Connect with us

Банки

Комерцијална банка предупредува на измамничка кампања за злоупотреба на финансиски податоци

Објавено

на

Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање СМС пораки за наводна „достава од пошта“ со цел злоупотреба на финансиски податоци. 

Од банката апелираат: “Заштитите вашите платежни картички од можна злоупотреба и да не кликате на линк добиен преку СМС порака за наводна пратка, ниту да споделувате податоци од платежната картичка по телефон. Важно е да знаете дека Банката никогаш нема да побара да испратите лични и финансиски податоци преку социјалните мрежи, преку порака или по телефон.

Доколку се сомневате во можна злоупотреба на вашата картичка, веднаш треба да ја блокирате или да ги намалите лимитите за нејзино користење преку м-БанкаИнтернет банка или со јавување на телефонскиот број (+389 2) 3247-474, кој е достапен 24/7.

Повеќе совети за безбедно користење на картичките дознај на следниот линк: https://kb.mk/soveti-karticki.nspx

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за јули 2026 година.

Корисниците можат да ги подигнат средствата од социјалната и детската заштита на банкоматите на банката во секое време.

Од НЛБ Банка ги потсетуваат клиентите дека средствата можат да ги користат и безготовински, за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди промотивни каматни стапки до 3,5 отсто за орочени депозити

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави промотивна понуда за орочениот депозит „Мој план“, наменета за штедење во денари и во евра.

Според понудата, за депозитите во денари е предвидена каматна стапка до 3,5 отсто годишно, додека за депозитите во евра каматната стапка изнесува до 2,6 отсто годишно.

Промотивните каматни стапки се гарантирани за депозитите орочени на период од 25 месеци.

Повеќе информации за условите на понудата се достапни на веб-страницата на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Банки

Уни банка на 12 август ќе исплати камата за перпетуалните обврзници од четвртата емисија

Објавено

на

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на 12 август 2026 година ќе изврши исплата на полугодишна камата на имателите на перпетуални обврзници од четвртата емисија, со ИСИН MKBLBA200045 и шифра UNIPO4.

Каматата ќе биде исплатена по стапка од шест проценти на годишно ниво.

Право на исплата ќе имаат лицата кои заклучно со 11 август 2026 година ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност.

Од Банката информираат дека тргувањето со обврзниците на 10 и 11 август ќе се врши со пресметана акумулирана камата за 182, односно 183 дена. Купувачите при порамнувањето на 12 и 13 август ќе треба да им ги исплатат на продавачите чистата цена на обврзниците и акумулираната камата.

Купувачите кои ќе бидат регистрирани како иматели на обврзниците на 12 и 13 август нема да имаат право на исплата на оваа полугодишна камата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange