Кариера
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
Секторот за внатрешна ревизија на НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во сегментот на внатрешна ревизија.
Доколку имаш желба и амбиција да се приклучиш на НЛБ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето на проценка на општата ефикасност на работењето на Банката, следење и почитување на прописите, контрола, надзор и следење на работниот процес, советување на раководсвото и вработените; развивање и имплементација на стручните стандарди и начела за внатрешна ревизија, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:
Ревизор
во Сектор за внатрешна ревизија
Улога во тимот:
- Имплементација на стручни стандарди и начела на внатрешната ревизија, согласно Меѓународните стандарди за професионално практикување на внатрешната ревизија и интерните акти на Секторот за внатрешна ревизија;
- Оцена на клучните ризици во работењето на Банката, со цел дефинирање на годишните и долгорочните планови на ревизорски прегледи;
- Подготовка на ревизорски програми и спроведување на редовни/планирани, вонредни и ненајавени ревизорски прегледи на работењето на Банката;
- Изработување на извештаи за спроведените ревизорски прегледи, во согласност со Прирачникот за внатрешно ревидирање;
- Оцена на усогласеноста на работењето на Банката со законската регулатива, Стандардите на НЛБ Групацијата, процедурите и интерните упатства за работа;
- Оцена на ефикасноста и ефективноста на воспоставените интерни контроли и адекватноста на системите за управување со ризици на ревидираните подрачја;
- Дефинирање на ревизорски препораки со цел подобрување на системите на внатрешна контрола и управувањето со ризици;
- Следење и известување за статусот на реализација на ревизорските препораки;
- Изработување на Годишно мислење за квалитетот на контролниот систем и управувањето со ризици во Банката;
- Изработување на известувања од областа на Внатрешната ревизија за потребите на надлежните органи во Банката, НЛБ Групацијата и регулаторите.
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование од економски науки;
- Минимум 2 години работно искуство во сегментот на ревизија;
- Поседување на лиценца од подрачјата ревизија, ризици или compliance, ќе се смета за предност;
- Спремност за самостојна работа и предлагање на нови методологии и пристапи во работата;
- Способност за тимска работа, концентрација и надминување на проблеми/конфликти;
- Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
- Напредно користење на стандардни ИТ алатки;
- Одлично познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Потврди го твојот интерес со доставување на кратка биографија (CV), најдоцна до 17.11.2024 година на: [email protected] со назнака за Ревизор во Сектор за внатрешна ревизија.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Кариера
Агенција Thrivity: Се бара референт за поддршка на правни лица во Струмица
Агенцијата Thrivity, во име на свој клиент, стабилна компанија која работи како провајдер на финансиски услуги, објави оглас за вработување на позицијата референт за поддршка на правни лица во Струмица.
Станува збор за работна позиција наменета за професионалци кои имаат интерес да работат со бизнис клиенти, финансиски анализи и развој на деловни односи. Работните задачи опфаќаат развивање и одржување односи со постојни и нови корпоративни клиенти, анализа на финансиските потреби на компаниите, како и активно управување со портфолио на правни лица. Во рамките на позицијата се предвидени и средби и презентации со клиенти на терен.
Од компанијата наведуваат дека кандидатите можат да очекуваат флексибилно работно време, можности за професионален развој и обука, како и работа во современа работна средина со силен фокус на дигитална трансформација. Работната култура е насочена кон тимска соработка, доверба и континуиран развој.
За позицијата се бара кандидат со образование од областа на економија, финансии или бизнис, како и силни комуникациски вештини.
Работното место е лоцирано во Струмица, а заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк.
Кариера
Агенција Thrivity: Провајдер на финансиски услуги бара Database Administrator во Скопје
Агенцијата Thrivity објави оглас за вработување на администратор на бази на податоци (Database Administrator) за свој клиент, компанија провајдер на финансиски услуги која активно инвестира во дигитална трансформација и современи технологии.
Работната позиција е лоцирана во Скопје, а избраниот кандидат ќе работи на реални проекти поврзани со модернизација на дигиталните системи и управување со податоци.
Од компанијата истакнуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во професионална и отворена работна средина, со флексибилно работно време и можност за работа од различни локации. Воедно, се нуди континуирана едукација и можности за професионален развој.
Од кандидатите се очекува да имаат високо образование од областа на информатичките технологии или сродна техничка дисциплина, добро познавање на англискиот јазик, како и организираност и аналитичко размислување.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк:
https://tinyurl.com/mhyyjvau
Бизнис
Thrivity бара референт за ликвидност за финансиска компанија во Скопје
Агенцијата „Thrivity“, во име на свој клиент, реномирана компанија провајдер на финансиски услуги, објави оглас за вработување на позицијата референт за ликвидност со работна локација во Скопје.
Од компанијата информираат дека позицијата е наменета за финансиски професионалци со аналитички пристап кои сакаат да работат во динамична финансиска средина и да бидат дел од процесите што ја обезбедуваат стабилноста и ликвидноста на организацијата.
Работните задачи вклучуваат следење и управување со дневната ликвидносна позиција, анализа на паричните текови и ликвидносните показатели, како и тргување со финансиски инструменти на домашниот и меѓународниот пазар. Исто така, избраниот кандидат ќе учествува во подготовка на анализи и извештаи за менаџментот и ALCO, како и во соработка со банки, инвеститори и корпоративни партнери.
Компанијата нуди работна средина со високи етички стандарди, флексибилно работно време со можност за работа од различни локации, поддршка за професионален развој и континуирана едукација, како и можност за вклучување во дигиталната трансформација на финансиските процеси.
За позицијата се бара високо образование од областа на економија, финансии или банкарство, најмалку две до три години релевантно искуство во treasury, ликвидност или финансиски пазари, ACI Dealing лиценца, одлични аналитички способности и напредно познавање на Excel, како и добро познавање на англиски јазик.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 1 месец„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски



