Connect with us

Банки

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Објавено

на

Денеска, Шпаркасе Банка АД Скопје ја отвори реновираната експозитура Централа, која се наоѓа на адресата ул. Васил Иљоски бр. 14 во Скопје. Реновираната експозитура ќе биде достапна за клиентите секој работен ден, од понеделник до петок, од 8:00 до 16:00 часот.

Реновирањето на експозитурата е во знак на подобрување на корисничкото искуство, обезбедувајќи врвна услуга и удобност за клиентите. Во процесот на реновирање се користени еколошки одржливи материјали, што ја покажува посветеноста на банката кон еколошката одговорност. Понатаму, приоритет е даден на стандардите за безбедност и удобност, со цел да се обезбеди благосостојба за клиентите и вработените.

Шпаркасе Банка АД Скопје во текот на 2024 година посветено работеше на подобрување
на својата инфраструктура за поголема достапност до клиентите, со нови и модерни
експозитури. Банката отвори експозитури на две нови локации, изврши адаптирање на три експозитури во согласност со Групациските стандарди за функционалност и естетика, и се постави фотоволтаична централа на експозитурата Гевгелија со што таа стана енергетски независна.

Во наредните пет години, Шпаркасе Банка планира да инвестира 65 милиони евра во дигитализација и инфраструктура, со што ќе продолжи да ги надминува очекувањата на клиентите и да ги одразува тековните заложби на Групацијата за интегрирање на одржливоста во дизајнот и работењето на експозитурите.

Банки

Стопанска банка и годинава поддржувач на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје и годинава ја продолжува својата поддршка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој од 19 до 25 септември ќе се одржува во Битола.

Фестивалот, кој веќе 47 години ја слави филмската уметност, традиционално ги собира врвните кинематографери од целиот свет, претставувајќи ги нивната визија, креативност и придонес во создавањето на филмската магија.

Под мотото „На страната на филмот“, Стопанска банка и оваа година е пријател и поддржувач на престижната културна манифестација.

Од Банката ги повикуваат љубителите на седмата уметност од 19 до 25 септември во Битола заедно да ја споделат магијата на филмот.

Продолжи со читање

Банки

Светска банка мобилизира рекордни 112 милијарди долари приватен капитал

Објавено

на

Светска банка објави дека во фискалната година завршена во јуни мобилизирала рекордни 112 милијарди долари приватен капитал, што е значително повеќе од 69 милијарди долари една година претходно и повеќе од тројно во споредба со 2022 година.

Заедно со сопствените средства од 123 милијарди долари, Банката во текот на годината одобрила вкупно 235 милијарди долари за развојни проекти.

Околу 40 проценти од средствата биле насочени кон инфраструктурни проекти, додека 26 проценти биле наменети за регулаторни реформи.

Претседателот на Светска банка, Аџај Банга, има цел во следните две до три години учеството на приватниот капитал да се зголеми на повеќе од 200 милијарди долари. Фокусот е ставен на привлекување институционални инвеститори и отстранување на пречките што ги ограничуваат инвестициите во земјите во развој.

Во таа насока, Банката работи на стандардизација на кредитните аранжмани, скратување на времето за одобрување проекти и зајакнување на соработката со финансиските институции.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со промотивни камати до 3,5% за орочени депозити

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивни каматни стапки за орочениот депозит „МОЈ ПЛАН“, со можност за штедење во денари и евра.

Според објавата на Банката, каматната стапка изнесува до 3,5 проценти годишно за депозити во денари и до 2,6 проценти годишно за депозити во евра.

Промотивните каматни стапки се гарантирани за сите депозити орочени на период од 25 месеци.

Понудата важи до крајот на септември, а повеќе информации за условите се достапни на веб-страницата на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange