Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

UniCredit го продава целиот свој удел во италијанската инвестициска банка „Mediobanc“

Објавено

на

Најголемата банка за кредитни услуги во Италија, UniCredit banca, планира да го продаде целиот свој удел во инвестициската банка „Mediobanc“.

Тоа е потег што ќе го прекине 70-годишното партнерство помеѓу овие банки и има потенцијал да го раздрма корпоративниот банкарски сектор во земјата.

Продажбата на акциите беше објавена доцна во средата. Во четвртокот, UniCredit објави дека значително ги зголемил своите нето приходи во третиот квартал, при што акциите на банката се зголемија за 6,2%, додека пак акциите на „Mediobanc“ паднаа 0,4%.

UniCredit е акционер уште од основањето на „Mediobanc“ во повоената Италија. „Mediobanc“ брзо стана камен-темелник на италијанскиот капитализам, создавајќи мрежа во големи италијански компании.

Излезот на UniCredit од инвестирањето може да влијае негативно на стратегијата на „Mediobanc“. „Mediobanc“ е архитект на многу финансиски и корпоративни договори во последните години.

„Mediobanc“има 13% удел во „Generali Investments“, трета најголема осигурителна компанија во Европа. „Generali Investments“, пак, контролира стотици милијарди долари средства и е важен инвеститор во италијански обврзници и акции, помагајќи му на „Mediobanc“ да ја спроведе својата стратегија во земјата и да биде важен двигател за италијанската економија.

„Mediobanc“ ги искористи приходите од бројни продажби на акции во други компании во последните години за да инвестира во своите корпоративни и инвестициски банкарски единици, како и малопродажните единиците и управувањето со имот и богатство. На пример, банката се здоби со 51% од акциите во лондонскиот менаџер за кредити „Cairn Capital Group Ltd“ од „Royal Bank of Scotland“ и други институционални инвеститори, а го купи и италијанскиот малопродавач „Barclais PLC“.

Одлуката на „UniCredit“ да го продаде својот удел доаѓа на крајот на тригодишниот стратешки план. Планот беше дизајниран да реши голем број проблеми, вклучително и капитална основа што стана премногу тенка и создаде потешкотии во зајакнувањето на деловната активност. Ниските каматни стапки, исто така, ја погодија кредитната активност на UniCredit и нејзините акции, па најголемиот италијански кредитор е и број еден банка во Европа, по лошите нефункционални кредити.

Со новата стратегија, „UniCredit“ собра 13 милијарди евра (14,40 милијарди американски долари) свеж капитал, ги намали трошоците и го намали кредитното портфолио на лоши нефункционални кредити вредно неколку милијарди евра. Банката во декември ќе претстави нов стратегиски план.

Странски банки

Федералните резерви на САД ќе прават дигитален долар?

Објавено

на

Федералните резерви на САД ја разгледуваат можноста за создавање на дигитален долар како нов вид на платежно средство. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ: Ниските каматни стапки ја загрозуваат финансиската стабилност на Еврозоната

Објавено

на

Ризиците по финансиската стабилност во Еврозоната се зголемија делумно поради политиката на ниски каматни стапки на банката, смета потпретседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Луис де Гиндос во полугодишниот билтен објавен во средата. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Банките мора да ги имплементираат технолошките иновации за подобрување на искуствата на клиентите

Објавено

на

Банките мора да ги прифатат деловните модели на компании за технологија, за да ја задржат својата позиција на пазарот, порачаа водечките извршни директори во финансискиот сектор на конференцијата „East Tech West“, чиј домаќин е CNBC во кинескиот град Гвангжу. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange