Форекс
Wall Street одговори со рекорд на инаугурацијата на Бајден!


Акциите на најпознатата светска берза во Њујорк (Wall Street) се на рекордно ниво поради охрабрувачките извештаи за приходите на акционерите и поради оптимизмот дека новото раководство во Вашингтон ќе значи поголема поддршка за економијата, која е во голема тешкотија поради пандемијата на Ковид-19.
Индексот „S&P500“ беше повисок за 1,4 проценти во попладневното тргување, на 3.851 поен, надминувајќи го рекордното ниво од 3.824,68, поставено на почетокот на овој месец.
Индустрискиот индекс „Daw Jones“ вчера попладне порасна за 220 поени или 0,7 проценти, а индексот „Nasdaq Composite“ беше за 2,1 проценти повисок.
Џозеф Бајден положи заклетва и стана претседател на Соединетите американски држави, подготвен за низа извршни решенија и подготви план за вбризгување на нови 1,9 трилиони долари во економијата, со надеж дека неговата Демократска партија ќе дејствува брзо кога ќе ја преземе контролата над двата дома на американскиот Конгрес.
Под Трамп, индустрискиот индекс „Daw Jones“ даде годишен принос од 11,8 проценти, подобар од кој било претседател на републиканците од 1920-тите, но не толку добар како што беше во времето на Бил Клинтон и Барак Обама, поранешните претседатели на Демократската партија.
Криптовалути
Дигитален долар: Дали Американците ќе добијат нова валута!?


Дигиталниот долар би можел да биде добро решение за Американците кои немаат пристап до банкарски сметки или системи за лесно плаќање, изјави Џенет Јелен, американската министерка за финансии. (more…)
Домашни банки
Инвеститорите “лудуваат” по акциите на Комерцијална банка!


Акциите на Комерцијална банка со месеци наназад се убедливо најатрактивните акции за инвеститорите на Македонска берза. (more…)
Форекс
Македонска берза: Котација и проширување на котацијата на државни обврзници


Македонска берза ја известува јавноста дека согласно Барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација и проширување на котацијата на државни обврзници, почнувајќи од денес (15.02.2021 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 4 weeks
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Анализипред 1 month
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје