Connect with us

Банки

Пензионерски пакет на Халкбанк – Сигурна пензија, помалку трошоци и поголема удобност

Објавено

на

Пензионирањето значи повеќе време за себе, за најблиските и за сето она што отсекогаш сте сакале да го правите. Без грижи за рокови и обврски, ова е периодот кога треба да уживате – во утринското кафе, прошетките, семејните собири и малите работи што носат радост. За да биде сè уште полесно, важно е и финансиските предизвици да бидат едноставни и без непотребни компликации.

Со Пакетот за пензионери од Халкбанк, сè е прилагодено на вашите потреби. Исплатата
на пензијата е пред секој први во месецот. Добивате можност безбедно и брзо да
располагате со вашите средства преку бесплатната MasterCard дебитна картичка со која
можете да подигнувате готовина од сите банкомати во земјата без провизија. Добивате и
бесплатно електронско банкарство достапно 24/7 за следење и менаџирање на сите ваши
трансакции од вашиот мобилен телефон или компјутер и бесплатни СМС известувања за
секоја трансакција. Дополнително, интерните налози на шалтерите во Халкбанк се без
провизија, обезбедувајќи поголема вредност за вашите средства.

Како знак на благодарност за довербата, Халкбанк доделува и подароци за пензионерите кои ќе станат дел од пакетот. Оваа понуда е достапна за сите нови клиенти кои ќе ја
префрлат својата пензија во Халкбанк, како и за веќе постоечките клиенти кои сакаат да
ги искористат овие поволности.

Финансиската сигурност е важна во секој период од животот. Со едноставни решенија и
практични поволности, Пакетот за Пензионери ви овозможува да се посветите на она што навистина ви значи – безгрижни моменти со најблиските, спокојни утра и сигурност во секојдневните финансиски одлуки.

ПР објава

Банки

НЛБ ќе купи дополнителни 29,38% од Дежелна банка Словенија и ќе го зголеми уделот на 55%

Објавено

на

Словенечката банкарска групација Нова Љубљанска Банка (НЛБ) соопшти дека склучила договор за купопродажба на акции со локалниот финансиски холдинг KD Group, со кој ќе стекне дополнителни 29,38% од дематеријализираните акции на Дежелна банка Словенија (DBS).

Со реализацијата на трансакцијата, уделот на НЛБ во DBS ќе се зголеми на околу 55%, со што НЛБ ќе стане мнозински сопственик на банката.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со Е-Касичка: Штедење при секое плаќање со дебитна картичка

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ја промовира услугата „Е-Касичка“, преку која корисниците можат да издвојуваат средства за штедење при секоја трансакција направена со дебитна картичка.

Услугата овозможува дел од средствата при секое плаќање автоматски да се префрлаат на посебна штедна сметка, со што секојдневните трансакции може да се претворат во едноставен начин за постепено создавање заштеда.

Корисниците сами избираат на кој начин ќе штедат. Една од можностите е износот на секоја трансакција да се заокружува, при што разликата се префрла на штедната сметка. Втората опција е при секое плаќање да се издвојува однапред определен фиксен износ.

Од Халкбанк порачуваат дека на овој начин клиентите можат да создаваат навика за штедење без дополнителни активности, користејќи ја својата дебитна картичка за вообичаените секојдневни плаќања.

Повеќе информации за услугата „Е-Касичка“ се достапни на официјалната интернет-страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка со награди до 130.000 денари за млади истражувачи

Објавено

на

Народната банка ги повикува младите истражувачи да учествуваат на Конкурсот за годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи.

Целта на наградата е да се поттикнат научноистражувачката работа и развојот на економската мисла, но и да се даде поголема афирмација на младите стручни кадри во земјава.

Право на учество имаат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години. Пријавениот истражувачки труд треба да содржи осврт на македонската економија.

Трудовите може да бидат подготвени на македонски, албански или англиски јазик. Дозволено е учество и со веќе објавен труд, под услов тој да е објавен по 1 јануари 2025 година.

За најуспешните истражувачи се предвидени и парични награди. Авторот на прворангираниот труд ќе добие 130.000 денари, додека за второрангираниот труд е предвидена награда од 65.000 денари.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2027 година.

Деталите за условите за учество, начинот на пријавување, критериумите за оценување и целокупната постапка се наведени во Конкурсот за доделување на годишната награда на Народната банка за 2027 година.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange