Домашни банки
Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!

Во периодот од 01.01-31.12.2020 година Комерцијална банка од своето работење оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1.912,0 милиони денари наспроти остварената нето добивка за претходната година во износ од 1.806,8 милиони денари, такашто истата е зголемена за 5,8%. Планираната бруто-добивка за 2020 година е остварена со 105,4%.
Одличниот финансиски резултат од претходната година придонесе Собранието на акционери на банката уште на почетокот на годината да донесе Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.911,9 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 60% од номиналната вредност на акцијата, односно по 600 денари бруто на една акција или 540 денари нето износ.
Но, поради големата неизвесност предизвикана од пандемијата на вирусот Ковид-19, Советот на Народната банка на Република Северна Македонија на 26-ти февруари донесе Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.
По стабилизирање на ситуацијата, драстичното намалување на бројот на заболени со коронавирусот, како и се поголемиот број на вакцинирани лица придонесе за раздвижување на економијата и целосно олабавување на рестриктивните мерки.
Една од нив беше и Одлуката на Народната банка за укинување на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.
Веднаш по добивањето на оваа информација, Комерцијална банка АД Скопје ги извести акционерите на Банката дека престанува да важи привременото ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.
Надзорниот одбор на Банката врз основа на член 7 од Одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година бр.02-190-8/1, донесена од Собранието на Комерцијална банка АД Скопје на 29.03.2021 година, на 04.08.2021 година донесе Одлука за утврдување точни датуми на исплата на дивиденда за 2020 година, согласно која е утврден следниот ДИВИДЕНДЕН КАЛЕНДАР за датумите на исплата на дивиденда за 2020 година:
- Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 09.08.2021 година.
- Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 10.08.2021 година.
- Датумот на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2020 година, е 11.08.2021 година.
- Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе започне на 24.08.2021 година.
Во меѓувреме, Комерцијална банка продолжи да бележи одлични резултати и во периодот од 01.01-30.06.2021 година од своето работење Банката оствари позитивен финансиски резултат во износ од 828,3 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 743,3 милиони денари што претставува зголемување за 11,4%.
Одличното работење на Комерцијална банка е добредојдено за акционерите на Банката кои убаво ќе се „офајдат” од дивиденда на крајот на месецов. Банката има вкупно 5.207 акционери запишани во книгата за иматели на акции во ЦДХВ. Вкупниот број на издадени акции е 2.279.067.
Но, се поставува прашањето кој ќе го добие најголемиот колач од дивидендата која е предвидена да започне со исплата на 24.08.2021 година?
Најголем акционер во Комерцијлна банка е Адора Инженеринг. Градежната компанија во сопственост на Ванчо Чифлиганец заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје. Тоа значи дека доколку за една акција Банката ќе исплаќа 540 денари нето, Адора Инженеринг и Ванчо Чифлиганец ќе заработат неверојатни 3 милиони евра.
Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк.
Домашни банки
Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство