Платежни картички
Visa го поддржува зголемувањето на бесконтактните трансакции без ПИН до 2.500 денари

Visa денес најави дека го поддржува зголемувањето на лимитот кај Card Verification Method до 2.500 денари во Македонија, дозволувајќи им на потрошувачите да плаќаат едноставно со опцијата приближи-и-плати (tap- to-pay), со нивната бесконтактна картичка, при плаќање на поголеми износи.
Зголемениот лимит без ПИН е зголемен за 25% од претходниот износ од 2.000 денари, со што на македонските потрошувачи им е овозможена уште поголема погодност за повеќе секојдневни трансакции.
Бесконтактната технологија го обезбедува најбрзиот, најповолниот и најбезбедниот начин на плаќање и за потрошувачите и за трговците, овозможувајќи едноставни приближи-и-плати плаќања. Со повеќе од 40% од трансакциите во Македонија 1 , веќе направени со бесконтактно плаќање, зголемувањето ќе продолжи да го подобрува искуството при купување кај потрошувачите.
„Кога потрошувачите плаќаат бесконтактно со опцијата приближи-и-плати (tap-to-pay), тие го сакаат непреченото, брзо и безбедно искуство, а и знаеме дека луѓето сакаат да го користат бесконтактното плаќање при купување повеќе од било кога”, изјави Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за југоисточна Европа.
„Отсекогаш сме биле посветени на воведување на иновации и овозможување на најдобриот начин на плаќање на нашите потрошувачи и трговци, а со нетрпение очекуваме да го поддржиме растот на технологијата за бесконтактно плаќање со големо ниво на безбедност уште повеќе, со зголемување на лимитот за плаќање во Македонија.“ – додава Ѓорѓевиќ.
Visa ја цени поддршката на владите, како и на опсежната платежна индустрија, за овозможување лимитот да се зголеми. Сега ќе се соработува со трговците на мало и со партнерите за финансиските услуги, за да се спроведат потребните технички промени на продажните места.
Покрај овие погодности, Visa услугата за лесно плаќање овозможува исклучителна заштита и безбедност при употреба на бесконтактни картички. Бесконтактните картички имаат ист EMV сигурносен чип како и контактни картици, а секоја трансакција вклучува единствен еднократен код, што оневозможува информациите да се користат за фалсификување на картички.
Платежни картички
ШПАРКАСЕ БАНКА: ПРВА БАНКА ШТО ЌЕ ИЗДАВА ЦЕЛОСНО РЕЦИКЛИРАЧКИ КАРТИЧКИ

Како дел од зелената транзиција, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост. Производството на картички на разградлив материјал, ќе влијае да се заштедат минимум 300 кг пластика произведена и одложена во животната средина годишно, или еквивалент на 1.800 кг CO2. (more…)
Платежни картички
ИутеКредит ја воведува првата биоразградлива картичка во земјата

Еко свесноста е еден од главните принципи во работењето на ИутеКредит Македонија. Постојаното залагање за развој на финансиски услуги кои ќе остават што помал белег на природните ресурси се пресликува и во користење на производи кои се во синергија со оваа мисија на компанијата. (more…)
Платежни картички
Промотивна акција за Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка за уживање во празничната магија

Со Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка дозволете си повеќе за време на волшебната и празнична сезона и исполнете ги своите и желбите на најблиските. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје