Connect with us

Останато

Wizz Air карти од 1 долар кои чинат цело богатство

Објавено

на

Последниве два дена бевме сведоци на понуда која никој од нас не би можел да ја одбие. На социјалната мрежа Facebook се појави спонзориран пост дека за лимитирано време може да купите 2 карти од Wizz Air за дестинација која сами ќе ја одберете и тоа за фантастичен 1 долар.

Секако ова беше класична измама, а веб страната беше лажна. Користејќи веб терминологија, овој начин на собирање на податоци од голема група на луѓе, е познато како web site spoofing (измама на веб-страница). Ваквите страници го користат истиот дизајн на оргиналните компании и секогаш користат сличен URL (Uniform Resource Locator), односно слично име на оргиналното. Главната поента зошто овие страници се креираат е да се соберат чувствителните податоци корисниците.

Токму ова беше случајот и со Wizz Air. Имено, иако сите знаат дека официјалната веб страна на компанијата е wizzair.com, многу од верните патници на компанијата поверуваа дека веб страната wizzair.com-fly.net е креирана од компанијата и ги оставија нивните податоци.  Покрај очигледната измама со името на веб страницата, дури и нејзиниот дизајн има голема сличност со оригиналниот од компанијата.

Најинтересен е фактот, што измамниците ги продадоа сите карти во рекордно време.

Во текот на денот, а и во наредниот период, банките во Македонија, апелираат до своите корисници, доколку ги оставиле своите податоци и се дел од измамата, да ги контактираат своите банки и нивните платежни картички да бидат блокирани и заменети за нови.

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП РАЗВИ МОДУЛ ЗА АВТОМАТСКИ ПОВРАТ НА ДАНОЦИ

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во придружба на Министерот за финансии, Драган Тевдовски, разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Тевдовски: Значајно подобрена борбата против финансискиот криминал

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Директорот информира дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 3 милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што е нанесена штета на Буџетот на РМ во износ од 293 милиони денари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange