Connect with us

Останато

Wall Street: Dow Jones продолжува да руши рекорди

Објавено

на

На Wall Street во понеделникот цените на акциите благо пораснаа, при што Dow Jones индексот достигна ново рекордно ниво, дванаесетти ден по ред, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави голема вест за вложувањата во инфраструктурата.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,08%, на 20.837 поени, додека S&P 500 порасна за 0,10%, на 2.369 поени, а Nasdaq индексот скокна за 0,28%, на 5.861 индексен поен.

 

Поставувајќи рекорд дванаесетти ден по ред, индексот Dow Jones ја повтори низата од 1987 година, а неговиот вчерашен раст дојде благодарејќи на растот на цените на акциите во енергетскиот сектор за 0,9%, поради растот на цените на нафтата.

 

Оптимизмот на вложувачите го поддржа и американскиот претседател Доналд Трамп кој покрај „големата“ вест за вложувања во инфраструктурата, најави и „историско“ зголемување на потрошувачката во војската за 9%, како и дека неговата влада брзо ќе ги преземе регулаторните реформи.

 

Изјавите на Трамп за намалување на даноците, зголемување на фискалната потрошувачка и ублажувањето на регулацијата во поедини сектори, веќе со месеци го поткрепуваат растот на цените на акциите, но досега не беа претставени конкретни планови.

 

 

 

 

 

Криптовалути

ММФ бара укинување на биткоинот како законско средство за плаќање во Ел Салвадор

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го повика ЕЛ Салвадор да ја поништи одлуката биткоинот да стане легално сретство за плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во среда (26 јануари) започнува исплатата на јануарските пензии

Објавено

на

Владата на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно