Connect with us

Платежни картички

Visa ја претставува ‘Visa Secure’ – нова програма за непречено плаќање и напреднато онлајн искуство

Објавено

на

Компанијата Visa, светски лидер во дигитални плаќања, ја претстави Visa Secure (порано позната како Verified by Visa), напредната програма за зголемување на безбедноста на онлајн плаќањата. Visa Secure е осмислена на начин што обезбедува поголема заштита од измами, максимално ја олеснува постапката за плаќање и го зголемува процентот на извршени купувања, нудејќи подобро искуство на сите учесници.

„Visa веќе 20 години им помага на онлајн трговците и емитентите да ги идентификуваат потенцијално измамничките трансакции со помош на стандардот 3DS. Е-трговијата е во пораст во Македонија. 1 Купувачите очекуваат да бидат непрекинато поврзани преку своите мобилни уреди, како и трговците да им обезбедат сигурно и непречено искуство при плаќање. Тука на сцената настапува новата програма Visa Secure, која на емитентите и трговците им нуди подобрување на можностите за откривање на измами при е-трговија, а на корисниците на картички, полесна постапка при плаќање“, кажа Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа.

Visa Secure на трговците им нуди напредната заштита од измами, со кое на емитентите доставува и до десет пати повеќе податоци, со цел подобра анализа на ризикот и напредно носење одлуки. На тој начин и трговците и емитентите полесно и поефективно ги откриваат и избегнуваат измамите. Купувачите добиваат и предност на поелегантно и доследно корисничко искуство при подеднакво безбедно плаќање, по пат на многубројни канали, како мобилен телефон, апликации и дигитален новчаник.

Оваа програма, која е достапна ширум регионот на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка (CEMEA), подразбира низа правила и политики кон кои треба да се придржуваат трговците и банките емитенти, со цел да се изврши автентикација на трансакцијата за е-трговија и да се потврди идентитетот на корисникот пред одобрувањето на трансакцијата.

Платежни картички

Промотивна акција за Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка за уживање во празничната магија

Објавено

на

Со Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка дозволете си повеќе за време на волшебната и празнична сезона и исполнете ги своите и желбите на најблиските. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Компанијата Visa носи иновативни искуства за плаќање на Светското првенство во Катар 2022

Објавено

на

Додека светот го чека почетокот на Светското првенство во Катар 2022, компанијата Visa, Официјалниот партнер за технологија на плаќање на ФИФА, подготви мрежа за плаќања што ќе овозможи бесконтактни купувања низ сите официјални места, вклучително и осумте стадиони како и ФИФА Фан Фестивалот. Со повеќе од еден милион фанови кои се очекува да патуваат во Катар на турнирот, Visa инсталираше 5.300 бесконтактни терминали за плаќање на официјалните места на ФИФА, што го прави Светското првенство во Катар турнирот на ФИФА со најмногу исплати досега. Visa ќе проба и нови иновации за плаќање за да им овозможи на фановите лесен пристап до едноставни и безбедни дигитални начини на плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Ново од Комерцијална банка – лимити за онлајн плаќање за уште поголема заштита на вашата картичка

Објавено

на

За максимално задоволство и сигурност при плаќање онлајн со картичка, Комерцијална банка им овозможи на своите клиенти лимити за онлајн трансакции. Со оваа корисна и практична услуга клиентите добиваат уште поголема безбедност и заштита од злоупотреба на нивната картичка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно