Странски банки
UniCredit со загуба од 11,8 милијарди евра во 2016


Италијанската банка, UniCredit проценува дека поради отпис на долгови и дополнителни еднократни трошоци минатата година ја финиширала со нето загуба од околу 11,8 милијарди евра.
Во четвртото тромесечје од 2016 година, банката во склоп на чистење на билансот од ризични пласмани, еднократно отпишала вкупно 12,2 милијарди евра, вклучувајќи 8,1 милијарди евра загуба од кредити и 1,7 милијарди евра нето трошоци за реструктуирање.
Од UniCredit соопштија дека поради отписот, стапката на адекватност на капиталот на крајот на 2016 година изнесувала 8%, што значи паднала под регулаторниот минимум од 10%.
Во објавениот документ од банката е наведено дека и Европската централна банка направила анализа со која утврдила неколку слабости како, ниска стапка на адекватност на капиталот, слаба профитабилност, високо ниво на неплатени кредити во Италија, големи трошоци во Германија и Австрија.
UniCredit до 28 февруари мора да и достави план на ЕЦБ за решавање на проблемот со неплатени кредити.
Странски банки
„Fitch” го намали кредитниот рејтинг на „Credit Suisse”


„Credit Suisse” доби намалување на кредитниот рејтинг од реномираната компанија за кредитен рејтинг „Fitch”. (more…)
Странски банки
ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза


Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политиките, по повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)
Странски банки
Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија


Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје