Connect with us
no baners

Осигурување

КЗК “удри” по осигурителните компании: Над 17 милиони денари казни за картелско однесување

Објавено

на

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди постоење на картелско однесување меѓу десет осигурителни компании на пазарот на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (АО).

Според КЗК, во усогласеното однесување учествувале: Евроинс Осигурување, Триглав Осигурување, Македонија – Виена Иншуренс Груп, Сава Осигурување, Еуролинк, Граве, Уника, Осигурителна Полиса, Халк Осигурување и Кроација Осигурување.

Во постапката било утврдено дека компаниите во периодот од 1 март до 7 мај 2024 година разменувале чувствителни информации, координирале активности и речиси истовремено донеле идентични одлуки за зголемување на режискиот додаток, односно делот од премијата што се однесува на вршење на дејност.

КЗК оценува дека ваквото однесување претставува ограничување на конкуренцијата „по своја цел“, што е најтешка форма на повреда согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата. Со размената на информации и паралелното носење ценовни одлуки, независната деловна политика била заменета со колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането.

Врз основа на утврдените факти, КЗК изрече прекршочни санкции во вкупен износ од околу 280.000 евра. Ова значи дека секоја од десетте осигурителни компании би платила просечно по околу 28.000 евра казна.

Од Комисијата нагласуваат дека остануваат посветени на заштита на фер пазарни услови, спречување на картели и обезбедување конкурентна средина во интерес на потрошувачите и стопанството.

Осигурување

Кроација Осигурување: Животните промени се причина за ревизија на полисата за животно осигурување

Објавено

на

Животните околности и приоритетите на луѓето постојано се менуваат, а со нив се менуваат и потребите за финансиска заштита. Од Кроација Осигурување потсетуваат дека клучните животни настани се вистински момент за ревизија на полисата за животно осигурување.

Како најчести причини за преиспитување на постојната полиса се наведуваат стапувањето во брак, проширувањето на семејството, започнувањето ново работно место, унапредувањето во кариерата, дополнителните приходи или преземањето нови финансиски обврски.

Од компанијата велат дека навременото усогласување на полисата со актуелната животна состојба може да обезбеди поголема финансиска сигурност и спокојство за иднината.

„Животот постојано се менува, а со него и вашите приоритети. Клучни животни настани како стапување во брак, проширување на семејството, ново работно место или финансиски обврски се сигнал дека е време за ревизија на полисата за животно осигурување“, велат од Кроација Осигурување.

Продолжи со читање

Осигурување

Кроација Осигурување го промовира „Ексклузив осигурување – Живот“

Објавено

на

Кроација Осигурување ги повикува граѓаните да ја обезбедат својата иднина преку производот „Ексклузив осигурување – Живот“, кој нуди животно осигурување, можност за штедење и оплодување на средствата во рамки на едно решение.

Од компанијата посочуваат дека станува збор за производ кој овозможува финансиска сигурност и долгорочно планирање, комбинирајќи осигурителна заштита со можност за акумулација на средства.

Заинтересираните граѓани можат да добијат повеќе информации преку контакт-центарот на Кроација Осигурување на телефонскиот број 15-510 или преку официјалните канали на компанијата.

Производот е наменет за сите кои сакаат истовремено да инвестираат во својата финансиска сигурност и во иднината на своето семејство.

Продолжи со читање

Осигурување

Отворено гласањето за најдобрите тимови во натпреварот Future Finance на Iute Македонија

Објавено

на

Iute Македонија објави дека е отворено гласањето за финалистите во рамки на натпреварот Future Finance, со што започнува завршната и највозбудлива фаза од изборот на најдобрите идеи.

По разгледувањето на сите пристигнати апликации, избрани се осум финалистички тимови кои, според организаторите, се издвоиле со својата храброст, визија и креативност.

Публиката сега има можност да ги запознае финалистите, да гласа за својот фаворит и да даде поддршка на идеите што смета дека заслужуваат признание. Од Iute Македонија посочуваат дека токму гласовите на јавноста ќе бидат клучни во изборот на победниците.

„Секој глас може да направи разлика“, велат од компанијата, повикувајќи ги граѓаните да се вклучат во гласањето и да ги поддржат младите тимови и нивните иновативни решенија.

Гласањето е достапно преку платформата Futurefinance.iute.mk.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange