Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

UniCredit и Societe Generale продолжуваат да преговараат за спојување?

Објавено

на

Преговорите помеѓу италијанската „UniCredit“ и Француската „Societe Generale“ за поврзување или спојување продолжуваат. Ова го пишува италијанскиот економски дневен весник „MF“, цитиран од „Ројтерс“.

Според веста, во која не е цитиран извор, најголемата банка во Италија работи со консултантската компанија „Rothschild“ за евентуално спојување со францускиот кредитор.

Сепак, двете банки одбија да коментираат за „Ројтерс“. Италијанското издание го споменува и консултантот со кој работи „UniCredit“ – Даниел Болтон.

Болтон е поранешен претседател на „Societe Generale“, кој ја напуштил банката во 2009-та година, откако ја управувал една деценија, но си заминал по скандалот поради неправедните трговски практики.

Од друга страна, главниот извршен директор на „UniCredit“, Жан-Пјер Мустие е поранешен менаџер во „Societe Generale“ и неговото назначување во италијанската банка во 2016-та година ги разгори шпекулациите за евентуално повторно обединување помеѓу двете институции.

Во јуни „Financial Times“ соопшти дека „UniCredit“ размислува да се спои со француската банка, истакнувајќи дека нестабилната политичка ситуација во Италија дури е одложило зделката.

Запрашан порано во август за потенцијални аквизиции Мустие изјави дека планот на банката до 2019-та година е фокусирана на органскиот раст, но дека потоа може да се разгледа можноста за надворешен раст.

„Европа има потреба од силни пан-европски банки и сметаме дека треба да бидеме таква институција“, рече тој.

Странски банки

Дефинитивно крај за банкнотата од 500 евра!

Објавено

на

Германските и австриските централни банки, банкнотите од 500 евра ќе ги имаат во оптек само уште до овој петок. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка одобри 420 милиони евра за новата четиригодишна рамка за партнерство со земјава

Објавено

на

Бордот на извршни директори на Групацијата Светска банка ја одобри денеска четиригодишната рамка за партнерство која има за цел поддршка за побрз, сеопфатен и одржлив раст во Република Северна Македониjа. Како што најави министерот за финансии претходно со ова на земјава и се ставаат на располагање 420 милиони долари. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

МастерКард се соочува со казна од 14 милијарди фунти!?

Објавено

на

Американската компанија за финансиски услуги, Мастеркард се соочува со еден од најголемите судски процеси во историјата, и доколку го изгуби случајот, тогаш на секој корисник во Велика Британија ќе должи по 300 фунти. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange