Connect with us
no baners

Кариера

НЛБ Банка вработува лице за контрола на усогласеност со прописите

Објавено

на

no baners

НЛБ Банка отвори оглас за нова работна позиција – лице задолжено за контрола на усогласеност на работењето на Банката со важечките прописи. Позицијата е клучна за обезбедување на сигурно, транспарентно и регулаторно усогласено работење во динамичниот банкарски сектор.

Работните задачи вклучуваат следење и тестирање на ризиците од неусогласеност, подготовка и контрола на интерни акти, како и континуирано советување во делот на регулативата. Дополнително, новиот кадар ќе биде одговорен за навремено следење на сите нови и изменети прописи.

Кандидатите треба да имаат завршено Правен факултет, а искуство во областа на усогласеност ќе се смета за предност. Потребни се одлични комуникациски и аналитички вештини, проактивен пристап во работењето и способност за самостојно донесување одлуки. Работното место бара и одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office.

Од Банката истакнуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во современо и мотивирачко опкружување, со пристап до напредни обуки, менторство од искусни банкарски експерти и јасен кариерен развој. Дополнително, вработените во НЛБ уживаат конкурентен пакет на плата и бенефиции, приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, платено татковско отсуство и денови за посебни пригоди, вклучително и за роденден.

Покрај тоа, политиката на Банката вклучува наградување на високите перформанси, учество во корпоративни проекти, активности за благосостојба на вработените и одбележување на значајни лични и семејни настани.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк: Отворени работни позиции – НЛБ Банка

Кариера

НЛБ Банка вработува банкарски советник во Валандово – рокот за аплицирање до 8 мај

Објавено

на

НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Валандово, со краен рок за пријавување до 8 мај 2026 година.

Позицијата опфаќа извршување на благајнички и менувачки работи, активности поврзани со платен промет и банкоматско работење, како и активно промовирање и продажба на банкарски производи и услуги. Од кандидатите се очекува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси, како и проактивно привлекување нови клиенти.

Во однос на квалификациите, се бара универзитетско образование или статус на студент на додипломски или постдипломски студии, при што предност имаат кандидатите со економска насока. Дополнителна предност е претходно искуство со работа со готовина, како и развиени комуникациски и продажни вештини. Потребни се и основни познавања од ИТ алатки и англиски јазик.

Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и обука, како и менторство од искусни банкарски експерти. Во пакетот се вклучени конкурентна плата и надоместоци, приватно здравствено осигурување и трет пензиски столб, како и дополнителни бенефиции како слободни денови за посебни пригоди, платено татковско отсуство и активности за благосостојба на вработените.

Од Банката информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Кариера

Силк Роуд Банка вработува банкарски службеник во Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка објави оглас за вработување на банкарски службеник во експозитура во Скопје, нудејќи можност за работа во динамична и професионална средина со фокус на личен развој и напредок.

Од банката информираат дека кандидатите треба да имаат најмалку средно образование, а предност ќе имаат оние со универзитетска диплома. Потребно е и минимум една година работно искуство, по можност во благајничко работење, како и одлично познавање на MS Office алатките и англискиот јазик. Се бара и добро познавање на банкарските производи, развиени комуникациски и организациски вештини, како и прецизност и доверливост во работењето.

Избраниот кандидат ќе работи со готовински и безготовински трансакции, ќе врши менувачки активности и ќе учествува во советување на клиенти и промоција на банкарски производи. Позицијата вклучува и активности поврзани со кредитирање и вкрстена продажба на услуги.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на електронската адреса: [email protected], со назнака „Банкарски службеник во експозитура во Скопје“, најдоцна до 10 мај 2026 година.

Од банката посочуваат дека сите апликации ќе се третираат со строга доверливост, а ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Продолжи со читање

Кариера

АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)

Објавено

на

АЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист), наменета за кандидати со аналитички пристап и интерес за работа на пресекот меѓу ИТ и банкарството.

Како што се наведува во огласот, избраниот кандидат ќе работи на проекти и анализа на деловни процеси, ќе учествува во тестирање и имплементација на апликации, како и во развој и унапредување на системи.

Заинтересираните кандидати треба да испратат биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака „Бизнис Аналитичар (Економист)“.

Огласот е отворен до пополнување на позицијата. Погледни го целосниот оглас на следниов линк: 👉 http://bit.ly/4tr3soZ See less

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange