Домашни банки
„WOOD & Company” со нова инвестициска анализа за НЛБ банка АД Скопје

Во рамките на регионалниот проект на ЕБОР за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании, во кој учествува и Македонска берза, објавена е инвестициска анализа за НЛБ Банка АД Скопје подготвена од страна на консултантската компанија „WOOD & Company”.
НЛБ банка АД Скопје е трета по големина банкарска институција и една од водечките банки во Северна Македонија, која припаѓа на Словенската НЛБ Групација, која има стратешки удел од 87%.
Банката е основана во 1985 година и работи како комерцијална банка, извршувајќи ги сите банкарски услуги за клиенти низ целата земја, од 1993 година. Една од стратешките заложби на банката е финансирање и поддршка на малите и средни претпријатија во земјата.
Анализата е на англиски јазик и може да се преземе бесплатно од специјално креираниот веб портал за овој проект на ЕБОР, на следниот линк.
Анализите од консултантската компанија WOOD & Company, во ракмите на овој регионален проект има за цел да им се излезе во пресрет на инвеститорите, да се привлечат нови потенцијални инвеститори и да се поттикне развој на пазарите на капитал во регионот.
Домашни банки
„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

За уште повесели и повозбудливи празници Комерцијална банка организира наградна игра со главна награда во вредност од 1.000.000 денари! (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот