Connect with us

Платежни картички

Visa веќе бележи загуби од коронавирусот, во март забележа намалување за 4% во обемот на трансакции

Објавено

на

Иако во многу држави, светот речиси и да запре и луѓето се во „социјална изолација“ чекајќи да заврши пандемијата на коронавирусот, некои секојдневни навики се променети фундаментално.

Сосема конкретно – иако производителите, трговците и владата охрабруваат да се купува преку Интернет и да се плаќа со платежни картички, по можност бесконтактни – јасно е дека луѓето најголем дел од своите планирани трансакции ги одложуваат за во иднина, откако ќе се надмине кризата.

Компанијата „Visa” која управува со најголемиот платен систем во светот, веќе во првата половина на март соопшти дека обемот на трансакциите паднал за 4%, уште пред да бидат преземени рестриктивни мерки во САД. Ситуацијата дополнително се влоши во втората половина на март.

„Сите држави наредија социјално дистанцирање односно изолација и ограничено движење на јавни места, а сето тоа драстично влијае врз трошењето особено врз патувањата кои се стопирани, рестораните кои воопшто не работат, забава нема, а и продажбата на гориво е сведена на минимум. Со секоја измината недела гледаме се посилни падови”, соопштуваат од „Visa” за „Reuters“.

„Visa” забележа рекордни деловни резултати во 2019 година. Имаше издадено 3,4 милијарди картички ширум светот, со 138,3 милијарди трансакции во своите платежни системи во вредност од 8800 милијарди долари. Компанијата заработи 12 милијарди долари во нето добивка за акционерите.

Пред избувнувањето на светската здравствена криза предизвикана од коронавирусот, „Visa” очекуваше дека бизнисот и деловни резултати дополнително ќе пораснат за неколку процентни поени оваа година, но сега се чини дека тие цели и планови се тешко остварливи. Конкурентите на „Visa” во областа на плаќањето, како што се „Mastercard”, „American Express” и „PayPal”, исто така очекуваат драстично пониски резултати (пониски приходи и помала заработка).

Дополнителна неповолност за „Visa” е одложувањето на Олимпијадата во Токио за следната година. „Visa” е традиционален спонзор на Меѓународниот олимписки комитет, и иако истата е презакажана за следната година, новиот датум значи дека најголемиот дел од ветениот придонес нема да се исплати оваа година, па очекуваните позитивни ефекти врз маркетингот и страната на репутацијата на марката ќе бидат драстично намалени.

Платежни картички

ШПАРКАСЕ БАНКА: ПРВА БАНКА ШТО ЌЕ ИЗДАВА ЦЕЛОСНО РЕЦИКЛИРАЧКИ КАРТИЧКИ 

Објавено

на

Како дел од зелената транзиција, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост. Производството на картички на разградлив материјал, ќе влијае да се заштедат минимум 300 кг пластика произведена и одложена во животната средина годишно, или еквивалент на 1.800 кг CO2. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

ИутеКредит ја воведува првата биоразградлива картичка во земјата

Објавено

на

Еко свесноста е еден од главните принципи во работењето на ИутеКредит Македонија. Постојаното залагање за развој на финансиски услуги кои ќе остават што помал белег на природните ресурси се пресликува и во користење на производи кои се во синергија со оваа мисија на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Промотивна акција за Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка за уживање во празничната магија

Објавено

на

Со Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка дозволете си повеќе за време на волшебната и празнична сезона и исполнете ги своите и желбите на најблиските. (more…)

Продолжи со читање

Популарно