Електронско банкарство
UnionPay и PayPal најавуваат глобално партнерство

UnionPay International (UPI) и PayPal најавија глобално партнерство каде и двете компании ќе работат заедно за да го забрзаат растот на нивните мрежи.
Како дел од договорот, PayPal е должен да го поддржи прифаќањето на UPI на глобално ниво, каде PayPal е прифатен – давајќи им на сопствениците на картички на UnionPay поголем избор при купување. Како возвратна услуга, во иднина, UnionPay International (UPI) ќе истражува можности за поддршка на трговијата и амбициите на потрошувачите на PayPal во Кина.
„Ние во PayPal сме горди на овој значаен договор со UnionPay International и глобалното влијание што ова партнерство го создава за нашите заеднички клиенти, надоврзувајќи се на нашиот статус како прва платформа за странски плаќања, лиценцирана за обработка на интернет плаќања во Кина“, рече Џим Магатс, потпретседател на секторот за меѓународни плаќања на PayPal.
„Партнерството ќе им даде на клиентите на UnionPay поголем избор при прекуграничните купувања, а има потенцијал да придонесе и за целокупниот раст на кинеската е-трговија. Исто така, ќе му даде можност на PayPal да ја истражи можноста за проширување на дигиталниот паричник за физички малопродажни места каде UnionPay е прифатен во Кина или во странство“, додаде Магатс.
UnionPay картичките сега можат да се додадат на дигиталните паричници на PayPal во Австралија, Филипините, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд. Во 2020 година, PayPal и UPI планираат да се прошират на повеќе од 30 пазари, што значи дека откако ќе се додаде картичката на UnionPay во паричникот на PayPal, овие сопственици на картички ќе имаат можност за набавка од кој било од 24-те милиони трговци ширум светот каде PayPal е прифатен преку својот дигитален паричник.
Како дел од договорот, PayPal и UPI исто така, се посветени на заедничка соработка за подобро да им служат на заедничките купувачи и трговци во растот на дигиталните плаќања во Кина и во целиот свет. Ова ќе вклучува можност корисниците на PayPal ширум светот да користат PayPal кај трговците каде UnionPay е прифатен.
Електронско банкарство
Халкбанк АД Скопје воведе нови функционалности за корисниците на електронско и мобилно банкарство за физички и правни лица

Халкбанк АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од 10.05.2023 година воведе нови функционалности за корисниците на електронско и мобилно банкарство за физички и правни лица. (more…)
Електронско банкарство
MY Unibank – ново мобилно банкарство на УНИБанка АД Скопје

Новата апликација My Unibank е нова верзија со модерен изглед, подобрен кориснички интерфејс, лесна навигација, зголемен број на функционалности. (more…)
Домашни банки
Електронски идентитет и електронски потпис – нова услуга за клиентите на УНИБанка во соработка со Evrotrust и Мastercard

На задоволство на клиентите и на свое огромно задоволство, УНИБанка АД Скопје известува дека воведе нова услуга овоможувајќи на клиентите целосно дигитално искуство при вршење на банкарските услуги, преку користење сервисите електронски идентитет и електронски потпис за дигитално потпишување на документи. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје