Странски банки
UniCredit забележа загуба од високи 2,7 милијарди евра

Италијанскиот банкарски гигант „UniCredit” во текот на вчерашниот ден ја објави својата најголема загуба за повеќе од три години.
Нето загубата изнесува 2,71 милијарди евра, бидејќи резервациите за нефункционални кредити се зголемиле на 1,26 милијарди евра, објави италијанската банка во извештајот.
Околу 900 милиони евра се наменети специјално за решавање и ублажување на негативните ефекти и влијанието од вирусот Ковид-19. Нормалното функционирање и редовното кредитирање на банките беше еластична и отпорнa на влијанијата од вирусот во првиот квартал, а приходите од провизии и проценка на кредитите ,исто така, биле отпорни.
Италијанската економија влезе во најдолга стагнација во Европа неколку месеци откако извршниот директор Жан Пјер Мустиер претстави нова стратегија за подобрување на профитабилноста и зголемување на дивидендата на акционерите. „UniCredit” очекува да го разгледа својот план на почетокот од следната година, а главниот извршен директор изјави дека банката не поставува нови цели за 2020 година, бидејќи неизвесноста останува премногу висока.
„„UniCredit” може да оствари 75% до 80% од своите цели за нето приходи за следната година, доколку економијата на Европската унија се зајакне за 10% колку што очекуваат многу економисти“, рече Мустиер.
Банката во последниот квартал од годинава ќе одлучи дали ќе исплати дивиденда за претходната година или сепак ќе ги задржи средствата и ќе ги пренамени за намалување на негативното влијание од коронавирусот.
Останато
Централната банка на Русија ја зголеми референтната каматна стапка со цел да ја спаси рубљата

Управниот одбор на Централната банка на Русија денеска соопшти дека на вонредна седница ја зголемил референтната каматна стапка од 8,5 отсто на 12 проценти. (more…)
Странски банки
Италија ќе го оданочува екстра профитот на банките!?

Италија објави дека ќе ги подложи на еднократен данок од 40% локалните банки откако беше обелоденето дека собрале милијарди дополнителен профит од зголемувањето на каматните стапки. Италијанската влада, која го одобри изненадувачкиот данок на состанокот на владата во понеделникот вечерта, рече дека планира да ги искористи приходите за поддршка на имателите на хипотеки и за намалување на даноците, во време кога зголемените стапки извршија дополнителен притисок врз домаќинствата. (more…)
Странски банки
ЕБОР е најголем инвеститор во Северна Македонија! Како гледа на македонската економија?

Македонската економија во 2022 година е поддржана од Европската банка за обнова и развој со 250 милиони евра, со што оваа институција практично е најголемиот поединечен инвеститор во земјава, а со тоа и најголем помагач на домашниот економски раст и развој. За пет години, од 2017 до 2022 година, ЕБОР има вложено во Северна Македонија 684 милиони евра за поддршка на 71 проект, а за 20 години, од 1993 година наваму дури 2,49 милијарди евра во 171 проект. (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
ФАНТАСТИЧНО ПОЛУГОДИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – оствари добивка од 32,5 милиони евра за шест месеци во 2023 година
- Банкипред 1 month
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Платежни картичкипред 2 months
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје