Платежни картички
Visa Gold на Халкбанк – златна можност со златна картичка


Visa Gold е најновата кредитна картичка од портфолиото на Халкбанк АД Скопје која обезбедува поголема куповна моќ за клиентот бидејќи е со максимален кредитен лимит до 600.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на барателот, а истата за клиентот вклучува и полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување. Новиот производ е наменет за физички лица кои се приматели на плата или пензија преку Халкбанк или клиенти кои ќе ја обезбедат картичката со депозит.
Visa Gold нуди револвинг кредитен лимит, кој не е врзан за број на плати, и е со можност за минимално месечно враќање од само 3 % од искористениот лимит кој што може понатаму повторно да се користи. Станува збор за бесконтактна картичка која обезбедува: брз и едноставен начин на вршење трансакции, со само еден допир на картичката на ПОС терминалот, подигање готовина без провизија од банкоматите на Халкбанк АД Скопје, како и можност за рефинансирање на кредитни картички од другите банки.
Истата е без жиранти, без админитративна забрана од плата и трошоци за одобрување и е со, во моментов, најниска каматна стапка за овој вид картички од само 7,5%.
Новата кредитна картичка на Халкбанк вклучува полиса за осигурување во случај на неможност за плаќање при ризик од несакана последица од несреќен случај или ризик од траен инвалидитет, за период еднаков на рокот на отплата на кредитниот лимит и е без трошок за клиентот.
Со Visa Gold на Халкбанк може да се плаќа до 60 рати без камата кај над 800 партнери на Банката, а исто така со трансакции направени на различни типови продажни места објавени од страна на Банката се собираат бонус поени кои понатаму можат да се искористат при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк. И резервациите на booking.com направени со Visa Gold на Халкбанк обезбедуваат поврат од 4% од износот на направената трансакција.
Халкбанк за првите 1.500 корисници на Visa Gold кредитна картичка обезбеди и подарок – 500 бонус поени за направена минимум една трансакција на ПОС терминал.
Сите заинтересирани за Visa Gold можат да аплицираат веднаш преку достава на Апликација во најблиската филијала/експозитура или преку online апликацијата на Халкбанк АД Скопје.
Платежни картички
Mastercard world: За патувања и живот со привилегии


Доколку сте љубител на патувања, често патувате или тоа допрва ќе го правите, не двоумите се која платежна картичка да ја изберете како ваше средство за плаќање во странство. (more…)
Останато
Заштеди на бензин и струја – Храната доаѓа со бесплатна достава низ цело Скопје


Периодов би ги искористиле сите можни трикови за да заштедиме на бензин и струја, па ако тоа значи дека не мора да готвиме и да се возиме низ град во потрага по храна – прашањето би било: „Како одма да го изведам тоа?“ (more…)
Лични финансии
Како најдобро да ги користите платежните картички додека сте на одмор?


Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје