Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Електронско банкарство

TOPSI Pay – 24 часа Банка во Вашиот телефон!

Објавено

на

Иновативните решенија од Стопанска банка постојано го олеснуваат вашето секојдневие.

Од вашиот „паметен телефон“ само со m-banking мобилната апликација од Стопанска банка АД Скопје можете да реализирате базични банкарски трансакции (плаќање на сметки, данок и сличен пренос на средства) и да имате постојан увид во сите ваши сметки, изводи, листа на трансакции и да управувате полесно со вашите финансии.

Секое плаќање се авторизира лесно преку OTP токенот кој бесплатно го добивате со регистрација за користење на i-bank услугите со едно доаѓање во која било филијала на Банката.

ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ И ФУНКЦИОНАЛНОСТИ НА TOPSI Pay СЕРВИСОТ

  • Пријатели

Опцијата „Пријатели“ овозможува приказ на контактите од телефонскиот именик или пријатели на Facebook кои се клиенти на Стопанска банка и се регистрирани за користење на TOPSI Pay услугата. Со избор на пријател, може да се испрати барање за плаќање, да се плати на контактот или увид во историјата на трансфери помеѓу вас и одбраниот контакт.

  • Подели сметка

Опцијата „Подели сметка“ овозможува одреден трошок, на пример, платената сметка за вечера или кино да ја поделиш со пријателите. Сервисот ќе го подели вкупниот износ на сметката по што брзо и едноставно ќе може да се испрати барање за плаќања до повеќе пријатели или може да се внесе износ кај секој пријател одделно за добивање на вкупниот износ што треба да се подели.

  • Барања

Опцијата „Барања“ овозможува преглед на сите барања за плаќања кои сте ги пратиле или примиле од вашите TOPSI Pay пријатели. Тековните барања кои се уште не се платени се маркирани со бела боја, додека пак сивата боја ги означува веќе извршените барања. Со избор на секое од барањата се добива детален приказ на испраќачот и примачот на барањето, износот кој треба да се префрли, датумот, како и причината за барањето.

  • Историја

„Историја“ овозможува преглед на сите успешни плаќања реализирани кон твоите пријатели, како и на сите примени плаќања кон тебе од твоите пријатели, преку TOPSI Pay сервисот. Со клик на секоја од трансакциите прикажани во „Историја“ добиваш детален преглед на сите информации за плаќањето.

За полесно да ја инсталирате апликацијата и да започнете да ја користите, погледнете го следното видео.

Електронско банкарство

Grouper наскоро започнува со работа на пазарот во Косово

Објавено

на

Кога зборуваме за успешни македонски старт-ап приказни во топ 3 секогаш го вбројуваме Grouper.mk, кој прерасна во препознатлив и влијателен бренд на мекедонскиот пазар и водечка компанија за е-трговија  која ја промени оваа индустрија во земјава. Преку понудата на атрактивни попусти Grouper успеа да привлече илјадици граѓани да ја направат својата прва онлајн трансакција и со тоа да се позиционира како game-changer на македонскиот пазар.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со новитети во мобилното и електронското банкарство

Објавено

на

НЛБ Банка воведе нова верзија со нови функционалности на НЛБ мКлик мобилното банкарство, како и нова платформа на НЛБ Клик електронското банкарство за физички лица, со што ја продолжува репутацијата на Банка предвесник во дигитализацијата на банкарството во нашата земја. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Асоцијација за е-трговија на Македонија го одржа второто годишно собрание

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчера го одржа своето второ годишно Собрание во конференциската сала во Воденица Мулино. Во последнава година асоцијацијата успеа да ја крене свеста за значењето и потенцијалност  на е-трговијата за стимулирање на прогрес и економски раст на земјава. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange