Кариера
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
НЛБ Банка е една од водечките Банки во Република Северна Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
Вработените од Деловниот сектор за работа со корпоративни клиенти во Службата за големи претпријатија на НЛБ Банка АД Скопје, Ве мотивираат да им се придружите и заедно да ги споделувате секојдневните предизвици во окружување каде главен фокус е управувањето со динамичните процеси, обезбедување на постојана насоченост кон клиенти како и континуирано зголемување на клиентската база на Банката во сегментот на кредитирање на големи претпријатија.
Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвикот, НЛБ Банка Ве поканува да се пријавите на отворената работна позиција:
Банкарски комерцијалист за личен третман
Деловен сектор за работа со корпоративни клиенти
Улога во тимот:
- Промовирање, понуда и продажба на банкарски и финансиски продукти и услуги на правни лица;
- Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
- Обработка на доставени барања за кредитна изложеност врз база на претходно изготвена финансиска и кредитна анализа;
- Управување со целокупното портфолио на клиентите;
- Следење и грижа за работењето на клиентите и наплата на нивните побарувања.

Вашиот профил:
- Универзитетско образование;
- Претходно две години искуство за работа со корпоративни клиенти (работа со правни лица, анализа на финансиски показатели) ќе се смета за предност;
- Развиени комуникациски и продажни вештини потребни за советување на клиенти и продажба;
- Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик, како и стручно/напредно користење на MS Office.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
- Приватно здравствено осигурување.
Потврдете го вашиот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложите амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV), најдоцна до петок 26 мај на: [email protected], со назнака Банкарски комерцијалист за личен третман.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Валандово – рокот за аплицирање до 8 мај
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Валандово, со краен рок за пријавување до 8 мај 2026 година.
Позицијата опфаќа извршување на благајнички и менувачки работи, активности поврзани со платен промет и банкоматско работење, како и активно промовирање и продажба на банкарски производи и услуги. Од кандидатите се очекува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси, како и проактивно привлекување нови клиенти.
Во однос на квалификациите, се бара универзитетско образование или статус на студент на додипломски или постдипломски студии, при што предност имаат кандидатите со економска насока. Дополнителна предност е претходно искуство со работа со готовина, како и развиени комуникациски и продажни вештини. Потребни се и основни познавања од ИТ алатки и англиски јазик.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и обука, како и менторство од искусни банкарски експерти. Во пакетот се вклучени конкурентна плата и надоместоци, приватно здравствено осигурување и трет пензиски столб, како и дополнителни бенефиции како слободни денови за посебни пригоди, платено татковско отсуство и активности за благосостојба на вработените.
Од Банката информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Кариера
Силк Роуд Банка вработува банкарски службеник во Скопје
Силк Роуд Банка објави оглас за вработување на банкарски службеник во експозитура во Скопје, нудејќи можност за работа во динамична и професионална средина со фокус на личен развој и напредок.
Од банката информираат дека кандидатите треба да имаат најмалку средно образование, а предност ќе имаат оние со универзитетска диплома. Потребно е и минимум една година работно искуство, по можност во благајничко работење, како и одлично познавање на MS Office алатките и англискиот јазик. Се бара и добро познавање на банкарските производи, развиени комуникациски и организациски вештини, како и прецизност и доверливост во работењето.
Избраниот кандидат ќе работи со готовински и безготовински трансакции, ќе врши менувачки активности и ќе учествува во советување на клиенти и промоција на банкарски производи. Позицијата вклучува и активности поврзани со кредитирање и вкрстена продажба на услуги.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на електронската адреса: [email protected], со назнака „Банкарски службеник во експозитура во Скопје“, најдоцна до 10 мај 2026 година.
Од банката посочуваат дека сите апликации ќе се третираат со строга доверливост, а ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.
Кариера
АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист), наменета за кандидати со аналитички пристап и интерес за работа на пресекот меѓу ИТ и банкарството.
Како што се наведува во огласот, избраниот кандидат ќе работи на проекти и анализа на деловни процеси, ќе учествува во тестирање и имплементација на апликации, како и во развој и унапредување на системи.
Заинтересираните кандидати треба да испратат биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака „Бизнис Аналитичар (Економист)“.
Огласот е отворен до пополнување на позицијата. Погледни го целосниот оглас на следниов линк: 👉 http://bit.ly/4tr3soZ See less
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Продуктипред 2 месециДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Кариерапред 2 месециНародна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
-
Кариерапред 1 месецОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 1 месецАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециХалк банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Интервјуапред 1 месецИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје




