Connect with us

Форекс

USC е новата криптовалута која ќе го покори светот!?

Објавено

на

Со појавата на биткоините во 2009 година, започна револуцијата на криптовалутите. Оттогаш па се до денес, создадени се огромен број на криптовалути, а нивниот број секојдневно се зголемува, додека нивната вредност вртоглаво расте од ден на ден.

Според CoinMarketCap во светот постојат повеќе од 800 виртуелни криптовалути, со вкупна пазарна вредност од над 160 милијарди долари.

Она што ги прави различни од конвенционалните пари е тоа што ниту една институција не може да ја контролира мрежата на криптовалутите, што значи дека банката не може да ги контролира вашите пари.

И додека нашите банки се освестат за револуцијата што се случува со криптовалутите, а НБРМ сеуште укажува дека според домашната важечка регулатива вложувањето од правни и физички лица резиденти на Македонија во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто како што не е дозволено ниту отворање сметки и купување хартии од вредност и деривативни финансиски инструменти во странство, странските банки веќе го видоа потенцијалот на криптовалутите и веќе го превземаа првиот чекор.

Шест од најголемите банки во светот се вклучија во проектот за создавање на нова форма на дигитални пари. Тие се надеваат дека ќе стартуваат веќе од следната година, а целта е да се искористи итното плаќање и клиринг на трансакции со хартии од вредност, објави Фајненшал тајмс.

Barclays, Credit Suisse, Canadian Imperial Bank of Commerce, HSBC, MUFG и State Street ќе ги здружат силите за да ја развијат криптовалутата “Utility Settlement coin” (USC, практична парична единица за плаќање). Таа е формирана минатата година од страна на швајцарската банка УБС заедно со Clearmatics Technologies. Досега BNY Mellon, Deutsche Bank и Santander се приклучиле на проектот.

Сега проектот влегува во нова фаза – учесниците се стремат да ги продлабочат дискусиите на USC со централните банки и да работат на дополнителни мерки за заштита на новата криптовалута.

„Ние разговараме со централните банки и регулаторите и ќе продолжиме и во наредните 12 месеци со цел делумно пуштање на валута кон крајот на 2018 година“ – изјавил шефот на стратешки инвестиции и иновации во UBS Хаидер Џефри.

Единствената криптовалута USC ќе се разменува за најразлични традиционални валути во зависност на потребите на учесниците во трансакцијата.

Технологијата Блохен првично ги исплаши банките кои сметаат дека се несигурни. Сепак, по внимателно разгледување, финансиските компании наоѓаат нови начини да користат блокчеин за различни операции.

Откако странските банки веќе се насочуваат кон искористување на можноста што ја нудат криптовалутите, се поставува прашањето дали нашите банки и пред се НБРМ ќе го променат ставот и ќе ја искористат можноста која ја нудат криптовалутите или ќе останат на ставот дека тие се ризични и нелегални!?

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Вредноста на биткоинот ја премина границата од 18.000 американски долари

Објавено

на

Според порталот „CoinMarketCap“, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6:14 часот по средноевропско време, битконот пораснал за 9,78 проценти на 18.223 американски долари, додека најголемата берза за криптовалути „Binans“ ја зголеми вредноста за 9,95 проценти, на 18.328 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Зошто биткоинот повторно безглаво ја зголемува вредноста?

Објавено

на

На почетокот на корона кризата, се чинеше дека биткоинот е најголем губитник. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4,9 илјади долари. По кратка фаза на опоравување, цената долго време беше близу до границата од десет илјади долари, се до пред неколку недели, пренесува „Deutsche Welle“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно