Платежни картички
VISA Бизнис – нова и единствена бесконтактна припејд картичка за правни лица од Силк Роуд Банка

Силк Роуд Банка лансираше нов уникатен производ на пазарот. Станува збор за новата Visa Business бесконтактна припејд картичка за правни лица. Картичката е наменета за сите компании кои имаат трансакциска сметка во банката.
Користењето на картичката на компаниите им овозможува плаќање на режиските, деловните и материјални трошоци, пристап до готовина на банкомат во земјата и странство, зголемување на лојалноста на вработените и многу други поволности.
Новата Visa Business бесконтактна припејд картичка за правни лица е единствена картичка од овој тип на пазарот.
Поволности што ги нуди Visa Business бесконтактната припејд картичка:
- Прифатена кај милиони трговци во многу земји и територии ширум светот
- Опција за надополнување на картичката
- Без годишна членарина
- Меѓународна припејд бесконтактна картичка
- Ја олеснува контролата на распределбата и трошење на средствата
- Се користи секаде каде што е означен знакот на VISA
- Дневен лимит за трансакции, кои компанијата може самостојно да ги одреди
- Целосно располагање со средствата во земјата и во странство
- Брза и лесна процедура за аплицирање
- 24/7 Поддршка на клиенти
Максимална вредност на картичката до 1.440.000 денари.
Употреба на картичката:
- Активирање со првата трансакција на ПОС терминал
- Повлекување на готовина со најповолни провизии
- Дозволено за употреба во земјата и во странство
- Дозволено за плаќање преку интернет со највисоко ниво на заштита преку 3D-безбедносен стандард за безбедно плаќање
- Бесконтактно плаќање на ПОС теринал без внесување на ПИН код до 1.100 МКД
- Промена на ПИН кодот на банкомати на Силк Роуд Банка
Платежни картички
ШПАРКАСЕ БАНКА: ПРВА БАНКА ШТО ЌЕ ИЗДАВА ЦЕЛОСНО РЕЦИКЛИРАЧКИ КАРТИЧКИ

Како дел од зелената транзиција, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост. Производството на картички на разградлив материјал, ќе влијае да се заштедат минимум 300 кг пластика произведена и одложена во животната средина годишно, или еквивалент на 1.800 кг CO2. (more…)
Платежни картички
ИутеКредит ја воведува првата биоразградлива картичка во земјата

Еко свесноста е еден од главните принципи во работењето на ИутеКредит Македонија. Постојаното залагање за развој на финансиски услуги кои ќе остават што помал белег на природните ресурси се пресликува и во користење на производи кои се во синергија со оваа мисија на компанијата. (more…)
Платежни картички
Промотивна акција за Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка за уживање во празничната магија

Со Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка дозволете си повеќе за време на волшебната и празнична сезона и исполнете ги своите и желбите на најблиските. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер