вселите, за да обезбедите свеж и хигиенски простор за живеење.

Домот од соништата може да стане реалност и секој може да го добие своето идеално место за живеење со лесно достапен и атрактивен станбен кредит. За да одговори на зголемените барања на граѓаните за обезбедување сопствен дом или паметно вложување на своите средства, Халкбанк нуди соодветен производ – Станбен кредит со животно осигурување што нуди поволни услови за клиентите – фиксна каматна стапка од 3,5% за првите 5 години или 3,85% фиксна каматна стапка за првите 10 години.

Кредитот може да се искористи за купување на стан, купување на куќа, викендичка и купување на деловен простор како и рефинансирање на кредитните изложености на клиентите во други банки по основ на станбен кредит. Станбениот кредит со животно осигурување е обезбеден со полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје, со можност за еднократна уплата на премија и годишна уплата на премија за животно осигурување. Со полисата за животно осигурување се овозможува заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Покрај фиксна каматна стапка за првите 10 години и временскиот рок на отплата до 30 години (360 месеци), дополнителна поволност за клиентите кои се заинтересирани за овој кредитен производ кој го нуди Халкбанк АД е ниска стапка на вкупни трошоци на кредитот, односно 450 денари за проверка во Кредитно биро (надоместот се наплаќа пред исплата на кредитите и не се наплатува за одбиени и откажани барања), 150 денари за апликација за кредит и БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства како и големи олеснувања во обезбедувањето.

Максималниот износ за станбениот кредит со животно осигурување е 300.000 евра, а клиентите добиваат можност и за грејс период од 12 месеци.

Огромни поволности за клиентите, затоа што за Халкбанк – Важни се луѓето!

Банки

Халкбанк и Go Digital потпишаа Меморандум за соработка – партнерство за дигитална трансформација на бизнисите

Објавено

на

Во просториите на Халкбанк АД Скопје беше свечено потпишан Меморандум за соработка со Центарот за дигитална трансформација Go Digital, со што се поставуваат темели за заеднички активности во областа на дигитализацијата и иновациите.

Од страна на Go Digital, потписник на меморандумот беше претседателот на Управниот одбор, г-дин Васко Кронески.

Соработката има за цел поддршка на дигиталната трансформација на микро, малите и средни претпријатија, преку организација на обуки, едукативни настани и иницијативи за унапредување на знаењата и вештините. Воедно, ќе се поттикнуваат инвестиции во дигитализација и зелена трансформација.

Овој чекор претставува дополнително зајакнување на заложбите за развој на современа, иновативна и конкурентна деловна средина.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка АД Скопје: Известување за неработен ден – 20.3.2026 година (петок)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод претстојниот државен празник – „Рамазан Бајрам“, на 20.03.2026 година (петок), филијалите и експозитурите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат.

Во секое време на располагање на клиентите им се достапни услугите преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, како и мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

ТТК Банка АД Скопје ви го честита празникот!

Продолжи со читање

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 20 март

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 20 март (петок) поради прослава на празникот Рамазан Бајрам.

На 21 март ќе работат експозитурите кои се со редовно работно време во сабота.

„Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка, известуваат од Комерцијална банка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange