Connect with us

Банки

TTK Банка АД Скопје ја исплати петтата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје на 14.02.2025 година ја исплати петтата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија со ISIN MKTTKS200020 и шифра TTKO2.

Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – втора емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.2.2025 година. 

Во февруари 2020 година ТТК Банка АД Скопје ја издаде втората емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра и фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво.

Банки

АЛТА банка Белград повторно го зголеми уделот во АЛТА банка Битола – сега контролира над 95,18% од акциите

Објавено

на

Акционерот АЛТА банка АД Белград го зголеми својот сопственички удел во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со дополнителни 11 обични акции на банката.

Според известувањето објавено преку Македонската берза, по оваа трансакција АЛТА банка АД Белград поседува вкупно 372.134 обични акции, што претставува 95,1805% од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.

Објавата е направена согласно Правилата за котација на Македонската берза, кои предвидуваат навремено информирање за промени во сопственичката структура на акционери со значителен удел.

Со најновото зголемување на сопственоста, АЛТА банка АД Белград дополнително ја зацврстува својата позиција како доминантен акционер во АЛТА банка АД Битола.

Продолжи со читање

Банки

Премиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони

Објавено

на

Корисниците на премиум дебитната картичка на Стопанска банка АД – Скопје можат бесплатно да користат повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми низ светот.

Картичката нуди и поврат на средства при купување кај избрани луксузни брендови преку програмата Mastercard Travel Rewards, како и плаќање без провизија во трговската мрежа.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на интернет-страницата на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

Народна банка со совет до граѓаните: Пред патување проверете ги провизиите за подигнување готовина

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија ги советува граѓаните кои планираат да подигнуваат готовина во странство, пред патувањето да ги проверат условите и провизиите на својата банка.

Како што се наведува во соопштението, трошоците за подигнување пари од банкомат на странска банка зависат од договорите меѓу банките, а во одредени случаи услугата може и да не биде достапна.

Од Народната банка посочуваат дека особено внимание треба да се обрне при користење кредитна картичка, бидејќи провизијата за подигнување готовина може да биде повисока.

Граѓаните се повикуваат навреме да ги проверат сите услови и да го изберат најповолниот начин за користење на своите средства во странство, со цел да избегнат непотребни дополнителни трошоци.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange