Бизнис
Плинот поевтини, цената намалена за околу 5 денари по литар
Од полноќ е намалена цената на течниот нафтен гас, при што литар плин сега се продава по пониска цена за околу 5 денари, односно наместо 59, изнесува 54 денари.
Според информациите од Владата, намалувањето е резултат и на пониските цени во трговијата на големо, каде е забележан пад од 10 денари по килограм, што во малопродажба се пресметува како околу 5 денари по литар.
Ценовниот тренд го следат и другите компании на пазарот, па на бензинските станици цените на плинот веќе се движат меѓу 53 и 54 денари по литар.
Од Владата нагласуваат дека намалувањето не е краткорочен ефект, туку резултат на координирани мерки и анализа на Државниот пазарен инспекторат, по што е постигнат договор со трговците за намалување на бруто маржите.
Целта, како што беше посочено, е да се обезбеди постабилно ниво на цените во наредниот период и да се избегнат нагли осцилации, при што се очекува намалување од над 10 проценти во големопродажба и околу 9 до 10 проценти во малопродажба.
Од институциите велат дека станува збор за мерка со директен ефект врз трошоците на граѓаните, донесена врз основа на детални анализи и во координација со пазарните субјекти.
Бизнис
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
Македонски Телеком предложи исплата на повисока дивиденда за 2025 година, во износ од 28,9 денари по акција, што претставува зголемување во однос на минатогодишните 27,6 денари по акција.
Според предлогот, компанијата планира да распредели вкупно околу 2,5 милијарди денари за дивиденда, информираше друштвото преку објава на берза.
За оваа одлука ќе одлучуваат акционерите на редовното собрание закажано за 27 мај.
Од компанијата наведуваат дека растот на дивидендата е поддржан од подобрените финансиски резултати, при што нето-добивката во 2025 година изнесува 2,5 милијарди денари, што е зголемување од 13 проценти на годишно ниво.
Акциите на Македонски Телеком на Македонска берза во средата се тргувале по просечна цена од 500 денари, покажуваат последните достапни податоци.
Бизнис
Оилко КДА планира дивиденда од 600 денари по акција за 2025 година
Компанијата „Оилко КДА“ од Скопје, која работи во транспорт и дистрибуција на нафтени деривати, планира да исплати бруто дивиденда од 600 денари по акција за 2025 година, што е на исто ниво како и минатата година.
Според предлогот објавен преку Македонската берза, вкупниот износ што ќе се распределува како дивиденда изнесува 141,5 милиони денари за изминатата година.
Акционерите ќе се изјаснат за оваа одлука на закажаното годишно собрание кое треба да се одржи на 27 мај.
Во меѓувреме, компанијата забележала раст на нето-добивката од 14 проценти на годишно ниво, достигнувајќи 231,1 милион денари во 2025 година.
Акциите на „Оилко КДА“ последен пат се тргувале на 12 март на Македонската берза, по просечна цена од 6.000 денари по акција.
Бизнис
Италија отвори истрага против Booking.com поради сомнежи за манипулација со рангирање и провизии
Италијанскиот регулатор за конкуренција покрена истрага против Booking.com поради сомнежи дека начинот на рангирање и промоција на сместувачките капацитети може да ги доведе потрошувачите во заблуда и да генерира повисоки приходи од провизии.
Истрагата ја води AGCM, која се фокусира на т.н. програми „приоритетни партнери“ и „приоритетни партнери плус“. Преку нив, издавачите на сместување добиваат поголема видливост на платформата – повисоки позиции во резултатите од пребарување, визуелно истакнување и ознаки што сугерираат подобар квалитет и поволна вредност.
Сепак, според првичните наоди, постои сомнеж дека критериумите за вклучување во овие програми повеќе зависат од висината на провизијата што ја плаќаат изнајмувачите, отколку од реалниот квалитет на понудата.
Од регулаторот предупредуваат дека ваквата практика може да ги наведе корисниците да заклучат дека одредени сместувања се подобар избор, иако тоа не мора да биде така.
Ризик за потрошувачите
Според AGCM, ваквиот начин на претставување може да доведе до тоа корисниците да резервираат поскап сместувачки објект, уверени дека добиваат најдобра вредност за парите. Со тоа се нарушува транспарентноста на пазарот и се влијае врз финансиските одлуки на потрошувачите.
Во рамки на истрагата, италијанската финансиска полиција извршила претрес во просториите на Booking.com во Италија.
Големо пазарно влијание
Податоците на здружението на потрошувачи Codacons покажуваат дека околу 70 проценти од хотелските резервации во Италија се прават преку онлајн платформи, додека Booking.com учествува со околу 42 проценти од пазарот.
„Корисниците имаат право на целосна транспарентност, бидејќи начинот на прикажување на понудите директно влијае врз нивните финансиски одлуки“, посочуваат од Codacons.
Засилен притисок во Европа
Оваа истрага доаѓа во време кога Booking.com се соочува со зголемен регулаторен притисок низ Европа, вклучително и колективни тужби од хотели и високи парични казни. Меѓу нив е и неодамнешната одлука во Шпанија, каде на компанијата ѝ беше изречена казна од 413 милиони евра.
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Павле Гацов | Готовината и сивата економија „јадат“ 500 милиони евра годишно




