Connect with us

Банки

Писмена изјава за прифаќање на понудата за СББТ може да се потпише во централата на Комерцијална банка и во нејзините филијали

Објавено

на

Акционерите на Стопанска банка а.д. Битола кои имаат намера своите акции да ги продадат на Комерцијална банка АД Скопје, можат да го сторат тоа со потпишување на писмена изјава во просториите на Комерцијална банка односно во централата и во нејзините експозитури ширум земјата, секој работен ден од 08 до 16 часот. Крајниот рок за потпишување на изјавата е до 22.09.2024 година.

“Во врска со понудата за преземање на сите акции од Стопанска банка а.д. Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје, Банката упатува на точка 5.2.1 од проспектот, каде помеѓу останатите детални податоци на процедурата за прифаќање на понудата согласно член 38 од Законот за преземање на акционерските друштва уредено e дека имателите на акции од Стопанска банка АД Битола може да ја потпишат писмената изјава за прифаќање на понудата во просториите на Комерцијална банка, со седиште на ул. Васил Иљоски бр. 3, како и во нејзините филијали низ Републиката.”, се вели во информацијата што Комерцијална банка АД Скопје ја објави на својата веб страна.

Писмената изјава може да се потпише во периодот од 26.08.2024 година до 22.09.2024 година, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Комерцијална банка АД Скопје ги откупува акциите по единечна цена од 3.200 денари за акција за кои е издвоен вкупен износ од 20,3 милиони евра уплатени на сметка во Централниот регистар за хартии од вредност.

Банки

ПроКредит Банка и ЕБОР одржаа настан посветен на генерациската транзиција во бизнисот – стратешки момент за секоја семејна компанија.

Објавено

на

ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) организираа инспиративен настан „Наследување на семејниот бизнис“ во ресторан „Парк“ – Скопје, посветен на генерациската транзиција во семејните компании – тема од суштинско значење за одржливоста и успехот на локалните компании. На настанот присуствуваа сопственици, менаџери и наследници од семејни компании од целата земја кои ја препознаа важноста на навремена подготовка и стратешко водење на промената.

„Генерациската транзиција е клучен процес во развојот и континуитетот на секој семеен бизнис. Затоа е важно да се отвори прашањето за тоа како овие компании можат успешно да ги пренесат вредностите, визијата и трудот што се пренесуваат низ генерации. Со оваа иницијатива сакаме да поттикнеме свесност дека навременото планирање е најзрела форма на визионерско водење и да ја потврдиме нашата посветеност за поддршка на бизнисите во секоја фаза од нивниот развој,“ истакна Магдалена Манева, директор на Експозитура за претпријатија во ПроКредит Банка.

ЕБОР веќе речиси три децении го поддржува приватниот сектор во земјава и препознава дека успешното планирање на наследувањето на семејните бизниси, како и непречениот пренос на управувањето со бизнисот, се едни од клучните предуслови за долгорочна одржливост и раст на приватните компании.

На настанот учесниците имаа можност да слушнат вредни искуства и практични совети од:

• Борис Вукиќ, партнер и сениор соработник на „Adizes“, кој сподели регионални примери и пристапи за успешно наследување и развој на семејниот бизнис.

• Глигор Цветанов, генерален и извршен директор на „Макпрогрес“, кој ја пренесе својата лична приказна, искуство и предизвиците при генерациската транзиција.

Во рамки на серијалот „Наследување на семејниот бизнис“ следуваат и работилници кои ќе овозможат подлабинска разработка на темата и размена на практични искуства. Првата работилница ќе се одржи на 4 и 5 ноември во просториите на Централната управа на ПроКредит Банка, каде 40 учесници ќе имаат ексклузивна можност подетално да се запознаат со клучните аспекти на генерациската транзиција во семејните компании.

Сите заинтересирани за работилницата може да се пријават на следниот линк. По завршување на процесот на селекција, сите кандидати ќе бидат навремено известени за резултатот на нивната апликација.

Со ваквите иницијативи, ПроКредит Банка и ЕБОР ја потврдуваат својата посветеност на поддршка на семејните компании во нивниот развој, трансформација и долгорочна стабилност.

Бизнис настанот и претстојните работилници се финансиски поддржани од специјалниот фонд на ЕБОР – Small Business Impact Fund (SBIF). Донатори се: Италија, Ирска, Јапонија, Јужна Кореја, Луксембург, Норвешка, Шведска, Швајцарија, TaiwanBusiness – EBRD Technical Cooperation Fund, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.

Продолжи со читање

Банки

Тужба против ЕЦБ: Синдикатот обвинува за цензура и заплашување на вработените, репутацијата на институцијата е во опасност!?

Објавено

на

Спорот меѓу вработените и менаџментот на Европската централна банка (ЕЦБ) доби нова димензија откако синдикатот Ипсо поднесе тужба пред Општиот суд на ЕУ, обвинувајќи ја институцијата за „цензура“ и „заплашување“ на своите претставници.

Тужбата се однесува на писма што раководството на ЕЦБ ги испратило до синдикалните претставници по интервју во кое беше изнесена критика за работната култура во Банката. Според Ипсо, писмата имале за цел да ги обесхрабрат јавните коментари и да го ограничат правото на слободно изразување.

ЕЦБ ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека останува посветена на транспарентност, владеење на правото и академска независност. Институцијата потсети дека вработените имаат повеќе канали за пријавување проблеми, вклучувајќи и систем за анонимни пријавувачи.

Случајот ќе се разгледува во Луксембург, а пресудата може да има пошироко влијание врз односите меѓу вработените и управата во европските институции, како и врз угледот на ЕЦБ во чувствителен период за монетарната политика на еврозоната.

Продолжи со читање

Банки

Оваа есен штедете паметно со Промо депозитот на Халкбанк

Објавено

на

Со почетокот на есента, многумина прават пресек на изминатата година и поставуваат нови цели. Октомври е месец кога вреди да се размислува за финансиска стабилност и сигурност, време кога паметните одлуки носат долгорочна корист. Халкбанк, како банка што нуди доверливи и практични решенија, овој октомври го претставува Промо депозитот со нови услови, создаден за сите кои сакаат нивните заштеди да растат сигурно и предвидливо.

Промотивен период со одлични услови

Започна промотивен период со атрактивни каматни стапки за орочени депозити со рок на орочување од 13 месеци. Минималниот износ на вложување изнесува 30.000 денари или 500 евра. Каматната стапка е фиксна и изнесува 3,00% за депозити во денари и 2,00% за депозити во евра. Овој пат понудата за промо депозитот нуди можност за орочувње на депозити во американски долари со фиксна каматна стапка од 2,00%.

Флексибилност по ваша мерка

Клиентите можат да изберат исплата на каматата месечно или на крајот од орочувањето, во зависност од своите финансиски планови. Со тоа, секој штедач добива можност да ја прилагоди добивката на своите потреби.

Без изненадувања, само стабилност

Со Промо депозитот на Халкбанк сè е јасно и предвидливо. Условите се едноставни – средствата се орочуваат и доколку останат непроменети сè до истекот, корисникот ќе ја добие целосната промотивна камата. По завршувањето, депозитот не се обновува автоматски, што ви остава простор самите да одлучите како ќе ги планирате следните чекори.

Како да започнете?

Со посетета на најблиската филијала на Халкбанк многу едноставно може да го отворите Промо депозитот.

Халкбанк е твојот партнер за сигурна иднина

Во време кога неизвесноста е секојдневие, чувството на финансиска стабилност станува вистинска вредност. Халкбанк останува посветена на тоа да им овозможи на своите клиенти едноставни и сигурни решенија кои носат мир на долг рок. Промо депозитот е создаден со таа идеја – да биде практичен избор за сите што сакаат нивните средства да растат предвидливо и без ризик.

Штедењето не е само финансиски потег, туку начин да се создаде рамнотежа и сигурност во животот. Затоа, секоја одлука донесена денес, колку и да изгледа мала, може да биде темел на посигурно утре.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange