Connect with us

Останато

Во последниот квартал од 2020 година имало 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 941.524 лица, од кои вработени биле 789.552, а 151.972 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 55,9, стапката на вработеност 46,8, додека стапката на невработеност изнесува 16,1.

Од вработените 471.739 лица биле од машки пол, а 317.813 од женски. Бројот на невработени мажи изнесувал 93.674, а на невработени жени 58.289. Од невработените дури 32.971 лице се со завршено високо образование.

Инаку, статистичките податоци покажуваат дека во последниот квартал од 2020 година се зголемила невработеноста токму кај категоријата „млади“, која и во минатото имаше најголем број на лица без работа. Стапката на невработеност на лицата од 15 до 24 години во периодот октомври-декември 2020 година се зголемила на 39,2 проценти, споредено со 35,1% што биле забележани во истиот квартал од 2019 година.

Останато

Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК

Објавено

на

Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”

Објавено

на

Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна нето-плата по вработен во февруари изнесува 27.948 денари

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7. (more…)

Продолжи со читање




Популарно