Домашни банки
ТТК Банка ќе врши предвремена исплата на септемвриските пензии започнувајќи од 28-ми


ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од 28-ми септември 2020 година ќе врши исплата на пензијата за месец септември на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје и тоа на следниот начин:
- од 28.9.2020 година (понеделник) на корисниците на Visa дебитните картички кои ќе можат да располагаат со средствата, безготовински – преку мрежата на банкомати или за плаќања во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, заради заштита на нивното здравје и превенција од ширењето на коронавирусот, исплатата ќе се реализира во сите отворени филијали и експозитури во 4 групи според висината на пензијата и тоа:
- до 11.000 денари на 28.9.2020 г. (понеделник)
- од 11.001 до 14.000 денари на 29.9.2020 г. (вторник)
- од 14.001 до 18.000 денари на 30.9.2020 г. (среда)
- над 18.000 денари на 1.10.2020 г. (четврток)
Од банката апелираат средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилно банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.
Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, од ТТК Банка АД Скопје потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.
Пензионерите коишто не поседуваат дебитна картичка можат да ја искористат посетата за да поднесат барање за изработка на дебитна картичка поврзана со нивната сметка. На тој начин, нивните средства ќе им бидат достапни во секое време за плаќање во трговската мрежа, како и можноста за подигнување на средствата од банкомат.
Домашни банки
Комерцијална банка наградена од ЕБОР за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“


Европската банка за обнова и развој ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“. Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР по 18-ти пат и во континуитет со години како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава. (more…)
Домашни банки
Злато и сребро на Банкарските спортски игри за вработени во Комерцијална банка


Силна мотивација, тимски дух и желба за победа – доволно за да остварат претставниците на Комерцијална банка низа успешни резултати на годинашните Банкарски спортски игри. Вработени во Комерцијална банка собраа златни и сребрени медали и покажаа и докажаа дека спортските вештини, засилени со цврста соработка и посветеност, се формула за успех. (more…)
Домашни банки
НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година


Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје