Connect with us

Платежни картички

VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од 24.04.2023 година својата палета на платежни картички ја дополнува со нова кредитна платежна картичка Visa Travel.

Картичката е наменета за сите клиенти со редовен работен однос кои согласно нивната кредитоспособност можат да аплицираат за одреден лимит поврзан со картичката. Особено е наменета за клиенти кои често патуваат или сакаат да патуваат низ Европа со автомобил.

Оваа картичка се карактеризира со:

  • Максимален кредитен лимит до 300.000 денари
  • 3% минимален месечен износ на уплата

Со Visa Travel корисникот добива дополнителни бенефиции како Халк Асистенција на пат (пакет Европа), бесплатно патничко осигурување со покритие од 10 дена за првата година, како и 10% намалување на цените на сите полиси за доброволно осигурување преку Халк Осигурување АД Скопје.

Халк Асистенција е техничка помош на пат за комерцијални возила која може да се искористи во случај на откажување на возилото, сообраќајна незгода/несреќа, невнимателно ракување со возилото како и при надворешни влијанијa.

Со услугата Халк Асистенција на корисникот му следува и пристап до Drive Angel – мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа.

Корисникот на картичката може да ги ужива и поволностите како плаќање на рати без камата и собирање на бонус поени кај одредени трговци  и користење на истите во секојдневните пазарувања на ПОС терминалите на Халкбанк АД Скопје.

За повеќе детали околу кредитната платежна картичка Visa Travel може да се информирате на следниов линк.

Платежни картички

Mastercard кредитни картички од Комерцијална банка без надомест за аплицирање

Објавено

на

Дозволете си повеќе со кредитните картички од Комерцијална банка, кои до 15.06.2023 година може да ги добиете и без надомест за аплицирање и обработка на барање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

Објавено

на

Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – Штеди и кога плаќаш. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Зошто на картичка со двоен кешбек е тешко да се одолее?

Објавено

на

Ако направите мал преглед на кредитните картички на пазарот, ќе дојдете до заклучок дека двојниот кешбек на НЛБ хепи картичката во периодот од 20 април до 20 јули тешко дека некоја од нив ќе може да го победи! Токму во тој временски период, сите корисници на оваа картичка ќе уживаат во бенефитот на двојниот поврат на средства, кој се добива со сите пазарења во Ист гејт мол. (more…)

Продолжи со читање

Популарно