Connect with us

Странски банки

„Yapeal” прва стартап компанија која доби лиценца за финтек банкарство

Објавено

на

Дигиталната банкарска стартап компанија „Yapeal” стана првата компанија која од швајцарските власти доби лиценца за финтек банкарство.

Швајцарија минатата година воведе финтек лиценци, во обид да ги поттикне иновациите во овој сектор, дозволувајќи им на малите компании да влезат на пазарот, иако има ограничувања на 100 милиони швајцарски франци за депозитите и забрана за инвестирање и плаќање камата на средства.

Yapeal” е првата компанија што доби лиценца од Надзорниот одбор за финансиски пазари и го отвори патот за започнување со својата услуга, ветувајќи дека ќе „редефинира начин како луѓето ќе ги ракуваат своите пари“.

Компанијата со седиште во Цирих ќе понуди вообичаени сет алатки за буџетирање и управување со пари, како и Visa дебитна картичка, услуги прилагодени за децата и едноставна фиксна провизија.

Yapeal“, исто така, потенцираше дека тие ќе бидат управувани од заедницата и ги повика своите „Јапстери” да ги комуницираат и да помогнат во воведувањето и развојот на производот.

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Објавено

на

Монетите и банкнотите веќе долго време не се омилено платежно средство во Шведска, а кризата предизвикана од коронавирусот само го засили трендот на безготовинско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Преполовена добивката на хрватските банки

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија бруто добивка од 1,98 милијарди куни во првата половина на оваа година, што е речиси за половина помалку отколку во истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка (ХНБ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно